Потпретседателот на СДСМ, Кирацовски утре во посета на Дебрца

Потпретседателот на СДСМ и актуелен заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, д-р Гоце Чакаровски, утре ќе оствари средби со жителите од населените места Лешани, Белчишта и Мешеишта, општина Дебрца. На средбите се очекува да се разговара за проблемите на жителите, за решенијата на СДСМ, но и за актуелната политичка ситуација во земјата.

повеќе...

СДСМ Дебрца: Кој одобри да се копа по заштитниот насип од каналот на река Сатеска?

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Според Проектот за изградба на фекалната канализација која треба да го поврзе селото Мешеишта со Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, која е во тек и кој се финансира со средствата од заемот од Светска банка трасата на канализационата мрежа требаше да поминува во самото подножје на заштитниот насип од регулираниот канал на реката Сатеска. Од приклучокот во колекторот се до пред селото Требеништа се копаше според проектот, во подножјето на насипот, а во понатамошната делница од…

повеќе...

Се расчистуваат патиштата во Дебрца

По налог на Општина Дебрца, Јавното комунално претпријатие „Дебрца”, деновиве заврши со расчистувањето на патот Белчишта – Ново Село, а при крај е расчистувањето на патот Мешеишта – Волино. „На овие патни правци се изврши машинско и рачно отстранување на бујната вегетацијата – капини, ниско стеблески и високо стеблести растенија. Бујната вегетација им пречеше на возачите и минувачите и ја намалуваше прегледноста на патиштата. Со чистењето, безбедноста на учесниците во сообраќајот ќе биде на едно повисоко ниво.“- велат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...

СДСМ: На жителите на Дебрца доста им е од лажни ветувања

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На трибината, која во организација на ОК ВМРО ДПМНЕ Дебрца се одржа во Мешеишта и на која присуствуваше пратеникот Антонио Милошоски, кој симптоматично во Дебрца доаѓа само пред избори, од најавена трибина на која граѓаните требаше да даваат идеи, сосема очекувано се претвори во партиска трибина. Тоа беше уште една трибина на која во веќе виден популистички стил се манипулираше партиското членство, со лажни ветувања, виртуелни проекти и добропознатите политики “немаме за леб, а трошиме на чоколадо.” Доблесно ќе…

повеќе...

Набавени нови канти за отпад во општина Дебрца

Општина Дебрца набави 250 индивидуални канти за отпад кои ќе бидат наменети за домаќинствата во општината ги обезбеди во соработка со Бирото за регионален развој.  Кантите се со капацитет од 120 литри изработени од пластика согласно европските стандарди. Вкупната вредност на набавката изнесува 375.000 денари без пресметан ДДВ. Градоначалникот на општината, Игор Трајкоски вели дека активноста е во насока на јавната хигиена и дека континуирано ќе се подобри хигиената и чистотата во општина Дебрца.

повеќе...

Утре во Мешеишта трибина на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца

Во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, утре  (петок) со почеток во 17 часот до Домот на култура во Мешеишта, ќе се одржи трибина на која ќе присуствува тим од министри во Владата на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На трибината, низ непосреден контакт и разговор со жителите на општина Дебрца, владините министри ќе ги слушнат мислењата, идеите и барањата на жителите за развој на општината кои ќе бидат имплементирани во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ за наредните Парламентарни избори, информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.

повеќе...

СДСМ Дебрца: Подрачната деветтолетка во Велмеј незаконски укината

Советничката група на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На вчерашната седница на Советот на општината Дебрца од страна на советничката група на СДСМ беше предложена одлука за изменување на одлуката за издавање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основното училиште “Дебрца” – Белчишта за учебната 2015/2016 година, со која се предлага враќање на укинатите паралелки од подрачното училиште во село Велмеј, кое нешто е барање и на жителите на село Велмеј. Предлогот беше поддржан од советничката група на СДСМ и независниот советник,…

повеќе...

Основците од Дебрца го посетија Геријатриското одделение во охридската Општа болница

Учениците од Основното училиште „Дебрца“ денес го посетија геријатриското одделение во охридската Општа болница, каде што на сите згрижени лица им подарија новогодишни честитки и украси кои самите ги изработија со помош на своите родители во рамките на низата активности кои ги реализира училиштето по повод Новогодишните и Божиќните празници. „Целта на оваа посета е да покажеме колку малку е потребно во животот да се направи една добрина, за одредена категорија на луѓе во општеството да се почуствуваат сакани и среќни.“– велат од училиштето. Во рамките на овие активности учениците…

повеќе...

Хуманитарна акција „Дете за дете“ во ОУ „Дебрца“

Основното училиште „Дебрца“организираше хуманитарна акција за Новогодишните празници под мотото од „Дете за дете“. Учениците заедно со нивните родители и наставници активно се вклучија во оваа хуманитарна акција покажувајќи ја својата солидарност и детска топлина за нивните другарчиња на кои им е потребна поддршката. Во акцијата се приклучија и градоначалникот на Општинана Дебрца, Игор Трајкоски и директорот на Јавното комунално претпријатие Дебрца. Новогодишни подароци ќе бидат дониранирани на сите дечиња од социјално загрозените семејства во Дебрца, покажувајќи им дека и тие се дел од Новогодишната и Божиќната магија.

повеќе...

Пролонгиран рокот за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби

Се информираат  жителите на Општина Дебрца дека согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, пролонгиран е рокот за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби. Новиот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби е 31 март 2016 година, а за поднесување на геодетски елаборати до крајот на 2016 година. За ново поднесените барања рокот за поднесување на геодетски елаборати е крајот на 2017 година. Според последните измени на Законот, барање за легализација на вакви објекти можат да поднесат оние граѓани чија дивоградба…

повеќе...