Доделени повеќе од 100 хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства

Во тек е кампањата на Црвениот крст за Неделата на борба против гладта насочена кон собирање на прехранбени производи и финансиски средства наменети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. Досега се поделени хуманитарни пакети на повеќе од 100 социјално загрозени семејства. Утре во 12:00 часот пред седиштето на Црвен крст Охрид ќе бидат поделени хуманитарни пакети обезбедени од страна на Лајонс клуб Охрид.

повеќе...

СВР Охрид со хуманитарна акција за помош на поплавените семејства во Тетово

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, како општествено одговорни институции ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Тетово. Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства како и со донирање преку мобилните оператори на отворените мобилни броеви 070/075/078/ 143-400.

повеќе...

Утре отворен ден во охридскиот Црвен крст

Во пресрет на 17-ти март, големиот јубилеј, 70 години од основањето на Црвениот крст на РепубликаМакедонија, Црвен крст Охрид организира отворен ден. Отворениотден ќе се одржи, утре (недела), со почеток во 11:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид за сите пријатели, хуманисти, волонтери, подржувачи на идејата на движењето на Црвениот крст. Присутните, преку фотографии, видео материјал и разговор со волонтерите ќе имаат можност да се запознаат со организираното хуманитарно движење во Македонија од самите почетоци до денес, а за најмладите ќе биде прикажан анимиран филм за идејата на Црвениот…

повеќе...

Хуманитарна акција на ОУ „Св.Климент Охридски“

Во текот на неделата во Основното училиште „Св.Климент Охридски“ се спроведуваше хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Источна Македонија. Акцијата се спроведуваше од 9-ти до денес (13-ти) февруари. Сите ученици се вклучија во донирањето (вода, конзервирани продукти, средства за хигиена ид др) при што денеска беа предадени до Црвениот крст – Охрид.

повеќе...

Хуманитарна акција на ОУ „Григор Прличев“ за помош на поплавените подрачја во Македонија

Денес и утре во Основното училиште „Григор Прличев“ се организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Македонија. „Денешниот одзив беше навистина голем, а очекуваме акцијата да продолжи и утре. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и сл. денес беше преземена од општинскиот Црвен крст. Се надеваме дека со нашиот скромен придонес барем малку ќе им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им е неопходна. Ваквите акции ја зголемуваат свеста кај учениците и го поттикнуваат нивниот хуман развој.“ – вели директорката Силвија Мојсовска.

повеќе...

СВР Охрид и граничната полиција РЦ Запад се приклучуваат во акцијата за помош на населението од поплавените подрачја

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија. Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства како и со донирање преку мобилните оператори на отворените мобилни броеви 070/075/077 143-400. Собраната хуманитарна финансиска помош, СВР Охрид како општествено одговорна институција ќе ја достави до…

повеќе...

Црвен крст Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија

Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ, согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење. Црвениот крст на РМ согледувајќи…

повеќе...

Новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства

На пригодна свеченост што денес се одржа во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, во име на градоначалникот Никола Бакрачески, им додели новогодишни пакетчиња на 100 деца од социјално загрозените семејства од Охрид. Во своето обраќање Јанев истакна дека младите се носечките столбови на нашето општество па токму поради тоа општината Охрид се залага и работи на подобрување на условите за живот на сите охриѓани. „Општина Охрид прави сериозни чекори да обезбеди подобра иднина за сите нас. Правиме сериозни чекори за креирање на здрава економска…

повеќе...

Форумот на жени на СДСМ донира топла облека и обувки за социјално загрозените семејства

По повод Новогодишните и Божиќните празници Формот на жени на СДСМ традиционално ја организира хуманитарната акција „Дарувај од срце“. Топла облека и обувки се донираа во Црвениот крст со цел истите да бидат дистрибуирани до социјално загрозените семејства. „И оваа година даруваме со желба за среќа и доброто на секој поединец во општеството, неприкосновеност и почит на човечкото достоинство и интегритет. Голема благодарност до сите наши сограѓани кои зедоа учество во хуманитарната акција докажувајќи дека хуманоста го облагородува човекот, не познава граници, ги зближува луѓето.“-велат од Центарот за комуникации со јавноста ОО…

повеќе...

Признание за ОУ „Христо Узунов“ за посебен хуманитарен придонес и поддршка за активно вклучување на инвалидните лица во општеството

Основното Училиште „Христо Узунов“, синоќа учествуваше на овогодинешната манифестација „Различни, а еднакви“, што се одржа во Домот на АРМ во Скопје. Основци од „Христо Узунов“, настапија со своја точка и добија признание за посебен хуманитарен придонес и поддршка за активно вклучување на инвалидните лица во општеството.

повеќе...