Зголемена наплатата на ЈП за комунална дејност „Дебрца“

ЈП за комунална дејност „Дебрца“ вложува напори за подобрување на финсиската состојба на претпријатието и подобрување на услугите што ги врши врз основа на дејноста и тоа снабдување со вода за пиење и собирање на отпад. „Во почетокот на 2014 година, видно е зголемувањето на наплатата на сметките за комунални услуги на ЈП за комунална дејност „Дебрца“. Во овој период наплата е зголемена за 10% за разлика од ланскиот период. Зголемената наплата од потрошувачите пред се се должи на подобрувањето на услугата, зголемената доверба од потрошувачите, набавката на нови контејнери…

повеќе...

Одржана трибина на тема „Поттикнување на еколошката свест кај жителите од Општина Дебарца“

Ва рамките на проектот „Заедно до почиста општина“, денес во просториите на ОУ „Дебрца“ с. Белчишта, општина Дебарца се одржа јавна трибина на тема: „Поттикнување на еколошката свест кај жителите од Општина Дебарца“. Овој проект го води тим од ученици и наставници со поддршка на градоначалникот на општината Игор Трајкоски и директорот на Јавното комунално претпријатие Јасмина Мицкоска.  На оваа трибина покрај презентацијата на учениците, учество зедоа и градоначалникот на општината, Трајкоски и директорката на ЈКП, Јасмина Мицкоска. Во своите излагања, ја изразија несебичната поддршка за реализација на овој проект.…

повеќе...

Членови на Здружението на инвалиди на трудот Охрид остварија средба со градоначалникот Трајкоски

Организацијата – Здружение на инвалиди на трудот – Охрид од Охрид и општина Дебарца реализирајќи дел од својот план и Програма за работа во делот на активности предвидени за реализација во 2014 година, вчера по свое барање остварија средба со градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајкоски. На средбата со претседателот Благоја Крстаноски присуствуваа и секретарот Сребре Петроски, претседателката на Активот на Жени при здружението Ленче Филческа и членот на собранието од општина Дебрца Благоја Каланоски. Градоначалникот беше запознаен со Личната карта на Здружението и со заложбите спред Статутот и програмата…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски оствари средба со американскиот амбасадор во Македонија Волерс

Во Општина Дебарца денеска се одржа работна средба помеѓу Американскиот Амбасадор во Република Македонија, Пол Волерс и Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски. На средбата се разговараше за локалната власт, проектите кои се реализирани и проекти кои ќе се реализираат. Од страна на Градоначалникот Трајкоски, Амбасадорот Волерс беше запознаен за состојбата во општина Дебарца, за проектите кои се реализираат од страна на Општината и начинот на добивање помош од централната власт и меѓународните организации. Амбасадорот се интересираше дали до сега се реализирани проекти со подршка на USAID во општина Дебарца.…

повеќе...

Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс утре во работна посета на Дебарца

Утре  во работна посета на Општина Дебрца ќе присуствува амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс. Предвидено е амбасадорот Волерс да се сретне со градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски.

повеќе...

Павлина Огненоска назначена за координатор на форум на жени на ОО Дебарца

Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова ja назначи Павлина Огненоска за Координатор на форум на жени на Општинска организација Дебарца. Координаторката на Форумот на жени на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија оваа одлука за назначување на Координаторка на Форумот на жени на Општинската организациии на СДСМ ги донесе врз основа на член 19 став 2 од Правилникот за организација и делокруг на работата на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како и Одлуката за распишување на избори во Форумот на жени на СДСМ усвоена на Тринаесетата…

повеќе...

Еко-проект „Заедно до почиста Општина“ ќе се спроведува во општина Дебарца

Со оглед на фактот дека екологијата и еколошката свест се приоритети кај современиот човек, особено во услови на нарушен еко-баланс меѓу човекот и животната средина, ОУ „Дебрца“ с.Белчишта заедно со локалната самоуправа, а под покровителство на градоначалникот Игор Трајкоски и директорката на Јавно комунално претпријатие, Јасмина Мицкоска вложија напори за реализација на Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, со цел потикнување на еколошката свест кај населението на Општина Дебарца. Со овој проект предвидено е истражување за еколошката состојба во  Општина Дебарца, проект кој ќе трае од 10.02.2014 до 21.03.2014 година. Во…

повеќе...

Понеделник и петок приемни денови кај градоначалникот на општина Дебарца Трајкоски

Поради големиот интерес за средби со градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски приемен ден во општината беше секој  понеделник со претходно закажување. Жителите можеа да остварат средби со градоначалникот Трајкоски и во другите работни денови доколку беше во можност да ги прими. Поради овие причини, се со цел поблиску до народот градоначалникот одлучи да има два приемни денови во текот на неделата и тоа понеделник и петок. За закажување може да се јавите на телефонскиот број 046/286-855. Исто така може да контактирате преку електронска пошта на следниот маил trajkoskiigor@yahoo.com, информираат…

повеќе...

Со поддршка од глобалниот еколошки фонд ќе се реконструира основното училиште во Требеништа

Општина Дебарца во соработка со Здружението на граѓани Проактива од Скопје во месец јануари започнаа со реализација на проектот „Енергетски ефикасна општина – 4. дел“. Главната цел на проектот е преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина со стакленичкиот гас СО2, а конкретни цели се: · Намалување на емисијата на јаглерод двооксид од јавните објекти во Општината Дебарца. · Намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во Општината Дебарца. · Теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност и обновливи извори на…

повеќе...

Одржана 12-та седница на Советот на општина Дебарца

Советот на општина Дебарца ја одржа дванаесеттата седница. Седницата се одржа  вчера во салата за седници на општина Дебарца со почеток во 14 часот, при што беа усвоени 19 точки од дневниот ред меѓу кои и точките: – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за фирма; – Одлука за доделување еднократна парична помош во вредност од 5 000 денари на секое новороденче на територијата на општина Дебарца.

повеќе...