Алармантна состојбата со асфалтираниот пат пред хотелот „Даљан“ и Извидничкиот центар

Алармантна е состојбата со асфалтираниот пат пред платото на хотелот „Даљан“ и Извидничкиот центар во Охрид. Реката Даљан сериозно го поткопува овој потег, ја „јаде“ асфалтираната површина, создава брза ерозија, пукнатини и поткопување на горниот слој од површината, можно е лизгање на патот и сериозни проблеми по безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон хотелот „Даљан“. Ова е констатацијата на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата од Охрид чии претставници предводени од претседателот на Советот м-р Стефан Димоски, вчера беа во посета на овој потег пред хотелот.…

повеќе...

Започна асфалтирањето на ул. „Сирма Војвода“

Започна асфалтирањето на улицата „Сирма Војвода“ во должина од 250 метри и ширина од шест метри или повеќе од 1 500 квадратни метри. Асфалтирањето го реализира ГП „Сењак“ од Киево а наредниве денови се очекува да биде изграден и тротоарот од едната улична страна. Со асфалтирањето на оваа улица се решава горлив проблем на граѓаните што живеат и транзитираат на овој потег а кои децении наназад минуваа низ кал и прав. Реализацијата на ова изборно ветување на градоначалникот Никола Бакрачески се изведува во рамките на Годишната програма за работа на…

повеќе...

Утре прекин во сообраќајот на кружниот тек кај Охридска банка

Во тек се финални подготовки на подлогата за асфалтирање, нивелирање и збивање на тампонскиот слој како и поставување на сливници во последните две фази од градба на кружниот тек на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“. Според планираната динамика на изведувачот, поставувањето на првиот слој на асфалт за порамнување ќе отпочне утре во периодот помеѓу 11 и 15 часот поради што делови од улиците „Македонски Просветители“ и „7-ми Ноември“ ќе бидат затворени за сообраќај. Во зависност од временските услови односно максималните дневни температури, се очекува поставувањето на завршниот…

повеќе...

Започна асфалтирањето на локалниот пат Злести-Лешани

Градежната оператива денеска ги постави првите асфалтни метри од локалниот пат од с.Злести до Манастир „Сите Светии” во с.Лешани. На асфалтирањето му претходеше проширување и тампонирање на банкините како и крпење на ударните дупки. Реконструираниот локален пат ќе биде со должина од 1800 метри, со ширина на асфалтен коловоз од 3 метри и банкини од 0,75 метри од двете страни на асфалтниот коловоз, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 м. „Градежните активности на патот се одвиваат одлично и се очекува да биде завршен во скоро време.“ –велат…

повеќе...

Се асфалтира крак од улицата „Сирма Војвода“

Започнаа активностите за асфалтирање на крак од улицата „Сирма Војвода“ во должина од 250 метри.Веќе е пристапено кон чистење на потегот ,по што ќе следи тампонирање и асфалтирање на улицата. Со асфалтирањето на кракот од ул.„Сирма Војвода“ се решава еден сериозен проблем на граѓаните коишто живеат во таканаречениот Болнички комплекс а кои децении наназад во лето и зима минуваа низ прашлив или каллив пат за да стигнат до своите домови. Во текот на измината календарска година на овој потег од градот РЕ Водовод Охрид работеше на поставување на нова водоводна…

повеќе...

Се асфалтира кружниот тек кај Охридска банка

Започна асфалтирањето на прекопите на кружната раскрсница на пресекот од улиците „Туристичка“ и „Македонски Просветители“. Асфалтирањето се одвива во две фази. Во првата фаза се поставува носив слој на асфалт а активноста се очекува да биде завршена за околу 3 работни дена. Во втората фаза ќе се поставува уште еден слој на асфалт,по што ќе се пристапи кон поставување на хоризонтална и вертакална сигнализација. На овој простор паралелно се извршуваат и подготвителни активности за оформување на секундарниот кружен тек, по што ќе следува негово асфалтирање исто така во две фази.

повеќе...

Асфалтирање на Табановце

Царинската управа на Република Македонија започна со реконструкција на асфалтните површини на граничниот премин Табановце кoе ќе трае во следните 15 дена. Асфалтирање се врши на влез во Република Македонија и тоа на делот од лентата за автобуси и пред колската вага за мерење на тешки товарни возила, како и на излез од терминалот пред наплатната куќичка.   Сообраќајот на влез во Република Македонија за тешките товарни возила ќе се одвива позабавено, но нема да има прекин.   За време на овој период, на граничниот премин Табановце ќе се царини…

повеќе...

Се асфалтира граничниот премин Богородица

Од Царинската управа на Македонија информираат дека на граничниот премин Богородица во тек е асфалтирање, со цел обновување на асфалтните површини на патничкиот премин и царинскиот терминал. Во текот на вчерашниот ден извршено е асфалтирање на патничкиот премин, а денес ќе се асфалтира на царинскиот терминал. Од Управата напоменуваат дека сообраќајот нема да биде во прекин, но можно е отежнување за тешките товарни возила кои гравитираат на влез и излез од граничниот премин и терминалот каде ќе се користи едниот пристап на влезот до терминалот.

повеќе...

Пајакот преместуваше возила на паркингот кај Музичкото – активностите започнаа ден порано

Денес покрај паркингот кај Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид осамнаа натписи на кои беше истакнато дека: „На 29.09.2015 не паркирајте во паркингов, ќе се работи“. Но, почна да се работи еден ден порано, a oткако објективот на WebOhrid ги регистрира натписите тие беа преправени дека ќе се работи и на 28 и на 29-ти. Што се случи потоа!? Бидејќи имаше паркирани возила кои не знаеа за ваквата акција, мораше да реагира „пајакот“ кој почна да ги преместува возилата од едно место на друго. Станува збор за асфалтирање на паркингот…

повеќе...