Директорите на ФЗО во посета на Бугарија за размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу фондовите на Македонија и Бугарија

Денес во еднодневна работна посета на Република Бугарија се д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, директори на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Тие остварија официјална средба со гувернерот на Фондот за здравствено осигурување на Бугарија (НЗОК), д-р. Глинка Комитов, на која беше разговарано за продлабочување и унапредување на соработката помеѓу двата фонда, но и за зголемување на соработката помеѓу институциите во делот на електронски услуги. Директорите ја искористија можноста да ги поканат Бугарските колеги на посета во Република Македонија и ФЗОМ. Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани информираше за степенот…

повеќе...

Лицата со ниски примања нема потреба да доаѓаат во Фондот за пререгистрација за остварување на право на здравствено осигурување

На почетокот на секоја година се објавуваат податоците за висината на просечна и минимална плата од Државниот завод за статистика. Согласно законот за социјални придонеси, Фондот ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација за лицата со ниски примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување. Бидејќи за минатата година има зголемување на висината на минимална плата, што е еден од параметрите за зголемување на законскиот лимит, годинава има поголеми лимити за здравствено осигурување, согласно нето приходот на осигуреникот кое го има остварено како семејство во 2015…

повеќе...

Одржан 2-от Состанок на директори /шефови на криминалистичка полиција во рамките на македонското претседавање со Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа

Во периодот од 25 до 27 ноември 2015 година во Скопје се одржа 2-от Состанок на директори /шефови на криминалистичка полиција во рамките на македонското претседавање со Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа. На состанокот учествуваа претставници од сите Договорни страни на КПС ЈИЕ: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Македонија, Молдова, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија, како и претставници од меѓународни и регионални организации како ИОМ, DCAF и CEPOL. Настанот беше поделен на три работни дела: имено, на прво место се најде темата за миграција и…

повеќе...

Олеснување кај матичните лекари – побрза реализација на превенцијата Размена на податоци за резултати од лаборатории ЛУ 1 по електронски пат

Воведување на превенција за кардиолошки, нефролошки болести и дијабетес кај матичните лекари е со цел да се придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигуреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20% од капитацијата секој месец.…

повеќе...

Директорите Паскалоски и Донев посетија неколку прочистителни станици во Израел

За време на официјалната посета на Израел директорите на Јавните претпријатија „Проаква“ – Охрид, Томе Паскалоски и „Нискоградба“ – Охрид, Сашо Донев беа во посета на повеќе прочистителни станици и разменаа искуства околу најновите технологии за прочистување на отпадни води и третман на милта. Присуствуваа на отворањето на пречистителната станица Shafdan која инвестиција изнесува околу 880 милиони евра. Во изведба на компанијата TGW комплетирана е првата фаза од најголемата анаеробична пречистителна станица не само во Израел туку на цел Среден Исток. Лоцирана во Rishonlezion Shafdan ги третира водите на 11…

повеќе...

Директорите Мишев и Паскалоски на средби во „Спидо“, „Некст Степ” и „Сизар”

Во рамки на посетата на Израел во текот на вчерашниот ден директорот на ЈП„Билјанини Извори“, Ристе Мишев и директорот на МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“, Томе Паскалоски имаа средби со претставници на компанијата „Спидо“ на кои се разговараше за можностите за влегување на овој гигант во организацијата и спонзорирањето на „Охридскиот пливачки маратон“. Во разговорите беа опфатени и аспектите на менаџирање и одржување на базените при што беше направена посета на еден од најсовремените базени во Израел, лоциран во Нетања. Делегацијата на Охрид оствари средба и со Рони Киршнер, директор на…

повеќе...

Охридските училишта подготвени за почетокот на учебната година

Во пресрет на почетокот на учебната година, градоначалникот Никола Бакрачески одржа редовен работен состанок со директорите на охридските основни и средни училишта. На средбата присуствуваше и директорот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ при што се разгледаа одредени аспекти од работењето на оваа воспитна институција. Директорите го информираа градоначалникот Бакрачески за сите преземени активности во рамки на институциите кои ги раководатпри што од негова страна беше посочено дека ќе имаат максимална поддршка во создавањето предуслови за унапредување на образовниот процес во градот. Притоа беше подвлечено дека општината максимално ќе се заложи и ќе…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средба со жителите од УЗ „Воска“

Како добра практика за подобра комуникација со граѓаните, која градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески ја применува од неговото доаѓање за градоначалник, денес оствари средба со жителите на Урбаната заедница Воска. Ваквите средби претставуваат извор на идеи и проекти кои се од круцијално значење за жителите, како и можни решенија за нивните проблеми од секојдневието. На ваквите средби покрај градоначалникот и неговиот тим од Локалната самоуправа, присуствуваат и сите директори од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Локалната самоуправа. Овој начин на работа на градоначалникот придонесува за реализација на приоритетните проектите,…

повеќе...

Интервју: Како работат директорите на охридските основни училишта?

Воспитно-образовниот процес е одговорна и комплексна работа која бара посветеност и одговорност од сите нејзини чинители, како од наставниците и стручните соработници, така и од учениците и родителите. За да биде сето тоа и сите тие фактори да бидат обединети и координирани на патот кон својата цел, потребно е нивниот заеднички водач и раководител – директорот, да биде пред се’ посветен и одговорен менаџер на училиштето со кое раководи. Kaко работат и колку се посветени на својата работа директорите на охридските училишта, ќе дознаете од симултаното интервју кое го водиме…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со делегација од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска прими делегација од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој. На средбата стана збор за соработката помеѓу Република Македонија и Европската банка за обнова и развој, која датира од 1993 година и се оценува за исклучително успешна. Претседателот Иванов, искажа благодарност за улогата и ангажманот на ЕБОР како еден од најголемите поддржувачи на развојот на Република Македонија, преку реализација на повеќе проекти, а како посебно значајни ги нагласи проектите од областа на патната инфраструктура, транспортот и енергетиката. Соговорниците разменија…

повеќе...