Еврејските гробишта во Битола ќе се преуредат во Меморијален парк

Со симболичното засадување дрвца на Еврејските гробишта од Битола, започна проектот за уредување на Меморијален парк на Евреите од Монастир. Првите дрвца ги засадија израелскиот амбасадор Дан Оријан, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, министерот Џери Наумоф, битолскиот градоначалник Владимир Талески и други гости. Со реализацијата на овој прокет се очекува оваа локација во иднина да прерасне во едно од најатрактивните споменици на културата во градот на конзулите и да привлечат многу постетители од Иразел. „Со овој парк сите ние ќе дадеме придонес во заштитата на историското наследство на еврејската…

повеќе...

Мартина Петровска полека, но сигурно чекори кон врвот

Викендов на стрелиштето во касарната во Битола се одржа четвртиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учествуваа околу 30-тина стрелци во дисциплините пушка и пиштол. Нашата јуниорка Мартина Петровска со резултат од 380 кругови, се пласира на втората позиција веднаш зад Нина Балабан (386), а пред Ана Иваноска од „РЕК“ Битола, која со еден круг помалку ја зазеде третата позиција. „Радува фактот што само по учество на неколку Купови, Мартина станува сериозна конкуренција на двете олимписки кандидатки. И останатите јуниорки на СК „Охрид“, Ангела Алексовска…

повеќе...

ЦИВИЛ со семинари за слободни избори во Битола и Охрид

ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со серијата семинари на тема Слободни избори за слободни граѓан(к)и кои се во рамките на истоимениот проект на ЦИВИЛ. Семинари за слободни избори ќе се одржат во Битола, на 3 октомври (сабота) и во Охрид, на 4 октомври (недела). Предност за учество на овие семинари имаат членови и поддржувачи на ЦИВИЛ, како и оние што ги предлага соодветниот регионален координатор во наведените градови. Пред почетокот на семинарите, ЦИВИЛ ќе биде на располагање на локалните медиуми во 10:30 часот. Средбата со новинар(к)ите во Битола ќе…

повеќе...

Со силен аплауз поздравен настапот на Битолскиот театар во Израел

Со силен аплауз и овации беа поздравени актерите на Народниот театар од Битола кои синоќа во израелскиот град Акре ја изведоа претставата „Среќен крај“ во режија на Благој Мицевски. Претставата која беше прикажана во рамките на 36-тото издание на реномираниот меѓународен театарски фестивал „АККО“, наиде на голем интерес кај многубројната публика, меѓу кои беа и претставници од македонската амбасада во Израел, театарската критика, како и авторот на текстот Иддо Нетанјаху кој не го криеше задоволството од успешниот настап на актерите од Битолскиот театар. Поради огромниот интерес за проследување, претставата „Среќен…

повеќе...

Почна реконструкцијата на регионален пат Битола – Ресен

По завршувањето на подготвителните теренски активности официјално почна реконструкцијата на регионалениот пат Битола – Ресен. Почетокот на градежните активности го означи премиерот Никола Груевски. Според него, по 35 години за првпат се прави реконструкција на оваа важна сообраќајница. Планирано е да се реконструираат 27 километри за што ќе бидат инвестирани шест милиони евра. Градежните активности се очекува да се завршат за 12 месеци.

повеќе...

Кривични пријави за двајца директори на Стопанска Банка АД Битола

ОСОСК при МВР до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против лицата Б.Ѕ. (58), член на Управен одбор и Прв Генерален директор на „Стопанска Банка“ АД Битола и Т.М. (63), член на Управен одбор и Втор Генерален директор на „Стопанска Банка“ АД Битола поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353, ст.3 и 4 од КЗ на РМ. Пријавените, во својство на службени лица злоупотребувајќи ја службената положба и овластување овозможиле правното лице „Амадеус груп“ Дооел од Охрид да се…

повеќе...

Санација на три објекти од стара градска архитектура во Битола

Три објекти од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век кои се наоѓаат во старото јадрона Битола ќе бидат санирани до крајот на годинава, во рамки на проектот на Министерството за култура за обнова и конзервација на фасади од стара градска архитектура во градовите низ Македонија. Санациско-реставраторските зафати ќе бидат извршени на фасадите на Безистенот – значаен споменик на културата од османлискиот период, гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Музичкото училиште во Битола. Надлежна установа е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола. „Финализацијата на…

повеќе...

СДСМ: Власта да ги обесштети земјоделците

Пратеничката на СДСМ Битола, Јулијана Силјановска денес одржа прес конференција, на која истакна: Уште пред 5 месеци апелиравме и опоменувавме за можните последици од недостиг на вода поради свлечиштето на главниот канал на хидро системот Стрежево. Но, власта на Никола Груевски и неговите кадри од ВМРО-ДПМНЕ тогаш ни се потсмеваа. Денес, за жал, лошите прогнози станаа страшна реалност . Веќе неколку дена Пелагонија се соочува со вистинска катасрофа. Нема ниту капка вода за наводнување на жедната почва на површина од над 10 илјади хектари. Земјоделските култури горат на овие тропски горештини,…

повеќе...

Старото градско јадро на Битола ќе биде прогласено за културно наследство од особено значење

Членовите на собраниската Комисија за култура наскоро ќе ја посетат Битола за да направат обиколка на Старото градско јадро на градот, кое треба да биде прогласено за културно наследство од особено значење. Предлог-законот, чиј предлагач е Министерството за култура односно Владата, денеска Комисијата го даде на натамошно читање. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека Старото градско јадро на Битола претставува своевидна реткост и непресушен резервоар од разновидни културни, историски, уметнички, научни, технички и други општествени значења, карактеристични за еден подолг период, од XV век до денес. „Старото градско јадро…

повеќе...

Одбeлежување на 20-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Државата Израел

По повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Државата Израел, во периодот од денес до 21-ви јули, во неколку градови низ земјава ќе се организираат бројни пригодни свечености со кои ќе се одбележи овој свечен јубилеј, како неколку културни настани, отворање на изложби и филмски проекции и организирање на свечени приеми во Битола, Охрид и Скопје. Манифестациите започнуваат во Охрид, од денес до 18-ти јули, со отворање на Израелски филмски фестивал и изведба на театарската претстава „Нашиот клас“. На 19 јули во Битола ќе се организира изложба во…

повеќе...