Во согласност со една од приоритетните програмски активности на Министерството за култура за континуирано зајакнување на знаењата и вештините на музејските работници во Македонија, Британскиот совет во соработка со Министерството за култура на Република Македонија организира обука за управување со постојани музејски поставки и збирки и користење на новите технологии, со цел привлекување на публика. Обуката, која утре и задутре (23 и 24 март) ќе се одржува во „Порта Македонија“, е во функција на поддршката на проектите на Министерството за култура, кои се однесуваат на воспоставување постојани поставки и осовременување…
повеќе...Tag: археологија
Според истражувањата на SBRG геоглифот во Македонија можеби е поврзан со кралско семејство
Мултидисциплинарните студии на геоглифот кој се наоѓа на ридот Канда во Овче Поле, откриваат серија на неверојатни карактеристики на античките структури, вклучувајќи вештачка изградба на ридот за астрономско усогласување со соѕвездието Касиопеја, што може да укажува на врска со македонски член од кралско семејство. Истражувањето беше спроведено од страна на Истражувачката група на СБ (SBRG), меѓународен и интердисциплинарен тим на истражувачи (од Италија, Хрватска, Србија, Финска и Велика Британија), кои ги комбинираа астрономијата, филозофијата, митологијата, математиката и физиката во студијата на древни локалитети и храмови во Европа. SBRG комбинираше повеќе методи, вклучувајќи и…
повеќе...Промовирана книгата „Запознавање со минатото, археологија за деца“
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Археолошкиот музеј на Македонија се обрати на промоцијата на книгата „Запознавање со минатото, археологија за деца“, од авторот Анета Фиданоска, прво публикувано издание на оваа национална установа кое низ впечатливата раскажувачка способност на авторката и низ прекрасните илустрации, не враќа многу години наназад. „Низ дванаесетте теми на оваа книга, сите ние имаме можност да се запознаеме со животот во минатото, да бидеме современици на нашите предци, да дознаеме малку повеќе за нивните навики, верувања, обичаи“, истакна министерката за култура пред присутните. Таа додаде…
повеќе...Археолошкото злато од Македонија претставено пред светската публика
Во престижниот национален Келтско-римски музеј во Манхинг, Република Германија синоќа во присуство на бројни гости од археолошката фела, градоначалници, конзули, дипломати и љубители на уметноста беше отворена меѓународната изложба со наслов „Златното лице на непознатиот македонски крал – Македонците и Келтите од брегот на Охридското Езеро”, проект кој се реализира со поддршка на Kомисијата за образование, аудиовизуелност и култура при Европската Унија во рамките на проектот „Clash of Cultures“. Германската, но и пошироката европска јавност во текот на наредните месеци ќе има можност да се запознае со извонредното културно богатство…
повеќе...Втора фаза на систематските археолошки истражувања на театарот во Скупи
Стручните екипи од Музејот на град Скопје и од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со финансиска поддршка од Министерството за култура, ги започнаа активностите од втората фаза на систематските археолошки истражувања на Римскиот театар во колонијата Флавија Скупи во Скопје. Во втората истражувачка фаза, која ќе трае до крајот на оваа година, предвидено е да се ископува целиот простор на кој лежи театарот, како и неговата поблиска околина. Со овие археолошки истражувања ќе се изврши целосно ископување и подготовка на просторот на театарот за наредните активности, односно…
повеќе...Завршија годинашните археолошки истражувања на островот Голем Град
Завршија годинашните археолошки истражувања на островот Голем Град – Преспа, проект предвиден во Годишната програма за заштита на културното наследство на Министерството за култура. Во рамките на истражувањата, кои во континуитет се изведуваат од 1968 година, откриени се архитектонски остатоци и движен археолошки материјал од средновековниот период. Скромните керамички фрагменти и неколкуте бронзени монети упатуваат дека се работи за монашка куќа-колиба од средниот век. Материјалните остатоци од пронајдениот објект имаат научна вредност поради фактот што станува збор за први пронајдени архитектонски остатоци од објект за живеење од средновековниот период на…
повеќе...Во тек се археолошки истражувања на локалитетот „Рајца-Манастирите“ во Љубанишко Поле
Од НУ Завод за заштита на спомениците на културата Охрид информираат дека нивните стручни екипи со финансиска поддршка на Министерството за култура, ги реализираат археолошките истражувања на локалитетот „Рајца-Манастирите“ на Љубанишко Поле, Охридско. Според досегашните истражувања на двете локации на локалитетот, утврдени се повеќе значајни наоди, делови од градежните структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер, со димензии 12 метри должина и 7 метри широчина. Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска базилика…
повеќе...Завршија годинешните подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга
Завршија годинешните подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга. Во рамките на истражувањата, откриени се значајни движни наоди, датирани од 6 до 7 век пред нашата ера, периодот кога егзистирала оваа населба … Стручните екипи на Музејот „д-р Никола Незлобински“ во Струга ги завршија годинешните подводни археолошки истражувања на локалитетот Врбник. Годинава, во истражувањата кои беа пообемни, се вклучија и млади дипломирани археолози со специјалност подводна археологија, а интерес пројавија и институции од странство кои работат исклучиво во сферата на подводната археологија. Во рамките на истражувањата, откриени се значајни движни наоди,…
повеќе...Интензивни активности на археолошкиот локалитет Стоби
Со финансиска поддршка од Министерството за култура, на археолошкиот локалитет Стоби заврши конзервацијата на метални предмети и камени споменици, а во завршна фаза се и проектите за конзервација на стаклени предмети и керамички садови пронајдени на овој значаен антички град. Археолозите интензивно работат и на проектот за конзервација на полукружниот плоштад и на мозаикот во крстилницата на Епископската базилика. Во текот на летото беа конзервирани сите 72 фрагменти, или површина од 180 м2 од мозаикот во старата Епископска базилика кои биле отстранети од нивната оригинална позиција уште во 1991 година.…
повеќе...