Утре прекин во сообраќајот на кружниот тек кај Охридска банка

Во тек се финални подготовки на подлогата за асфалтирање, нивелирање и збивање на тампонскиот слој како и поставување на сливници во последните две фази од градба на кружниот тек на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“. Според планираната динамика на изведувачот, поставувањето на првиот слој на асфалт за порамнување ќе отпочне утре во периодот помеѓу 11 и 15 часот поради што делови од улиците „Македонски Просветители“ и „7-ми Ноември“ ќе бидат затворени за сообраќај. Во зависност од временските услови односно максималните дневни температури, се очекува поставувањето на завршниот…

повеќе...

Замаглено огледало на улицата „Св.Кирил и Методиј“

Пред да се искачите или пак на слегување од „Горна Порта“ тука е незгоднот свијок на улицата „Св.Кирил и Методиј“ каде што е потребно исклучително внимавање при разминувањето на возилата. Токму за таа цел е поставено и сообраќајното огледало, но по се изгледа дека тоа не е од корист во овие ладни утра. Имено, поради временските услови, ниската температура и влажноста на воздухот, ова огледало секое утро е замаглено. WebOhrid

повеќе...

Кружната крстосница кај Охридска банка затворена за сообраќај

Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид ги информираат граѓаните дека поради поставување на завршниот слој на асфалт на новата кружна крстосница на булевар „Туристичка“ со ул. „Македонски Просветители“ од денес до недела во периодот од 8 до 18 часот оваа крстосница ќе биде затворена за сообраќај на следните локации: Булевар, „Туристичка“ на пресек со ул.„Абас Емин“ и ул. „Даме Груев“ како и на пресекот на улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ со бул.„Туристичка“. Од општина Охрид ги молат граѓаните во овој период да ги користат…

повеќе...

Се асфалтира крак од улицата „Сирма Војвода“

Започнаа активностите за асфалтирање на крак од улицата „Сирма Војвода“ во должина од 250 метри.Веќе е пристапено кон чистење на потегот ,по што ќе следи тампонирање и асфалтирање на улицата. Со асфалтирањето на кракот од ул.„Сирма Војвода“ се решава еден сериозен проблем на граѓаните коишто живеат во таканаречениот Болнички комплекс а кои децении наназад во лето и зима минуваа низ прашлив или каллив пат за да стигнат до своите домови. Во текот на измината календарска година на овој потег од градот РЕ Водовод Охрид работеше на поставување на нова водоводна…

повеќе...

Пуштена во употреба реконструираната улица „Ристо Чадо“ во Охрид

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираната улица „Ристо Чадо“ со изградена фекална канализација и тротоари во охридската населба Видобишта. „Реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“ беше едно од најчестите барања на жителите од овој регион. Барањето беше сосема на место со оглед на тоа како изгледаше улицата претходно и немањето на сливници и атмосферска канализација. Како резултат на тоа луѓето возеа по дупки и нерамнини, при поголеми дождови се собираше вода по дворовите, се правеа големи вирови на улицата, а пешаците немаа каде да се движат…

повеќе...

Пуштена во употреба реконструираната водоводна линија на ул „Сатеска“

МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид денес ја пушти во употреба реконструираната водоводна линија на улицата „Сатеска“. Со реконструкцијата беа поставени нови полиетиленски цевки со профил Ф 63 мм во должина од 80 м. На оваа водоводна линија ќе се врши преприклучување на околните индивидуални објекти.

повеќе...

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Трајче Трајчески“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес, поради настанат дефект на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улица „Трајче Трајчески“ во период од 09:00-12:00 часот. Екипите на МЈП „Проаква“ се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Нови улични светилки во Охрид

Деновиве во Охрид се врши заменување на светилките на уличното осветлување, односно досегашните светилки кои светеа жолто се заменуваат со бели ЛЕД светилки. Со новите улични ЛЕД светилки ќе се подобри јавното осветлување по што се очекува да се зголеми нивото на безбедност како за сите учесници во сообраќајот така и за граѓаните во Охрид. Осовременувањето на уличното осветлување го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, со која што Општина Охрид склучи договор за наредните 15 години. WebOhrid

повеќе...

Се гради тротоар на дел од улицата „Јане Сандански“

Јавното претпријатие „Нискоградба“ – Охрид, извршува градежни активности – изведба на тротоар на дел од улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата кај гимназијата „Св.Климент Охридски“ наспроти учителската зграда во должина од 100 метри. „Овој потег кој до сега беше незаштитен и небезбеден за движење на пешаците претставуваше и проблем на жителите кои живеат на тој дел, бидејќи при врнежи водата често се слева во нивните куќи и дворови. Со оваа градежна активност се подобрува квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат на тој потег, а се зголемува и безбедноста…

повеќе...

Застој на сообраќајот пред ЕВН поради скршен ретровизор

Камион оштети ретровизор од паркирано комбе, денес околу 15:30 часот на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид пред влезот на ЕВН.  Возачите на возилата не можеа меѓусебно да се спогодат, па решија да почекаат полицијата да направи официјален записник. За тоа време возилата кои доаѓаа од улицата „Абаз Емин“ беа спречени да поминат и мораа да се враќаат назад по оваа еднонасочна улица. WebOhrid

повеќе...