Денеска учениците и вработените од Основното училиште „Дебрца“ активно се вклучија во проектот „Македонија без отпад“. Во централното училиште и во сите подрачни училишта на Општина Дебрца учениците и вработените ги исчистија и хортикултурно ги уредија школските дворови. Учениците со своите вредни рачиња допринесоа за почиста животна средина. Како дел од акцијата беа одржани и едукативни предавања за чиста и здрава животна средина.
повеќе...Tag: школа
ОУ „Кочо Рацин“ доби донација на нагледни средства по физика
Деновиве основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид оствари успешна соработка со фирмата ЛТХ „Леарница“ од Охрид. Имено од страна на ЛТХ „Леарница“ на чело со Роберт Водушек како главен менаџер на фирмата беше одобрена донација за нагледни средства. Еднократната парична помош беше искористена да се подобри наставата по физика со нови нагледни средства. Училиштето испраќа голема благодарност до нив за разбирањето и соработката. Искрено се надеваат дека соработки од ваков тип, во кои би биле вклучени локални бизнисмени или фирми, со цел осовременување на наставниот процес, ќе се зголемат. Збогатувајќи…
повеќе...Мостот од кај ОУ „Христо Узунов“ ќе се дислоцира на нова локација
Веќе подолго време безбедносниот мост над улицата „Питу Гули“ е затворен. Иако мостот им служеше на децата од ОУ„Христо Узунов“, но и на жителите од Горна Влашка маала за безбедно преминување преку оваа улица, сега ќе мора да се дислоцира. Виновници за тоа се вандалите, кои немилосрдно удрија по него: кршеа, корнеа, руинираа кај ќе стигнат и што ќе стигнат. Токму за тоа, овој мост беше затворен и не е во функција на училиштето, односно учениците, па и останатите граѓани. „Мостот беше во права смисла направен за безбедност на поминување…
повеќе...Одбележани десет години од функционирањето на докторската школа СЕЕФОРМ
Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денес присуствуваше на одбележувањето на десетгодишниот јубилеј на докторската школа СЕЕФОРМ, која успешно образува и профилира кадри кои се иднината на секоја земја, во полето на високото образование, но и во полето на научно-истажувачката дејност. „Во измените на Законот за високо образование од 2008 година, беше воведена практиката титулата доктор на науки да се стекнува само во рамките на докторски студии. Од тука искуството на Меѓународната докторска школа СЕЕФОРМ претставува вредно искуство кое датира и пред воведувањето на законските измени за третит…
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ вклучува гостин – претприемач во наставниот процес
ОУ „Живко Чинго“ Велгошти – Охрид, во согласност со наставниот план и програма по предметот Иновации, професорката Дубравка Сершиќ на часот вклучи гостин претприемач – Марија Филева Стоев, yправител на БВЦ дооел Охрид, фирма која е дел од Групацијата BWC (Budapest – Wien Chemicals), а функционира со 100% македонски капитал и веќе 20 години бележи успешно работење во трговска и производна дејност. Младата и успешна претставничка на претприемачкиот свет, ги запозна учениците со историјата на нејзиниот кариерен развој. Гостинката зборуваше за клучните фактори на успехот како што е образованието, постојаното едуцирање и следење трендови, идејни планови, како…
повеќе...Утре ќе биде промовиран „Прирачник за шах“ од охриѓанецот Борис Лушески
Во Шаховската школа „Ласкер“ од Охрид, ќе биде промовиран „Прирачник за шах“ од авторот Борис Лушески од Охрид во издание на „Летра “ – Охрид. Промоцијата ќе се одржи во среда – 1 октомври во 19 часот во просториите на Шаховската школа „Ласкер“ во ОУ „Братство – Единство“ . За содржината и значењето на прирачникот ќе зборува писателот Тоде Илиески, кој во светот на шахот е познат како шаховски проблемист.
повеќе...Новиот предмет Иновации со воодушевување е прифатен кај учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“
Основното училиште „Св.Климент Охрдски“ – Охрид во наставата вклучи успешни претприемачи од државата и пошироко. Новиот предмет Иновации со воодушевување е прифатен кај учениците во ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид. Во согласност со наставниот план и програма на предметот, професорот Галина Малезаноска, првото предавање „Карактеристики на успешен претприемач“ го одржа со д-р Весна Игнатович – Стоилкович, основач на центрите за естеска медицина „Dr.-VAIS“. Учениците беа импресионирани од нејзиниот професионален успех на меѓународно ниво стекнат во 25-годишното работно искуство и работењето на нејзините центри во Ниш, Белград и Скопје. Секој ученик на крајот…
повеќе...Првачињата од ОУ „Живко Чинго“ од вчера учат во нова училница
По барање на родителите, а со посебно залагање на раководството на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, од вчера учениците од прво одделение ќе учат во нова училница, во смена со своите врсници. Имено, ова училиште веќе подолго време се соочуваше со просторни услови за згрижување на сите ученици од прво одделение во една смена, заради недостаток на просторни услови, односно соодветна училница (занимална). Поради тоа, дел од учениците од прво одделение досега беа принудени да одат на училиште со другата смена, односно со поголемите ученици од предметна настава. Секоја учебна…
повеќе...Учебната 2014/2015 година започна успешно
Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми денеска одржа прес конференција на која информираше за сите активности кои ги презема Министерството за образование и наука за непречено одвивање на воспитно образовната дејност во сите училишта. Исткна дека новата учебна 2014/2015 година започна успешно и навреме на 1 септември. Исклучок се само неколку училишта каде наставата не започна истиот ден поради реакции на дел од родителите на учениците, генерално заради просторните услови или комбинирањето на паралелки. Министерот упати апел до нив дека се работи на изнаоѓање начин за надминување на…
повеќе...Претседателот Иванов до младите лидери: Бидете позитивен пример што ќе го следат другите
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги додели сертификатите на учесниците на петтата по ред Школа за млади лидери, што по негова иницијатива се одржа од 19 до 28 август во Охрид. Честитајќи им го завршувањето на интензивната обука од сферата на лидерството и менаџментот, претседателот Иванов на учесниците на петтата Школата за млади лидери им посака успех на професионален план. „Севкупниот наш успех, на државата, на институциите, на градовите, на селата, зависи од успешните поединци и каде и да сте секој пат имајте на ум дека треба да бидете…
повеќе...