Претседателот Иванов се сретна со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Заоралек

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска го прими министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што беше изразено задоволство од успешниот и позитивен развоен тренд во соработката, како и од континуираниот политички дијалог на сите нивоа. Претседателот Иванов и министерот Заоралек разменија мислења за соработката меѓу двете земји во поглед на напорите за интеграција на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, како и во однос на актуелната мигрантска и бегалска криза. Во…

повеќе...

Потпретседателот на СДСМ, Кирацовски утре во посета на Дебрца

Потпретседателот на СДСМ и актуелен заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, д-р Гоце Чакаровски, утре ќе оствари средби со жителите од населените места Лешани, Белчишта и Мешеишта, општина Дебрца. На средбите се очекува да се разговара за проблемите на жителите, за решенијата на СДСМ, но и за актуелната политичка ситуација во земјата.

повеќе...

Средби на Попоски на состанокот на Советот за надворешни работи

Денеска во Брисел, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коцијас. За време на средбата се разговараше за надминување на долгогодишната блокада и почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, отстранување на препреките на тој пат, вклучително и позитивните ефекти што тоа би ги имало врз напорите за надминување на наметнатиот спор за името. На средбата со МНР на Словенија, Карл Ерјавец беше разговарано за предизвиците за справувањето со мигрантската криза, како и за поддршката…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на прием кај израелскиот премиер Нетанјаху

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, во рамки на Интернационалната конференција на главни градови што се одржува во Израел, имаше прием во кабинетот на Премиерот Бенјамин Нетанјаху, а оствари средба и работна вечера со градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат. Меѓу другото беше остварена и работна средба со менаџментот на врвниот институт за срце кој е дел од најголемата болница во Ерусалим – Хадеса еин Карем. Во рамките на интернационалната конференцијата на градоначалници во Израел, градоначалникот Никола Бакрачески беше во посета и работен ручек на израелското министерство за надворешни работи каде…

повеќе...

Азески: Државата да обрне поголемо внимание на успешните македонски компании

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески со своите соработници, денес беше во посета на компаниите „Макстил“, „ГЕИНГ Krebs und Kiеfer“ и „Електроелемент“. На средбите со домаќините се разговараше за актуелните состојби во овие компании, нивните годинешни достигнувања и развој, проблемите со кои се судираат и за можни решенија кои би придонеле за подобри резултати на македонската економија. Во „Макстил“ разговори беа водени со Минчо Јорданов, претседател на Управниот одбор на „Макстил“, со Иван Бановски, генерален менаџер и Димитар Цветковски, финансиски директор на компанијата. „Досегашните резултати се помали и од…

повеќе...

Во петок 27-мо издание на „Охридските староградски средби“

На 25- ти септември (петок) по 27- ми пат ќе се одржат „Охридските староградски средби“, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Фестивалот има за цел да ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции. Фестивалот ќе започне со почеток во 19:00 часот со дефиле на ансамблите низ старата чаршија и настап на две локации: Градски плоштад и Стар чинар, а свечено ќе биде отворен во 20:00 часот.  Поздравен говор ќе одржат претставник од Општина Охрид и директорката на НУ Центар…

повеќе...

Претседателот Иванов од утре во официјална посета на Црна Гора

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата,Маја Иванова, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора. Претседателот Иванов, во Цетиње ќе оствари билатерална средба со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, а во Милочер со претседателот на Собранието на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и со претседателот на Владата на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Во рамки на официјалната посета на Црна Гора, претседателот Иванов, во среда, 16 септември, ќе учествува на Бизнис форум за презентација на инвестициските можности во Република Македонија и јакнење на економската…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска оствари работна средба со шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, во рамки на Амбасадорскиот совет што се одржува во Министерството за надворешни работи. На средбата беа разменети мислења за работата и активноста на македонската дипломатија, приоритетите поврзани со интеграцијата на земјата во Европската унија и НАТО, добрососедските односи, регионалната соработка, ангажманот на мултилатерален план, економската и јавната дипломатија. „Наша заедничка задача е да продолжиме со несмалено темпо да работиме на евро-атлантската агенда на Република Македонија”, рече претседателот Иванов. Во…

повеќе...

Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, Босна и Херцеговина и Република Литванија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска во Вила Билјана во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, Босна и Херцеговина и Република Литванија. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Албанија, Н.Е. г. Фатос Река, двајцата соговорници го потврдија интересот за натамошно развивање на добрососедството, билатералната соработка и остварување на заедничката стратешка определба – членството во ЕУ. „Очекуваме безрезервна поддршка од Република Албанија во однос на интеграцијата на Република Македонија во НАТО, а во поглед на интеграцијата во ЕУ очекуваме заемна поддршка и тесна…

повеќе...

Министерот Чавков оствари билатерални состаноци во рамки на Неформалниот состанок во Луксембург

Во рамки на Неформалниот состанок на министрите за правда и внатрешни работи на Европската Унија кој се одржува во Луксембург, министерот за внатрешни работи М-р Митко Чавков учествуваше на работните сесии посветени на борбата против тероризмот, со посебен осврт на комјутерските напади како еден од облиците на тероризам, како и на работната сесија посветена на остварување на правата на барателите на азил од Блискиот Исток кои бегајќи од своите држави во кои се водат војни или други насилни судири пристинуваат во Европската Унија. Истовремено, министерот Чавков оствари значајни билатерални состаноци…

повеќе...