Културните луѓе не паркираат пред туѓи домови

Немањето соодветен паркинг простор претставува секојдневен проблем за многу наши сограѓани. Соочени со такви проблеми жителите кои живеат на потегот помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“ се одлучија за поставување на рампа со табла на која пишува: „Културните луѓе не паркираат пред туѓи домови.“ WebOhrid

повеќе...

Шахтите во Пештани – нагазни мини за автомобилите

Пештани „ја испрати“ и оваа летна туристичка сезона. Но, за жал, многумина ќе понесат и непријатни спомени од нивното патешествие низ Пештани, конкретно од неизнивелираните шахти. „Има едно критично место, еден теснец, каде што не се гледа дали доаѓа возило од спротивниот правец. Од едната страна возачите ги одбегнуваат шахтите, додека пак другите ги заобиколуваат паркираните возила. Во таква ситуација е критично и за самите возачи, но и за пешаците кои поминуваат тука.“ – вели загрижен жител од Пештани. Пештанци апелираат до надлежните служби што побрзо да излезат на терен, да извршат увид,…

повеќе...

Поставена нова табла на влезот од Битола во Охрид

Деновиве во Охрид, поточно на влезот од Битола кон Охрид поставена е нова табла со натпис „Welcome to Ohrid“ односно „Добродојдовте во Охрид“. Таблата е лоцирана на кружниот тек кај ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на која е поставен и грбот на Општина Охрид. WebOhrid

повеќе...

Поради дефект прекин во водоснабдувањето на ул.„15ти Корпус“

Од МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“ – Охрид информираат дека денес во раните утрински часови настана дефект на водоводна линија ф 160мм на ул.„15-ти Корпус“, поради што ќе има прекин во водоснабдувањето на истата. Екипите на МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“ – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин во водаснабдувањето на дел од улиците: „Гоце Делчев“, „Бистрица“ и „Сатеска“ во период од 08:30 до 11:00 часот. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Реконструирана улицата „Воденичарска“ со неколкуте краци во Велгошти

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска во охридското село Велгошти ја стави во употреба реконструираната улица „Воденичарска“ со неколкуте краци кои прв пат по неколку децении добија уреден лик. На овие јавни површини се доизгради фекална и атмосферска канализација, а се поставија и бехатон плочки на патот кој години наназад беше земјен. Градоначалникот Бакрачески истакна дека реализацијата на ваквите проекти произлегува од средбите и барањата со мештаните при што Општината секогаш се труди да создаде услови за нивна реализација доколку тие се навистина потребни. „Изминатиов период бевме во директна комуникација…

повеќе...

Асфалтиран крак од улицата „Александар Турунџе“

Со пригодна свеченост, денес градоначалникот Никола Бакрачески, го пушти во употреба новоасфалтираниот крак од улицата „Александар Турунџе“, кој го спојува Велгошти со улицата „15 Корпус“. „Асфалтирањето на улицата „ Александар Турунџиев“ е дел од годишната програма за работа на секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид, а произлезе како проект од директните средби со претставниците од урбаната заедница „ 15ти Корпус“. Овој инфраструктурен зафат е уште еден реализиран дел од проектот на Локалната самоуправа за асфалтирање на тесни улици и пристапни патишта на територијата на Општина Охрид.Изведувач на…

повеќе...

Дел од Коњско доби нов асфалт и нова водоводна линија

Дел од куќите во с.Коњско, Охрид кои во минатото имаа проблем со водоснабдувањето, како и со неасфалтирана улица денес добија нова водоводна линија и нов асфалт. Со поставувањето на новата водоводна линија и асфалтот на оваа улица, ќе се надминат проблемите на жителите кои што живеат на овој дел од с.Коњско. WebOhrid

повеќе...

Асфалтирана улица кај Охридати

Во рамките на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, а по склучениот договор за работа помеѓу општина Охрид и изведувачот АС Сењак од Кичево, надлежните служби на општината деновиве отпочнаа со асфалтирање на повеќе пристапни улици и патишта во поширокото централно градско подрачје. За прв пат асфалтиран е крак од улицата „Партизанска“, непосредно зад хотелските комплекси по крајбрежјето на Охридската ривиера во населбата „Охридати“. Со поставувањето на асфалтот на крак од оваа улица ќе се надминат децениските проблеми на жителите што живеат и гравитираат…

повеќе...

Партерно уредување на улица „Андон Дуков“

Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” Охрид, деновиве започна градежни активности за поставување на гранитни и камени плочи на улица „Андон Дуков“ во населбата Кошишта. Старите камења и гранитни плочи се санираат и се враќаат во првобитна положба. Се работи на партерно уредување на простор во должина од околу 250 метри а активностите се очекува да завршат за 7-10 дена. Претходно на оваа улица МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид вршеше реконструкција на водоводната мрежа.

повеќе...