Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014/2015 година, вкупниот број на ученици-студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и студентските домови изнесува 7 406 што претставува намалување за 1.1% во однос на 2013/2014 година. Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 252 ученици. Со годишните извештаи се опфатени 37 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови. Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат…
повеќе...Tag: ученици
Доделени дипломите на ученици кои успешно ја завршија тригодишната Бреинобреин програма
Вчера, во просториите на Црвен крст Охрид, на мала свечаност во присуство на родителите, на втората генерација на ученици кои успешно ја завршија тригодишната Бреинобреин програмата за развивање на животни вештини во Центарот БОБ-Црвен крст Охрид, од страна на тренерите им беа доделени дипломите за завршено, последното 10-то ниво од оваа програма. Бреинобреин- Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија. Во центарот се имплементира едукативна програма наменета за деца од 4-14 годишна возраст кои преку најразлични техники и вештини…
повеќе...Од утре почнува полагањето државна матура
Од утре до 19-ти јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015. Според информацијата на Државниот испитен центар, матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни е полагањето странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на 19-ти јуни е тестот по хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика. Тестирањето во сите денови почнува во 10 часот. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит. ДИЦ соопшти дека…
повеќе...Од денес започнува летниот распуст
Од денеска започнува летниот распуст за учениците од основните и средните училишта кој ќе трае до 1 – ви септември. Во учебната 2014/2015 година настава следеа 280.000 основци и средношколци, а околу 20.000 деца за првпат седнаа во училишните клупи. Со крајот на учебната година се заокружува и годинешното екстерно тестирање со кое беа опфатени вкупно 183.280 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 17.803 наставници во 680 основни и средни училишта.
повеќе...Првачињата од ОУ „Христо Узунов“ на прошетка со брод
Учениците од прво одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните учителки Лидија Цветковиќ и Наташа Групчева Пупиноска, беа на прошетка по водите на Охридското езеро со бродот „Кристина Ројал“. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците практично да ги применат знаењата од сообраќајот. Среќни и задоволни од нeзаборавното патување, учениците се упатија кон стариот дел на градот, кон нови доживувања. Од ОУ „Христо Узунов“ упатуваат голема благодарност до Капетанијата на град Охрид која им ја…
повеќе...Одржано предавање за едрењето во ОУ „Христо Узунов“
Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа предавање за едрењето – спорт со кој охриѓани се гордеат. Учениците од I до VI одделение се запознаа со вештините на едрењето од инструктори од школата за едрење „Aqua Ice“ од Охрид. Под мотото „Учиме да едриме“ голем број ученици ја имаа можноста да се запознаат со овој спорт.
повеќе...Од утре до 10-ти јуни екстерно тестирање на учениците
Екстерното тестирање за учебната 2014/2015 година ќе се спроведува од утре до 10-ти јуни и со него ќе бидат опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници. Како што информираше Министерството за образование и наука минатата недела, на интернет-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk е објавен базен со вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик по вкупно 7.560 предмети. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. Така, за предмет застапен со еден час неделно генерирани се 100 прашања, за предмет…
повеќе...И ОУ „Христо Узунов” – хорски прваци на Македонија за 2014/2015
По вчерашниот напис за хорските смотри во Кавадарци, за кои информиравме дека прво место добиле учениците од ОУ „Братство -Единство“ Охрид, денес во редакцијата на WebOhrid пристигна известување од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид, при што информираат дека и тие го освоиле односно поделиле првото место. WebOhrid исконтактира со директорот на ОУ „Христо Узунов“, м-р Тони Симоновски и ни го потврди писменото известување, при што ни ја даде и следната изјава : „Под диригентската палка на професорката Вера Булоска нашиот хор го освои првото место во државата. Ова е голем успех за нашето…
повеќе...Завршија деновите на ученичкиот театар
Со доделувањето на пофалници за младите актери и нивните ментори, денеска во Центарот за култура „ Григор Прличев“ завршија деновите на ученичкиот театар, што е дел од проектот „ Популаризација на театарот“ . Општина Охрид, проектот го реализира во соработка со основните училишта, Центарот за култура „ Григор Прличев“ и Охридскиот народен театар. Пофалниците на учесниците и наставниците им ги врачи заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Во текот на манифестацијата „ Денови од ученичкиот театар“ имавме можност да ги проследиме извонредните театарски изведби на учениците од основните училишта, кои заедно со…
повеќе...Средношколците од „Св.Наум Охридски“ на екскурзија во Италија
Учениците од III година во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ реализираа петдневна екскурзија во Италија. Училишната екскурзија имаше за цел запознавање на културните и естетските вредности во Италија, но попатно и во Хрватска и Словенија, во согласност со воспитно-образовната работа на училиштето. Учениците имаа можност да уживаат во убавините на Венеција и Верона, но и да прошетаат низ Националниот парк Плитвице и Плитвичките езера, како и во Постојинска Јама со подземните тунели и прочуената човечка рипка.
повеќе...