Ликовна работилница „Цвеќе на мирот“ за истакнат просветен работник на годината – 2017

Денес во ООУ „Братство единство”, Охрид се одржа Ликовна работилница „Цвеќе на мирот“. Настанот беше посветен за добитникот Истакнат просветен работник на годината – 2017, Проф. Муамер Доко, кој е воедно и директор на училиштето. „Благодарност до моите учители и моите родители што денес јас сум Учителот! Од Сојузот на Просветните работници на Република Македонија по повод на 5 Октомври – Светскиот ден на учителот, после еден период од 34 години од дадениот придонес во просветата како учител и како лидер на едно модел училиште односно мултиетничко школо и во…

повеќе...

Ангелоска: Воведуваме нов модел на отворена и услужна локална самоуправа, општина за сите

Kандидатката за советничка од СДСМ, Живка Ангелоска, денес одржа прес-конференција, на која истакна дека граѓаните имаат право да добиват навремени, евтини и квалитетни услуги. Додаде дека Локалната самоуправа е сервис на граѓаните и таа треба да биде достапна до секој граѓанин, во секое место и во секое време. Затоа како што кажа таа, ќе ја отворат Локалната самоуправа за да може секој граѓанин да ја добие потребната услуга, но на едно место. „Тоа го овозможуваме преку отворање на канцеларии на локалната самоуправа во секоја урбана и месна заедница. Напоредно со ова,…

повеќе...

Положено свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во Велгошти

Во очи на празникот, традиционално и годинава со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти започна одбележувањето на Илинден. Синоќа, пред споменикот се поклонија делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид, политички партии, здруженија на граѓани како и поединци. Меѓу присутните жители од Велгошти, присутен беше и екс-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. На свеченоста, градоначалникот Бакрачески  им го честита овој светол и голем ден за македонската историја.…

повеќе...

Бронзен медал за ученичка од ОУ „Христо Узунов“ на математичка балканијада во Бугарија

Од 24 – 29 јуни 2017 година во Варна, Република Бугарија за најдобрите математичари од 19 држави до 15,5 години (VIII, IX одд.основно и I год. средно) се одржа XXI Јуниорска Балканска математичка олимпијада (ЈБМО). Ученичката Христина Митреска ( IX одд.) од ОУ „Христо Узунов“- Охрид освои бронзен медал во конкуренција од 108 ученици. На натпреварот официјални учесници се 10 балкански држави, а другите држави се како гости натпреварувачи.

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме продолжување на изградбата и завршување на автопатот Охрид – Кичево до крајниот рок

„Во пресрет на преубавата по обичај, летна туристичка сезона, во Охрид, денес се наоѓаме на трасата од автопатот Охрид – Кичево,.. од други причини. Пред неколку години, на радост на граѓаните од овој дел на Р.Македонија започна, проектот кој беше ветен од страна на ВМРО ДПМНЕ и ревносно и во континуитет неколку години имаше постојана и видлива реализација. Автопатската делница од Кичево до Охрид. Капитален проект кој преставува комплетно нов пат во должина од 57 километри и широчина од 26 метри кој исто така преставува дел од Паневропскиот коридор 8.“-…

повеќе...

Литургија за празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4ти јуни (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9.00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. На 5ти јуни (понеделник), со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Духовден“ (втор ден) во катедралниот храм „Св.Софија“ – Охрид, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитото Дебарско-кичевски…

повеќе...

Тепачка во кафе бар во Охрид

На 28.05.2017 година во 04:10 часот во ПС од ОН-Охрид, В.О. (26) пријавил дека околу 01:45 часот, тој заедно со неговите другари Ж.М. и Н.П. сите од Струга дошле во Охрид поточно во кафе бар, додека неговото возило го паркирал во непосредна близина. Во кафе барот му пришол А.А. од Охрид со кого се познавал и побарал да излезе надвор, а во еден момент физички го нападнал и го удрил со тупаница во пределот на стомакот. Во тој момент неговите другари го отргнале, но А.А. физички го нападнал Н.П. удирајќи…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи Годишната средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации

Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, утре во  хотел Метропол, Охрид ќе ја одржат годишната средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации. ИПА2 механизамот е основан од страна на граѓанските организации кои се активни во различни сектори во Македонија со цел зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, Делегацијата на Европската унија и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020…

повеќе...

Партерно се уредува „Светијонската куќа“ во Велгошти

Деновиве ЈП „Градски гробишта“ започна со работни активности за партерно уредување на „Светијонската куќа“ во Велгошти. Површината што се уредува изнесува околу 220 м2, а активностите се очекува да завршат до крајот на неделава.

повеќе...

Опожарено возило во Охрид

СВР Охрид презема мерки за расветлување на сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и пронаоѓање на сторител кој предизвикал опожарување на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблици. Казненото дело е сторено на ден 31 март оваа година околу 01 часот на улицата „Климентов Универзитет“ во Охрид. Од извршениот увид на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште, кровот и задниот лев трепкач. Пожарот е…

повеќе...