ОУ „Дебрца“ дел од „Училишните игри без граници“

Во организација на извидничкиот езерски одред „Пионер“ денес се реализираа едукативно забавните „Училишни игри без граници“, наменети за учениците од II до IX одделение од ОУ „Дебрца“. Начинот на натпреварување е куп систем каде што секоја екипа се натпреварува со друга врсничка екипа, а понатаму продолжува само најдобро бодуваната екипа. Најдобрите екипи ќе се натпреваруваат со екипи од други училишта и така се додека не се дојде до победниците. „Основна цел на ваквите игри е дружењето и стекнувањето на нови пријателства, стекнување на доверба помеѓу учесниците и јакнењето на тимската…

повеќе...

Одржан натпревар во шах и пинг-понг во рамки на училишната спортска лига

Денес во ОУ „Христо Узунов“ во рамките на училишната спортска лига се одржа натпревар во шах и пинг-понг. Покрај редовните натпревари се официјализира соработката со Здружението за лица со оштетен вид и ученици со посебни потреби кои учат во ОУ „Св.Климент Охридски“ и сите беа вклучени во денешните натпревари. Во наредниот период оваа соработка ќе се продлабочи и ќе се имплементираат и нивните програми во календарот за натпревари во Сојузот за училишен спорт Охрид. Резултати од натпреварите во пинг-понг: Во женска конкуренција: 1. Наталиа Наумоска ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани 2.…

повеќе...

Одигран турнир во шах за основни училишта во рамки од училишните спортски лиги

Денес во рамките на училишните спортски лиги, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во шах за основни училишта. Во спортската сала при ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид учествуваа повеќе ученици во машка и женска конкуренција. Најдобри во машка конкуренција беа учениците: Иван Велкоски од ОУ „Св.Климент Охридски“ прво место, второто место го делеа учениците Константин Лушески од ОУ „Братство Единство“ со Никола и Михаил Николовски од ОУ „Григор Прличев“, третото место го делеа учениците Михаил Рувинов од ОУ „Св.Климент Охридски“ со Антонио Достиноски…

повеќе...

Одиграно третото коло од футсал лигата за основни училишта

Денес во рамките на училишните спортски лиги  за основни и средни училишта, Сојузот за училишен спорт Охрид  под покровителство на Локалната самоуправа Охрид го организира третото коло од футсал лигата за основни училишта. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ учество зедоа учениците од VI и VII одделение во машка  конкуренција, а постигнати беа следните резултати : ОУ „Братство Единство“  2:3  ОУ „Св.Наум Охридски“ ОУ „Св.Климент Охридски“ 0:2  ОУ „Христо Узунов“ ОУ „Григор Прличев“  3:1  ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти  4:1  ОУ „Кочо Рацин“ ТАБЕЛА Ред.број Група…

повеќе...

Основните училишта играа баскет по повод Интернационалниот ден на спортот за развој и мир

Денес во рамките на училишните спортски лиги и во чест на Интернационалниот ден на спортот за развој и мир, Сојузот за училишен спорт под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во баскет во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедно учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција. Најдобри во машка конкуренција беа учениците од ОУ„Христо Узунов“, второ место ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, додека пак учениците од ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Св.Климент Охридски“ го делеа третото место. Во женска конкуренција најдобри беа…

повеќе...

Наставници од ОУ „Григор Прличев” во едукативна посета на ОУ „Песница” – Марибор, Р. Словенија

Во периодот од 14-18 март оваа година, наставници од ОУ „Григор Прличев”- Охрид, предводени од директорката Силвија Мојсовска го посетија ОУ „Песница” во градот Марибор, Р. Словенија. Оваа средба е од меѓународен карактер организирана од ОУ „Песница“ за соработка со училиштата ОУ „Григор Прличев”- Охрид, ОУ „Јован Поповиќ“- Белград и истоименото училиште од Крушевац, Република Србија. Во рамките на оваа едукативна посета, наставниците има можност да ги согледаат сличностите и разликите во воспитно- образовните процеси на двете земји. „Преку директна посета на часовите организирани од тамошниот наставно-стручен кадар, нашите наставници разменуваа…

повеќе...

Намален бројот на ученици во основните и средните училишта

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 119 што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2015/2016 година изнесува 77 625 што претставува намалување за 5.1% во однос на претходната учебна година.

повеќе...

Започна училишната спортска лига

Во организација на Сојузот за училишен спорт од Охрид, со поддршка од Локалната самоуправа, денеска беше отворена годинашната училишна спортска лига. Во рамките на лигата, ќе се одржат натпревари во футсал, одбојка, пинг-понг, шах и атлетика, на кои ќе учествуваат ученици од основните и средните училишта од Охрид. Во името на Локалната самоуправа, на отворањето се обрати заменик градоначалникот на Општина Охрид , Ангел Јанев: „Ние, од Локалната самоуправа во рамките на можностите ја поддржуваме училишната спортска лига, со уверување дека во иднина таа поддршка ќе биде уште поголема. Свесни…

повеќе...

Гердан од награди за учениците од ОУ „Кочо Рацин“- Охрид на регионалниот натпревар по математика и физика

Викендов во организација на приватното средно училиште Јахја Кемал се одржа регионалниот натпревар по математика и физика. На натпреварот ОУ „Кочо Рацин“, Охрид учествуваше со 8 ученици предводени од менторите Силвана Крстеска математика и физика и Елизабета Великоска математика. Беа постигнати следните резултати: Во натпреварувачкиот дел  физика: 1 место Стефан Андрески – освоена награда од 3000 денари место Викторија Димоска – освоена награда од 2500 денари место Петар Коцев – освоена награда од 1000 денари Во натпреварувачкиот дел математика: место Викторија Димоска – освоена награда од 3000 денари Во натпреварувачкиот…

повеќе...

Положено свежо цвеќе по повод 109 години од смртта на Марко Бошњаков

Со полагање на свежо цвеќе пред родната куќа на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков, денес, беше одбележана 109 годишнината од неговата смрт. Пред присутните се обрати претседателот на Комисијата за одбележување на знајачни настани и личности, Дејан Паноски. „Денеска по 109 пат се одбележува годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошњаков, и денеска, уште еднаш ќе треба да се потсетиме на неговата жртва, на неговиот патриотизам, на неговата желба да покаже се она што треба во еден таков историски момент за својата држава, односно за својот народ, рече Паноски, тој додаде…

повеќе...