Денес околу 17:30 часот на патот Охрид-Гостивар, на превојот „Стража“, од засега непознати причини се запалил автобус со српски национални ознаки, управуван од З.Д. (44) од Р.Србија. Екипа на Територијалната противпожарна единица-Кичево го изгаснала пожарот. Од пожарот автобусот целосно е изгорен, додека повредени патници нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кичево. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. WebOhrid/Фото: Гоце Тренески
повеќе...Tag: автобус
Панорамскиот двокатен автобус пуштен во сообраќај за оваа година
Со вчерашното возење на релација Охрид (ОСУ „Св.Климент Охридски“) – Струга (ОСУ „Ибрахим Темо“) официјално ЈП „Билјанини Извори“ во сообраќај за 2016 година го пушти панорамскиот двокатен автобус. Оваа година можноста за користење на панорамскиот автобус први ја искористија учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ кои предводени од соодветниот наставен кадар имаа научно природна посета на своите врсници од ОСУ „Ибрахим Темо“. ЈП „Билјанини Извори“ ги потсетува сите институции, правни субјекти посебно тие кои ја сочинуваат и градат туристичка понуда на Охрид дека двокатниот панорамски автобус од денес ќе можат да…
повеќе...Се поставуваат нови автобуски постојки во Охрид
Во рамките на Годишната програма на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици за комунално уредување на градот а согласно приоритетите на градоначалникот Никола Бакрачески за осовременување на градот ,деновиве започна поставувањето на нови автобуски постојки на територијата на општина Охрид. Според предвиденото, ќе бидат поставени вкупно пет нови автобуски постојки на најфреквентните локации на булеварот „Туристичка“. Две ќе бидат во блилзина на марќетот „Тамаро“ непосредно пред пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Абаз Емин“,една веднаш по новоизградениот кружен тек на прескот на Туристичка со ул.„Македонски просветители“. Деновиве ќе биде поставена нова…
повеќе...2,7 кг златен накит и монети откриени во турски автобус
При контрола на турски автобус извршена во близина на наплатната станица кај Велес, мобилен царински тим откри бункер полн со златен накит и монети. Утрово за рутинска контрола на патниот превец Велес – Скопје, мобилен царински тим сопре автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Истамбул – Гостивар. Претходно автобусот влегол во државата од Грција преку граничниот премин Богородица.Заради немање соодветни услови за спроведување на детален преглед, автобусот со царинска придружба е пренапатен во царинската испостава Скопје 4 кадешто е извршено детално пребарување. Притоа, во багажниот простор…
повеќе...Доделени 465 автобуски линии по електронски пат
Министерството за транспорт и врски денеска по електронски пат додели 465 автобуски линии од кои за меѓународен 279 и меѓуопштински превоз 186. Дел од нив се нови, а дел постоечки, но променети. „Практичната примена на електронскиот систем за распределба само ги потврди нашите заложби за целосна елиминација на човечкиот фактор. Оттука, постапката е строго законска и целосно транспарентна“, рече ресорниот министер Владо Мисајловски пред доделувањето. Според него, електронскиот систем воедно овозможува превозниците да се ослободат од административните процедури при прибирањето на потребната документација за аплицирање. Огласот, како што нагласи Мисајловски,…
повеќе...Дечињата од охридската градинка на едукативен час со панорамско разгледување на градот
Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид и детската градинка „Јасна Ристеска“, денес педесетина деца од градинката учествуваа на едукативен час со панорамско разгледување на градот. Покрај рекреативна, целта на оваа активност беше и едукативна односно поцелосно запознавање на најмладите со сообраќајната патна инфраструктура во градот, информирање на децата за значењето на автобусот како најкористено превозно средство во светски рамки, потсетување за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и влијание врз свеста кај најмладите за подигнување на безбедносната култура.
повеќе...Откриени 129 комплети од кутија за прва помош, елек и триаголник
Од Царинската Управа информираат дека 129 комплети од кутија за прва помош, елек и триаголник, за различни патнички автомобили, откриени се при контрола на македонски автобус, што сообраќал на релација Дортмунд – Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи се пронајдени во патните торби на македонски државјанин, патник во автобусот.
повеќе...Превезени патници со автобуси, прво тримесечје од 2015 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период од 2013 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 2,6%, во меѓуградскиот превоз за 23,5% и во меѓународниот превоз за 72,3%, додека во приградскиот превоз намалувањето изнесува 8,2%. Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 3.0%, во приградскиот превоз за 28.2%, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 8.4% и во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 71,0%.
повеќе...Панорамскиот двокатен автобус пуштен во сообраќај за оваа летна сезона
ЈП „Билјанини Извори“ со промотивното возење на учениците – првачиња од ОУ „Христо Узунов“ официјално за оваа летна сезона го пушти во сообраќај панорамскиот двокатен автобус. „Ги потсетуваме граѓаните на Охрид и сите правни субјекти заинтересирани за користењето на автобусот дека автобусот се изнајмува за превоз на организирани групи за панорамско разгледување на Охрид и околијата на Охрид“. – истакнуваат од претпријатието. Дополнителни информации околу користењето на двокатниот автобус може да се добијат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“ (Спортска сала „Билјанини Извори“) и на следниот телефон 046/231-535.
повеќе...Задолжителна опрема за во возило или на велосипед
Возилото во сообраќајот на патиштата треба да биде технички исправно, односно треба да има исправни пропишани системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема и да ги исполнува пропишаните барања во поглед на заштита на животната средина. Возилото што е регистрирано во странство може да учествува во сообраќајот на патиштата на територијата на Република Македонија доколку има исправни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се пропишани со ратификуваната Конвенција за сообраќајот на патиштата. Покрај возилата и велосипедите и велосипед со помошен мотор, во сообраќајот на патиштата треба…
повеќе...