СДСМ: „Реформите“ во водостопанството водокорисниците од Дебрца ги оставија без вода за наводнување

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Реформите“ што ВМРО-ДПМНЕ ги спроведуваше во водостопанството веќе втора година водокорисниците од Дебрца ги оставија без вода за наводнување. Со овие реформи беа укинати водните заедници, како здруженија на водокорисниците и со донесувањето на Законот за водостопанство, кој започна да се применува од 01 Октомври 2015 година користењето, управувањето, одржувањето и стопанисувањето со системите за наводнување од дотогашните водни заедници е пренесено на новоформираното Акционерско друштво во државна сопственост, „Водостопанство на Република Македонија“, како вршител на водостопанска дејност,…

повеќе...

Со ИПА средства ќе се гради Еко-Музеј во Белчишта

Во рамките на прекуграничната соработка Македонија – Грција, Општина Дебрца како носител на проектот од македонска страна, заедно со партнерите на проектот од македонска страна Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќе наменско подрачје ”JAСЕН” и Шумарски Факултет – Скопје, и партнерите од Грција, Општина Терми и Институтот за одгледување на растенија и генетски ресурси, обезбеди средства од ЕУ ИПА програмата за прекуграична соработка за реализација на проектот “Подобрување на заштитата на приоритетните растенија во граничната област” под акронимот “Conse-pp”. Пред почетокот на реализација на овој проект, Градоначалникот Игор…

повеќе...

Пуштено во употреба Основното училиште во Лешани

Денес свечено беше пуштено во употреба реконструираното основно училиште во Лешани, кое ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ „ДЕБРЦА” – с.Белчишта.  Реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Имено со пуштењето во употреба на училишната зграда, ќе се овозможи настава за ученици од прво до деветто одделение, кои наставата ќе ја следат во поприријатни услови. Училишната зграда се простира на површина од околу 400 квадратни метри со 6 училници, кои ги задоволуваат сите стандарди и нормативи за реализирање…

повеќе...

ОУ „Дебрца“ дел од „Училишните игри без граници“

Во организација на извидничкиот езерски одред „Пионер“ денес се реализираа едукативно забавните „Училишни игри без граници“, наменети за учениците од II до IX одделение од ОУ „Дебрца“. Начинот на натпреварување е куп систем каде што секоја екипа се натпреварува со друга врсничка екипа, а понатаму продолжува само најдобро бодуваната екипа. Најдобрите екипи ќе се натпреваруваат со екипи од други училишта и така се додека не се дојде до победниците. „Основна цел на ваквите игри е дружењето и стекнувањето на нови пријателства, стекнување на доверба помеѓу учесниците и јакнењето на тимската…

повеќе...

Продолжуваат инфраструктурните зафати во Општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во Ново Село и Оровник, каде изврши увид врз градежните активности што се одвиваат во селата, кои претставуваат дел од планираните инфраструктурни зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во Општина Дебрца, односно во селата се врши асфалтирање на неколку улички кои се поврзуваат кон локалната патна инфраструктура во селото. Во Ново Село станува збор за асфалтирање на главната улица која води кон селото која е со ширина од 3,5 метри и должина од 280 метри, каде што се…

повеќе...

СДСМ: Владеењето на Трајкоски со Дебрца заврши, доаѓа живот за сите

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Деновиве, поточно на 17.04.2017 година се навршија четири години откако Игор Трајкоски ја презеде градоначалничката функција во општина Дебрца, со што формално правно неговиот мандат е завршен. Ако треба да дадеме оценка за неговото четиригодишно владеење тогаш слободно може да се констатира дека тоа во ништо не се разликува од десетгодишното владеење на неговата партија, ВМРО ДПМНЕ, на централно ниво. Затворена и заробена општина во која граѓаните имаа отежнат пристап до општинските услуги, крајно расипничко и нетранспарентно трошење на…

повеќе...

СДСМ: Општина Дебрца со најнетранспарентен буџетски процес

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Центарот за економски анализи (http://cea.org.mk) деновиве ги објави наодите од проектното истражување на степенот на транспарентност на буџетскиот процес и отчетноста при трошењето на јавните средства кај општините во Република Македонија. Во истражувањето се опфатени сите општини во Република Македонија, распоредени во осумте плански региони. Резултатите од истражувањето покажуваат дека во рамките на Југозападниот плански регион, за фискалната 2016 година општина Дебрца, заедно со општина Центар Жупа се најнетранспарентните општини во поглед на буџетскиот процес и отчетноста при…

повеќе...

Четвртоодделенци од ОУ „Григор Прличев“ во посета на Општина Дебрца

Ученици од IV-2 одделение од ОУ „Григор Прличев“, Охрид под менторство на наставничката Фанче Наумоска во рамките на практичната настава по преметот „Општество Лоκална заедница и Лоκална самоупρава“, денеска беа во посета на Општина Дебрца. Основците се запознаа со работата на градоначалникот Игор Трајкоски и Локалната самоуправа. Тие имаа можност преку прашања да се информираат за она што нив ги интересираше во однос на функционирањето на оваа општина. Помеѓу другото учениците го посетија и ОУ „Дебрца“ како и непосредната околина на с. Белчишта. WebOhrid

повеќе...

Тампонирани повеќе локални улици во Врбјани и Брежани

Во Општина Дебрца во тек се градежни активности околу тампонирање на најоштетените и најнепристапни локални улици во селата Врбјани и Брежани. Според Градоначалникот Игор Трајкоски, со овој градежен зафат се потврдуваат напорите на општината за подобрување на животот на жителите на целата територија.  „Станува збор за тампонирање на две локални улици во село Врбјани, со ширина од 3 метри и вкупна должина од 600 метри, како и тампонирање на една локална улица во село Брежани со ширина од 3 метри и должина од 700 метри. Се надеваме дека со тампонирањето на…

повеќе...

СДСМ: Завршната сметка на општина Дебрца го покажа расипничкото трошење на општинските пари

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На последната седница на советот на општина Дебрца, одржана на ден 15.03.2017 година советот на општината, со гласовите на советниците на ДПМНЕ и независниот советник ја усвоија Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2016 година. Завршната сметка уште еднаш го покажа она што е константа во раководењето на општината во изминативе години, а тоа е крајно расипничкото и нетранспарентно трошење на општинските пари. Во оваа прилика тоа ќе го илустрираме со неколку буџетски расходи. За прехранбени продукти…

повеќе...