Македонија произведува безбедна храна- За дома и за извоз

Воспоставување на нови бизнис партнерства за идна соработка, размена на искуства за производство на храна и презентација на најновите технолошки достигнувања за квалитет и безбедност во производствениот процес се главните цели на „Фестивалот за хигиенски дизајн и храна“ кој од денес до петок се одржува на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид со поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија. Како што објасни Владимир Какуринов, извршен директор на Консалтинг и тренинг центар „КЛУЧ“ од Мекедонија – регионална секција на највлијателната европска…

повеќе...

Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани на Театарскиот фестивал во Кочани

„Да се има брат е вистинско богатство, а да се има сестра уште поголемо“ е пораката што вчера актерите на Патувачкиот театар од Вевчани на еден спектакуларен начин ја пратија на најмладата публика во Кочани. Театарската претстава „Јованче и Марика“ во режија на Душко Кукоски се натпреварува во официјална конкуренција на 51 издание на ДАФ – Кочани кој свечано беше отворен на 25-ти мај, а трае до 30-ти Мај. Вистинско воодушевување за публиката беа најмладите членови на Патувачкиот театар, Давор Бетоски и Ева Костојчиноска во улогите на Јованче и Марика.…

повеќе...

Охрид ќе учествува на Фестивалот на европските езера во Италија

Делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот, Никола Бакрачески, ќе учествува на Шестото издание на Фестивалот на европските езера што од 29-ти мај до 2-ри  јуни се одржува во Исео, Италија како и на вториот глобален состанок на официјалните делегации од членките на Европската мрежа на езера што на 30-ти мај се одржува во овој италијански град. Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој на денешната средба со новинарите се осврна на годинешната програма на фестивалот. „Фестивалот на европските езера годинава ќе трае четири дена и во…

повеќе...

Грандиозното оперско дело „Кармина Бурана“ за старт на Охридско лето

Сензационалното, музичко и театарско, витално и енергично шоу, дизајнирано за пошироката публика, љубителите на музиката и изведувачките уметности, едно од најмаркантните музички дела на дваесеттиот век, – сценската кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф ќе го отвори јубилејното 55то издание на фестивалот Охридско лето. Годинава на 12-ти јули на Античкиот театар, на денот кој е симбол за неповторлив настан, концерт на најславните и најуспешните светски уметници, грандиозениот мултимедијален проект, реализиран од страна на продукциската куќа “Ла Фура Делс Баус”, со сигурност ќе биде невиден спектакл и голема атракција…

повеќе...

Вечерва ќе биде отворен Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“

Вечерва во 20:30 часот во предворјето на црквата Св.Софија, со премиерата на театарската претстава „ДЕСПИНА ЌЕ ЈА ГРАБИМЕ…НИКОЈ ДА НЕ ЗНАЕ…“ во изведба на аматерската актерска група на младите волонтери на Црвен крст Охрид ќе биде отворен овогодинешниот Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Од 25-28 мај, охриѓани, но и гостите-туристи ќе имаат можност да уживаат во актерските вештини на преку 50 младинци актери-аматери од организациите на Црвениот крст од Охрид, Крагуевац, Битола и Требиње, кои заедно со режисерите, текстописците сценографите својата креативност и талент ќе ги изразат преку театарски…

повеќе...

Познати местото и датумот на одржување на „Канеофест 2015“

27-ми јуни е датумот на отворањето на 14-тото по ред издание на фестивалот на новокомпонирни забавни и народни мелодии, „Канеофест 2015“. Фестивалот  кој е во организација на ТВ Морис Охрид и годинава ќе биде одбележан со две фестивалски вечери. „Првата вечер ќе биде вечер на народна, македонска новокомпонирана музика каде изведувачите ќе се натпреваруваат за бројни вредни награди, а ќе бидат оценувани од стручно жири и според гласовите од публиката.“- велат организаторите. Втората фестивалска вечер, 28-ми јуни е резервирана за новокомпонирана забавна музика. Фестивалот годинава ќе се одржи во НУ Центар…

повеќе...

Togepi Crew најдобри на „Codefest“

Викендов во Охрид се случуваше настан кој успеа да собере на едно место голем број на млади, талентирани и способни студенти, професионалци од академските води и бизнис секторот, претставници од ИТ компании, инспиративни говорници и 32 часови непрекинато кодирање под мотото „Истрага на местото на кодирањето“. Codefest во своето трето и досега најдобро издание, зрачеше со енергија и позитивни вибрации меѓу учесниците, организаторите и волонтерите и сите кои беа присутни на настанот. Во текот на настанот имаше разновидност од работни сесии, забавни активности, дискусиони панели на разни теми, говори, презентации…

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ дел од „Игра без маска – Театар без дискриминација“

Вчера ОУ „Христо Узунов“ од Охрид учествуваше на интернационалниот драмски фестивал за лица со и без хендикеп „Игра без маска – Театар без дискриминација“ на големата сцена во Македонскиот Народен Театар . Фестивалот имше натпеварувачки карактер и единствен од ваков вид на Балканот. Актерските групи со мешан состав на учесници, лица со и без хендикеп кои заедно ги бранеа боите на својата земја, кои доаѓаа од Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и секако, земјата домаќин, Македонија. Играта на даските што живот значат е важен сегмент и во културниот, но…

повеќе...

Охридскиот Народен Театар гостува на фестивалот „Денови на Нушич“ во Србија

Охридскиот Народен Театар во сабота, 18-ти април ќе гостува на фестивал „Денови на Нушич” во Смедерево – Србија, со хит претставата „Детектор за лаги“, во режија Ненад Витанов. Годинава се одржуваат 32-рите „Денови на Нушич”. Фестивалот е основан во 1984 година во чест на Бранислав Нушич кој своето детство и младост ги поминал во Смедерево. „Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра…

повеќе...

Третото издание на Codefest ветува возбудлив настан овој април

Овој април Codefest ќе го реализира своето трето издание, годинава под мотото „Истрага на местото на кодирањето“. Настанот ќе се одржи на 18-19 април на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Codefest се покажува како добро формиран настан кој самиот за себе прераснува во бренд во Македонија, а за тоа говори и растечката тенденција на настанот со двојно зголемување на интересот и бројот на учесници помеѓу првата и втората година. Организатори на настанот се студенти и дипломци на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, кои по своја…

повеќе...