Под покровителство на претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов веќе седум години се одржува интензивен тренинг за млади лидери од Р.Македонија и регионот кој што несебично е поддржан и од целиот бизнис сектор на РМ. Предавач на осмата меѓународна обука за лидери на претседателот Иванов која се одржува во Охрид беше охриѓанецот м-р Фисник Доко, сертифициран мајкрософт тренер и софтвер архитект, кој одржа предавање на тема: „Зголемување на продуктивноста со ИТ вештини“. На годинешната школа ќе присуствуваат вкупно 22 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, ЕУ, САД…
повеќе...Tag: школа
Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона
Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона. Во една одлична фудбалска атмосфера, под раководство на врвните фудбалски тренери од школата на Барселона, позната како BESCOLA, 7 дена, учесници од цела Македонија ќе можат да уживаат, да се дружат и секако да ги усовршат своите фудбалски знаења. Тука се и локалните фудбалски тренери кои што работат заедно со тренерите од школата на Барселона и исто така се на висина на задачата. Се тренира 2 пати на ден, и тоа во групи од по 10-12 деца. Атмосферата во…
повеќе...Започнува Школата за фудбал на ФК Барселона во Охрид
Од денес започнува Школата за фудбал на ФК Барселона во Охрид. Jesus Almansa Monserat , Jonatan Lopez Albiach, Marc Montero Casado, Guillem Costa Pinazo, Albert Batalla Fernandez, Oriol Gutez Lopez, Hector Carmona Pastor, се имињата на тренерите од фудбалската школа од ФК Барселона кои од денес до 27ми август ќе ги пренесат своите фудбалски вештини и знаења на учесниците во фудбалскиот камп кој што се одржува на терените на СРЦ „Билјанини Извори“. На кампот учествуваат деца од 6-16 години кои истите ќе ги учат фудбалските вештини од врвни фудбалски тренери на…
повеќе...Почнува осмата по ред Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Вкупно 40 учесници и 22 предавачи од Македонија, Европската унија, САД и Кина, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, годинава по осми пат ќе се одржи во Охрид, од 21 до 31 август. Целта на школата е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности, преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот. И годинава школата…
повеќе...Школата на Барселона доаѓа во Охрид
Од 21 до 27 август на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе престојува кампот на Школата за фудбал на Фудбалскиот Клуб Барселона. Школата на Барселона е отворена за деца од 6 до 16 години, а тренинзите ќе се одржуваат на новиот терен со вештачка трева и на стадионот на СРЦ „Билјанини Извори“. Котизација за учество на кампот изнесува 19,700 денари, а во овој износ се вклучени: тренинзи со тренери од Школата на ФК БАРСЕЛОНА осигурување од повреди за време на тренинзите хотелско сметување 7 дена со вклучен доручек,…
повеќе...Во тек е конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов за 2017
Во тек е конкурсот за осмата по ред Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 20 август до 1 септември во Охрид. Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство,…
повеќе...Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа предавање на тема „Превенција од пороци“
Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржа предавање на тема „Превенција од пороци“, со учениците од VII одделение во соработка со СВР и Секторот за образование при Општина Охрид. „Учениците се запознаа со пороците кои се присутни , но и ниво препознавање. Предавањето е со вел да заштитат нашите ученици од истите.“ – информираат од ОУ „Христо Узунов“.
повеќе...Утре на градскиот плоштад ќе се одржи хепенинг „Приказна за моето училиште“
По повод завршување на учебната година, ОУ „Св. Климент Охридски “ – Охрид утре, на градскиот плоштад, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи хепенинг под мото „Приказна за моето училиште“. На хепенингот ќе бидат презентирани дел од активностите, условите и можностите на ова училиште пред своите сограѓани. Се покануваат граѓаните на Охрид, со своите најмлади, да поминат пријатни мигови на градскиот плоштад во другарување, низ детската игра и песна со учениците од „Св. Климент“.
повеќе...ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Денот на Европа
Покрај другите основни училишта од Охрид и ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на 9ти мај- Денот на Европа. „Нашето училиште ја претставуваше Унгарија, а вредните ученици покрај материјалите кои ги изработија се претставија со закуска во која можеа да уживаат посетителите. Во прекрасна атмосфера и добра организација, учениците од четвртите одделенија кои беа на штандот со насмевки го споделуваа наученото за оваа држава.“- информираат од училиштето.
повеќе...Меѓугенерациска средба помеѓу учениците од ОУ „Живко Чинго“ и охридските пензионери
На 12.05.2017 година, со почеток во 17:00 часот во спортската сала „Тодор Александров“ во с. Велгошти, ќе се одржи Првата Меѓугенерациска средба помеѓу учениците и пензионерите. Првата меѓугенерациска средба ќе започне во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, со дружење и со одговарање на меѓусебно поставени прашања што се од заеднички интерес и на учениците и на пензионерите. Потоа ќе има пригодно обраќање на директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски и Претседателот на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. После тоа ќе настапат ученици од ОУ „Живко Чинго“…
повеќе...