Пронајдена и отстранета рибарска мрежа при снимање на сцени од WebOhrid Aquatic

Како што веќе знаете, минатиот викенд WebOhrid започна самостоен проект WebOhrid Aquatic, со кој ве водиме во подводниот свет на Охридското Езеро. Во текот на снимањето на подводните сцени, на потегот помеѓу Десарет и Градиште, пронајдовме и отстранивме рибарска мрежа заплеткана околу карпа, полна со риби во фаза на распаѓање. WebOhrid

повеќе...

WebOhrid Aquatic ве води во подводниот свет на Охридското Езеро

WebOhrid ве води во подводниот свет на Охридското Езеро. Ова лето, со WebOhrid Aquatic, ќе ви доловиме повеќе видеа, кои можете да ги погледнете на нашиот youtube канал: WebOhrid. Бидете дел од оваа летна шема 2017, само на WebOhrid! Следете не! Ваш WebOhrid

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Центар Жупа поради незаконит риболов

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, полициската станица од Дебар поднесе привична пријава против С.И. (31) и И.О. (26), двајцата од селото Долгаш, општина Центар Жупа. Пријавените, казненото дело го сториле на четврти овој месец во 00.50 часот во водите на Дебарското езеро. Тие биле забележани во незаконит риболов од концесионерот на Дебарското езеро а потоа затекнати од полициските службеници. При извршената контрола, кај пријавените пронајдени се и одземени еден чамец марка „Интекс-Еxплорер 400“, една мрежа во должина од 400 метри и четири парчиња уловена…

повеќе...

ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ Охрид: Бараме одговорност за уништувањето на охридската пастрмка

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ – Охрид испрати соопштение до медиумите во кое бара одговорност за уништувањето на охридската пастрмка. „Бараме да се утврди одговорност кај надлежните установи и министерства и нивните раководни лица за уништување на охридска пастрмка и тие да бидат казнети согласно важечките законски и подзаконски регулативи. Повеќе од 22 години со стотици дописи и јавни изјави укажуваме дека охридската пастрмка полека се уништува и може да дојде до нејзино истребување. Наместо да ги разберат нашите укажувања надлежните институции со разни притисоци, уцени и заканувања…

повеќе...

Писмо: Ден на рибари во Охрид без рибари и охридска риба

Како претседател на Здружение на рекреативни риболовци „Св. Апостол Петар“ од Охрид должен сум да реагирам на Одлуката на организаторите на манифестацијата „Ден на рибарите“ со која одлучиле да на овој ден на брегот на Охридско Езеро прават рибна чорба од морска риба. Се прашувам, а и ги прашувам организаторите дали некаде во светот на места кои изобилуваат со рибен фонд и имаат вековна традиција наместо со автохтона риба, а со цел да „заштедат“ од некој си буџет купуваат замрзнат ослич и лосос кој патем можеби е и 20 години…

повеќе...

Охридско Езеро порибено со ендемична пастрмка

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Михаил Цветков денеска во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка. „Согласно Законот за рибарство и аквакултура обврска на државата е порибување на природните езера, од што најголемо внимание посветуваме на Охридското Езеро и зачувување на охридската пастрмка“рече Цветков, истакнувајќи дека за таа намена оваа година се издвоени 10 милиони денари. Одгледувањето на подмладокот го врши Хидробиолошкиот завод, кој согласно договорот обврзан е да изврши порибување на езерото со 2,5 милиони единки охридска пастрмка. „Оваа година според…

повеќе...

Акции за заштита на рибите во ревирот река Црн Дрим 1

Во тек е мрестот на топловодните риби во река Црн Дрим. ЗРСК Пастрмка од Струга како концесионер на рибите во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ во тесна соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид спроведуваат секојдневни акции за заштита на рибите кои се мрестат. Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и сл., затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против истите се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар…

повеќе...

Во тек е пријавување за полагање на испит за рибочувари и за вршење стопански риболов

Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и/или за полагање на испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, дека е потребно да достават барање (пријава) која содржи: – Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање и – доказ за уплатен надомест за полагање на испитот. Средствата за полагање на испитот се уплаќаат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Прашањата за полагање на испит…

повеќе...

Пронајдени и одземени рибарски мрежи кај Калишта

Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри со дваесет и осум парчиња риба Охридска белвица се пронајдени и одземени од водите на Охридското езеро при патрола на полициската станица за граничен надзор. На 19-ти овој месец околу 6 часот наутро, во близина на крајезерската населба Калишта на струшкото крајбрежје, на оддалеченост од околу 300 метри од брегот на езерото пронајдени се четири рибарски мрежи со должина од по 50 метри со димензии на окца 45 x 45 милиметри кои не беа соодветно обележани и немаа соодветен жиг од…

повеќе...

Извршено порибување на риболовниот ревир „Црн Дрим 1“

ЗРСК Пастрмка – Струга изврши порибување на „риболовниот ревир река Црн Дрим 1“, односно на река Црн Дрим од истекот на Охридско Езеро до вливот во акумулација Глобочица, вклучуваќи ги и притоките река Сатеска и Вевчанска река. „Со порибувањето на риболовниот ревир „Црн Дрим 1“, при што беа порибени реката Сатеска, Црн Дрим и Вевчанска река. Порибувањето е извршено со автохтона речна пастрмка со количина од 3 илјади единки со просечна големина од 10 до 30 грама. Ова порибување е редовно од страна на Здружението „Пастрмка“ од Струга согласно риболовната…

повеќе...