МОК обезбеди 60 илјади долари за РФМ

Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски обезбеди 60.000 долари за најдобрите македонски ракометари, во насока на нивни што е можно подобри подготовки за ЕП во Полска, каде што може да се избори директно учество на ОИ РИО 2016, а доколку биде потребно и на квалификациониот турнир за учество на Олимписките игри. Финансиските средства се веќе на сметка на РФМ и МОК верува дека нашите најдобри ракометари во 2016 година, ќе го дадат своето најдобро и ќе го реализират сопствениот, а и сонот на сите граѓани на Македонија. Во исто време,…

повеќе...

Крводарителска акција во ФТУ Охрид

Црвен крст Охрид го заокружува ангажманот во крводарителството за оваа година, со организирање на редовна крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид која ќе се реализира, утре (вторник) од 10-14 ч. во ФТУ. Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и сите хумани охриѓани кои сакаат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот, да учествуваат на крводарителската акција.

повеќе...

Талентирните деца во Македонија бараат ангажираност од сите нас

Во рамките на 5. издание на Skopje Design Week, беше промовирана и иницијатавата „Добар проект”. „Добар проект” има за цел да истакнува проекти кои ќе им помогнат на исклучително талентираните деца во Македонија да ги остварат своите потреби за надградба, учества во натпревари и усовршувања. Прв добар проект е 10 годишниот Милан Дучевски, пијанист, добитник на 6 први награди кој заедно со својот ментор, Маја Стојановиќ од Пијано Форте треба да отпатуваат на европското првенство во Италија во април, следната година. За таа цел, потребно е да собереме 3.500 евра…

повеќе...

Донација од Владата на Чешката Република

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија претставувано од страна на Државниот секретар во Министерството, Анастасија Илиеска и Амбасадорот на Чешката Република во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Рамеш денес потпишаа Декларација за донација од Владата на Чешката Република во насока на обезбедување на соодветен хуманитарен третман на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија. Донираната материјалната помош се состои од 2 генератори за струја, 10.000 ќебиња, 5000 мантили за дожд, 4880 изотермални фолии, 500 термални подлоги за вреќи за спиење, 500 навлаки од вреќи за спиење, 500 вреќи за спиење, и…

повеќе...

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ со донација за социјално ранливите дечиња

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“, Велгошти ја продолжува соработката со наставниот кадар, со тоа што овој пат донираше училишен прибор за социјално ранливите дечиња. „Од Лајонс клубот „Десарети“ издејствуваа школски прибор за овие дечиња. Соработката е на високо и завидно ниво со Советот на родители. Родителите од училиштето се интересираат комплетно за воспитно образовниот процес, што е за пофалба,  за проблемите кои се актуелни и за работи што се заеднички интерес за сите.“-вели директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски. WebOhrid

повеќе...

Агенцијата за цивилно воздухопловство доби нова информатичко технолошка опрема од ТИКА

Турската интернационална Агенција за соработка и развој (ТИКА), на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и донираше нова информатичко технолошка опрема. Донацијата, на директорот на македонскиот регулатор во воздушниот сообраќај, Горан Јандреоски, денес официјално му ја предаде потпретседателот на ТИКА, Али Маскан. На состанокот по повод примопредавањето на донацијата, покрај делегациите од ТИКА и АЦВ, присуствуваа и претставници од Министерството за транспорт и врски. Изразувајќи голема благодарност за добиената информатичко технолошка опрема, директорот на АЦВ, Јандреоски, посочи дека истата е од огромно значење, за зајакнувањето на капацитетите и функционалноста на Агенцијата…

повеќе...

Ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на охриѓанецот Марјан Вељаноски

Црвен крст Охрид, информира дека музичкиот настан-промоција на албумот „Ретро перспектива“ на младата џез пејачка Стефанија Милеска од Битола, кој денес ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот ќе биде со хуманитарен карактер. Влезот за присуство на настанот останува слободен, а на влезот во големата сала ќе бидат поставени собирни каси на Црвен крст Охрид во кои ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на нашиот сограѓанин, 30-годишниот Марјан Вељаноски. Во договор со пеачката Стефанија, и дел од средствата од продажбата на…

повеќе...

Донација од Република Чешка за МВР на Република Македонија

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија м-р Митко Чавков и Амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Рамеш, денеска го посетија Прифатниот центар за мигранти во Табановце. Во рамките на посетата беше потпишана декларација за донација од Република Чешка за Министерството за внатрешни работи, односно за потребите на Прифатниот центар во Табановце. Донацијата се состои од 10 големи шатори (6×9 метри) со систем за греење, 150 кревети со душеци на надувување со соодветни пумпи, 150 ќебиња и 150 вреќи за спиење. Вкупната вредност на донацијата изразена во евра…

повеќе...

Доделени повеќе од 100 хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства

Во тек е кампањата на Црвениот крст за Неделата на борба против гладта насочена кон собирање на прехранбени производи и финансиски средства наменети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. Досега се поделени хуманитарни пакети на повеќе од 100 социјално загрозени семејства. Утре во 12:00 часот пред седиштето на Црвен крст Охрид ќе бидат поделени хуманитарни пакети обезбедени од страна на Лајонс клуб Охрид.

повеќе...

Доделени хуманитарните пакети за социјално најзагрозените граѓани

По повод 16-ти Октомври, Светскиот ден за борба против гладта, кој годинава се одбележува под мотото „Помислете и на нас“, денеска во општинската организација на Црвен Крст , заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев, подели 60 хуманитарни пакети за социјално најзагрозените граѓани. Во хуманитарната акција, што ја спроведува Црвен Крст со подршка на Локалната самоуправа, вчера се вклучи градоначалникот Никола Бакрачески, кој заедно со најблиските соработници во маркетот „Тамаро“ , купи прехрамбени и производи за одржување хигиена, кои се дел од хуманитарните пакети. Во рамките на Неделата за борба…

повеќе...