Охридските ракометари се дружеа со основците од „Христо Узунов“

Ракометарите на охридскиот клуб, денес, беа во посета на ОУ „Христо Узунов“ каде се дружеа со учениците. Нивното присуство побуди голем интерес кај учениците. Тие, пред учениците ги презентираа ракометните вештини, се фотографираа, разговараа и делеа автограми. Ваквите средби имаат за цел поттикнување на желбата кај најмладите за да се занимаваат со било каков спорт.

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ дел од Саемот за наука и култура во „Јахја Кемал“

Ученици од ОУ „Живко Чинго“, село Велгошти – Охрид, заедно со директорот Ѓоко Чингоски и наставниците од ова училиште денес присуствуваа на Саемот за наука и култура кој се одржа во приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ во Струга. Училиштето „Живко Чинго“ присуствуваше со штанд, каде беа претставени активностите на учениците преку разни експерименти и прикази од областа на математиката, македонски, англиски и германски јазик, географијата, биологијата, физиката, хемијата, информатиката, техничкото, ликовното, граѓанското и  музичкото образование. WebOhrid

повеќе...

Отворен Саемот на наука и култура во „Јахја Кемал“

Во организација на Приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“, Струга, денес беше отворен „Саемот на Наукa и Културa“.  На саемот, освен учениците од „Јахја Кемал“ учествуваа и ученици од основните училишта од Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Битола и Кичево, кои претставија научни и културни проекти. „Денес ќе ги посетите штандовите кои нашите ученици ги имаат организирано за вас, се надевам дека убаво ќе си поминувате.“– рече во својот говор директорот на „Јахја Кемал“, Исмаил Ердил. Бројните посетители на саемот имаа можност да видат интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на…

повеќе...

Ученици и наставници од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ успешно реализираа 14-дневна обука во Истанбул

Втора година по ред ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ успешно реализира проект во рамките на Еразмус+ програмата, а со грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. „Оваа година 35 наши ученици и 4 наставници имаа можност да посетуваат 14-дневна настава и практична обука во партнер училиште во Истанбул, Турција во периодот од 27.03. до 10.04.2016 година. Учесниците во проектот се стекнаа со нови знаења и вештини од областа на електротехниката и машинството. Училиштето располагаше со над 20 добро опремени лаборатории за практична настава, а нашите ученици ги посетија лабораториите…

повеќе...

Основци од „Христо Узунов“ утре во посета на спортски терени, објекти и клубови во Охрид

Во рамките на реализација на програмата на Сојузот на спортови Охрид за популаризација на спортот, утре во периодот од 11:00-13:00 часот, во соработка со ОУ „Христо Узунов“, Охрид ќе се промовираат одредени спортски терени, објекти и клубови. За таа цел ќе биде посетена спортска сала, големиот фудбалски терен и теренот за фудбал со вештачка трева при ЈП „Билјанини Извори“. Потоа ќе бидат посетени Кајак кану клубот„ Стрмец“ и Едриличарскиот клуб „Стрмец“. Учесници се третите одделенија од ОУ„ Христо Узунов“ Охрид со нивните одделенски наставници и професори по физичка култура. Се очекува…

повеќе...

Основци од „Григор Прличев“ во посета на Општина Охрид

Учениците од четврто одделение од ОУ „Григор Прличев“, во рамките на практичната настава по преметот „Општетсво“ , денеска беа во посета на Општина Охрид. По обиколката на неколку сектори и одделенија на локалната администрација, учениците се интересираа за начинот на изборот и работењето на градоначалникот и членовите на Советот на Општина Охрид, како и функционирањето на Локалната самоуправа.

повеќе...

Основци од „Св. Наум Охридски“ во посета на Општина Охрид

Во рамките на практичната настава по предметот „ Општество“ , ученици од четврто одделение од ОУ „ Св. Наум Охридски“ од Пештани и подрачното училиште од село Коњско, денеска беа во посета на Општина Охрид. Учениците посетија дел од службите на Локалната самоуправа и се интересираа за нивното функционирање и за реализирањето на барањата на граѓаните.

повеќе...

Основците од „Христо Узунов“ со низа успеси на Регионалниот натпревар по математика

На 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година, кој денес се одржа на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид, учествуваа и 20 ученици од ОУ „Христо Узунов“ и го постигнаа следниот успех: Прва награда освоија учениците: Христина Митреска VIII одделение со освоени 100 поени, под менторство на наставничката Виолета Китеска, Борче Исакоски V одд. (100 поени), под менторство на наставничката Елена Китески, ученичкот Горазд Блажески V одд (86 поени), под менторство на наставничката Наташа Ѓорѓиеска и Виктор Шишкоски VI одд. (86 поени), под менторство на…

повеќе...

Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“ освои прво место на Регионалниот натпревар по математика

Денес на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, се одржа 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година. Домаќин на натпреварот беше ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. На натпреварот, седмоодделенката Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освои првото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Таа ќе учествува на Државниот натпревар по математика, кој ќе се одржи во месец мај, во Скопје. Ученичката Николина Каралиева VI одделение го освои третото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Седмоодделенката Евгенија Пулеска го освои…

повеќе...

Одржан фестивалот на цивилизации и култури во „Јахја Кемал“

По јубилеен петти пат, во колеџот „Јахја Кемал“ се одржа фестивалот на цивилизации и култури. Оваа година тој се поклопи со први април – Денот на шегата.  Учениците заедно со своите професори ги претставија маските кои ги изработуваа повеќе од еден месец, а можеа да се видат најразлични култури од викинзи, индијанци, римјани, па се до хипици и панкери. WebOhrid

повеќе...