Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ го прославија завршувањето на средното образование. Тие до раните утрински часови славеа за успешно завршените средношколски денови. Честито матура!
повеќе...Tag: емуц
ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваше на 5. Меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“ во Тешањ, БиХ
ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваше на 5. Меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“, кој оваа година се одржа во Средната Мешовита Школа во Тешањ, Босна и Херцеговина од 11 до 14 мај. На натпреварот учествуваа околу 50 ученици, ментори и директори на средни стручни училишта од осум држави: Словенија – Велење, Хрватска – Лабин, Србија – Ваљево, Црна Гора – Никшиќ, Македонија – Охрид, Турција – Истанбул, Романија – Констанца и Босна и Херцеговина – Тешањ. Учениците Иван Јузмески, II година во образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, и Дејан Јанески…
повеќе...Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“дел од „Образовното рандеву“
Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ учествуваше на „Образовното рандеву“ (МАССУМ) кое се одржа на 21 и 22 Април во Скопје во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. Учениците го претставија училиштето со свој штанд на кој ги изложија своите најнови достигнувања во младинската организација и на практичната настава. Во категоријата за најдобар штанд учениците го освоија третото место, а во најдобро светло се претставија и во следните категории: • Јавно говорење на македонски јазик • Интервју за работа на македонски јазик • Онлајн кариерно портфолио • Поетска творба •…
повеќе...Наставници од стручно училиште од Истанбул во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“
Наставници од средното стручно училиште од Бајрампаша, Истанбул предводени од директорот Deniz Mutlu Güler беа во тридневна посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Оваа соработка трае неколку години како партнер училишта во рамките на меѓународниот проект „Балкан Јуниор“, кој настана како идеја да се поврзат училишта со слични струки од различни држави на Балканот. Посетата беше искористена да се разменат знаења и искуства за извршување на практични задачи засновани на повеќегодишна работа на наставниците од областа на современите технологии кои се потребни на пазарот на трудот (електротехника, машинство, информатика и автоматика).…
повеќе...Средношколците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се информираа за војничката професија
Денес во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се одржа презентација на тема „Популаризација на воениот позив за служба во Армијата на Република Македонија“. Презентацијата беше организирана од страна на претставници на Министерството за одбрана и припадници на Армијата, потполковник Митко Богданоски, професор во Воената Академија и капетан Жарко Блажески. Целта на оваа презентација беше информирање на средношколците за правата, обврските, животот и работата на војниците, професионалните војници и старешините, како и зголемување на нивниот интерес за најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и…
повеќе...ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ најдобри на државниот натпревар на стручните училишта
И оваа година учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ постигнаа најдобри резултати на државниот натпревар ЛИДЕР 2016 – избор на најдобар ученик по струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија. Натпреварот се одржа на 09 декември во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, а се избраа најдобрите ученици во машинската, електротехничката и сообраќајната струка. За Лидер на сообраќајната струка во Република Македонија е прогласен Дејан Коцев, ученик во IV година во образовниот профил техничар за патен сообраќај, под менторство на наставниците Наташа Гредоска, Весна Нанеска и Ѓоко Милески. Во…
повеќе...Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ја прославија матурската вечер
Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ го прославија завршувањето на средното образование. Свеченоста се одржа во хотелот Десарет, а ги забавуваше охридската група Император Бенд. Девојките облечени во прекрасни тоалети на кои им парираа прекрасните момчиња до раните утрински часови славеа за успешно завршените средношколски денови. Честито матура! А.Андриоски
повеќе...ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ трети на Меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор“
Ученици и наставници ментори од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваа на четвртиот по ред Меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“, кој оваа година во периодот од 12ти до 15ти мај се одржа во Техничката Школа во Ваљево, Република Србија. На натпреварот учествуваа средни стручни училишта од Балканот – Србија, Словенија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Учениците Филип Милошески – III година, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Јован Цветковски – III година, техничар за компјутерско управување под менторство на наставниците Владо Јанкулоски, Борис Стрезоски и Душко Савески го…
повеќе...ОУЕМЦ „Св.Наум Охридски“ најдобри на натпреварот по програмирање CodeCup 2016
На 16ти април во Факултетот за информатички и комуникациски технологии –Битола, беше одржан натпревар по програмирање CodeCup 2016. За успешно завршените проекти Факултетот за ИКТ додели: • Таблети на трите првонаградени тимови и нивните ментори 1. Првонаграден проект BoxBloy Play за тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид (Јулијана Петреска-ментор, ШимеТадиќ, Филип Милошески и Стефан Трајаноски) 2. Второнаграден проект AB-КУПУВАЊЕ за тимот од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица (Славица Милева Ефтимова – ментор, Ивановски Александар и Дедејски Васил) 3. Третонаграден проект Screencast за тимот од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола…
повеќе...Одбележан патрониот празник на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“
ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ синоќа одбележа 49 години од своето постоење. Патрониот празник се одбележа во просториите на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ со културно-уметничка програма изведена од учениците од училиштето. Присутните ги поздрави директорот на училиштето Јане Цаноски, а беа доделени признанија и награди за најуспешните во колективот, како и на учениците кои што учестуваа на различни натпревари од повеќе области. А.Андриоски
повеќе...