„Новите барања на ЕУ за означување на храната – законска обврска на домашните оператори со храна од јуни 2015 година“,беше тема на денешната прес конференција и работилницата која во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Стопанската комора на Македонија се одржа денес за членките на Комората. Како што истакна м-р Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, домашните оператори со храна треба да бидат детално информирани за новите правила кои ќе се применуваат во Европската унија, како и за соодветните еквивалентни национални правила кои ќе се…
повеќе...Tag: агенција
Почеток на соработка за професионален ангажман на македонски тренери во Индија
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, беше потпишано писмо за соработка помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и Главниот извршен директор на Глобалната приватна компанија KOOH Sports, Чираг Пател, која е една од водечките компании со седиште во Индија, која обезбедува програми за тренинг по меѓународни стандарди, претставувајќи го спортот како животен стил и можност за развој на професионална кариера. Договорената соработка е во насока на овозможување услови македонски тренери од неколку спортови, како фудбал, кошарка, тенис и технички експерти за физичко образование…
повеќе...Вински туризам: Пет дестинации што мора да ги посетат љубителите на вино
Онлајн магазинот Food and Wine објави листа на пет локации што мора да ги посетат љубителите на вино. Меѓу предлозите на дестинации за вински туризам, се наоѓа и Македонија. Македонија Малечката балканска држава, со 2 милиони жители, произведува висококласно вино уште од времето на Цезар, но има добиено многу малку признанија. Може да престојувате во Попова Кула, винарија со соби за сместување во Демир Карпија и глледајте да ја посетите винаријата Бовин, што е првата винарија формирана од осамостојувањето на Македонија од Југославија, од 1991. година. Орегон Орегон не е…
повеќе...Македонија дел од најзначајната интернационална туристичка берза “ITB 2015”
Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, туристичките потенцијали на Македонија и оваа година се претставуваат на интернационалната туристичка берза „ITB 2015”. Туроператори, агенции, хотели, авиокомпании од 4-8ми март се во центарот на туристичкиот форум во Берлин, Германија. АППТ континуирано да ја промовира Македонија на овој реномиран саем од областа на туризмот, со цел да се зголеми видливоста на туристичките дестинации во нашата земја и да се поставиме како сериозен учесник на светската туристичка карта, а со цел да се прошири и зголеми заинтересираноста на туристичката фела…
повеќе...Стартуваа отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство
Со одржување на средби со граѓаните и операторите со храна од Неготино и Демир Капија, денес Агенцијата за храна и ветеринарство стартуваше со реализација на серијата отворени денови за граѓаните и за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор, активност која во текот на овој месец ќе се реализира во подрачните единици на Агенцијата. Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Отворениот ден на АХВ во Неготино истакна дека ваквите средби со граѓаните и компаниите се одлична можност институцијата да се запознае со реалните проблеми и потреби на граѓаните и…
повеќе...Јавен повик од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Р.Е Охрид
Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој го објави ЈАВНИОТ ПОВИК бр.01/2015. Со оваа програма се обезбедува финансиска подршка за Млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност за Инвестиција за модернизација на земјоделски стопанства. Целта на оваа мерка е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди утврдени со законите од областа на земјоделството. Мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност Оваа мерка е се поактуелна за млади фармери кои сакаат да отпочнат бизнис во земјоделството преку…
повеќе...Туристички, културни и гастрономски потенцијали на Македонија претставени на саемот за туризам во Белград, Србија
Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот богата програма на Македонија, преку деновите на македонскиот туризам и промотивните настани успешно се претстави како туристичка дестинација на меѓународниот саем во Белград кој се оддржа од 19-22ти Февруари. „Српскиот пазар за нас е еден од главните туристички пазари. Имаме над 40.000 посетители, кои остваруваат над 77.000 ноќевања во Македонија и се вбројува во првите 5 држави по посетеност според рангирањето. Очекуваме во иднина да го зголемиме овој број за околу 100% во период од 5 години. Успешните промотивни активности…
повеќе...Успешна промоција на Македонија како туристичка дестинација на саемот за туризам во Софија, Бугарија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година успешно ja претстави Македонија како туристичка дестинација на “HOLIDAY & SPA EXPO 2015” саем за туризам во Софија, Бугарија кој се оддржа од 12-15ти Февруари. „Успешните промотивни активности на АППТРМ на туристичкиот пазар во Бугарија, континуираната медиумска кампања во печатените медиуми и на веб порталите позитивно се одразија на зголемување на број на туристи од Бугарија кој изминатата сезона изнесуваше повеќе од 10%. Остваривме средби со тур оператори од Бугарија меѓу кои: Global Tours, Bohemia Travel, Viva travel agency, Modern…
повеќе...Потенцијални опасности и болести кај животните по поплавите
Тетанус – болест на која се подложни сите животни, но, посебно коњите, овците и козите. Животните кои имаат рани истите треба да се третираат и да се вакцинираат. Ботулизам – Токсинот на Cl. Botulinum се размножува во распаднати лешови или во зеленчукот и може да го загади изворот на водата. Посебно чувствителни на оваа болест се коњите и птиците. Карактеристична клиничка слика е појава на парализа, а болеста започнува со слабост и потешкотии во земањето и голтањето на храната. Превентива е спречување на распаѓање на лешови и зеленчук. Листериоза –…
повеќе...Совети за заштита на животните по поплави
Совети за заштита на животните по поплави: *Внимателно проверете го имотот, извршете проценка на штетата особено на безбедноста и стабилноста на шталата. *Отстранете го отпадот, темелно исчистете ја шталата и извршете дезинфекција и дезинсекција. *Темелно исчистете и дезинфицирајте ја опремата, а особено хранилките и поилките. *Ако дел од животните за време на поплавата биле одвоени и привремено сместени на други одгледувалишта, пред враќање во стадото, држете ги одвоено од другите животни. *Внимателно следете ги животните дали пијат свежа вода. *Обезбедете им безбедна храна. *Храната која била зафатена од поплавата отстранете…
повеќе...