Скопје – град кандидат за ЕУРО 2020, ФФМ официјално поднесе кандидатура

Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално ја поднесе кандидатурата за организација на Европското фудбалско првенство 2020 година. Континенталниот шампионат во 2020 година кога УЕФА одбележува 60 години од првото Европско првенство ќе го организираат 13 градови од стариот континент.  Нашиот главен град, Скопје и Националната арена „Филип Втори“ е еден од потенцијалните домаќини на натпревари од групната фаза за ЕП 2020. Одлуката на Европската фудбалска асоцијација кои 13 градови и стадиони ќе бидат домаќини на ЕП 2020 ќе биде објавена во септември во Истанбул. Во периодот од мај до август…

повеќе...

ФФМ со ново лого, знаме и слоган – Одржано редовно годишно собрание

Денес во Скопје се одржа редовно годишно собрание на Фудбалската Федерација на Македонија. На собранието се усвоија: – Извештајот на Независниот ревизор, – Завршната сметка за 2013 година, – Буџетот на ФФМ за оваа година. Се усвои и извештајот на УО на ФФМ како и предложените измени на дисциплискиот правилник и правилникот за судии и судење на ФФМ. Се направија статутарни измени – измена на чл. 3 од Статутот на ФФМ и од денеска ФФМ ќе има нов визуелен идентитет, ново лого, знаме и слоган.

повеќе...

Викенд-натпреварувањата продолжуваат согласно календарот – почит ќе биде оддадена со едноминутно молчење

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека сите натпреваруварувања за време на викендот продолжуваат согласно календарот за натпревари. Во чест на трагично загинатиот директор на фудбалската репрезентација на Македонија г-н Петар Милошевски, ќе биде оддадена почит со едноминутно молчење пред почетокот на сите натпревари.

повеќе...

Фудбалската паралелка од спортската академија – пример за успешен проект

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски оствари работна средба со министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасевски. На средбата во „Куќата на фудбалот“ разговараа за начинот на кој функционира и работи фудбалската паралелка од Спортската академија. Претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски ја презентираше програмата за работа на фудбалската академија и изрази задоволство од насоката во која се движат младите фудбалери, посебно истакнувајќи ги информациите дека околу 80 отсто од учениците се носители на генерациите во кои настапуваат. „Во фаза…

повеќе...

Работен состанок на ФФМ со делегатите од Прва и Втора Лига

Натпреварувачката комисија на ФФМ со делегатите од Прва и Втора Лига одржа работен состанок пред почетокот на финалниот круг од националното фудбалско првенство. На состанокот се дискутираше за актуелностите со кои се соочуваат делегатите на натпреварите, се даваа конструктивни предлози за обврските со кои се соочуваат и предлози за соочување со непредвидени ситуации. Иницијативата на ФФМ е во насока да се содржат сите предуслови за квалитетен тек на финалниот круг од првенството и да се укаже на намерата дека на сите клубови и фудбалски работници ќе им биде овозможено фер…

повеќе...

Македонската А репрезентација ги започна подготовките за натпреварот против Латвија

Македонската А репрезентација ги започна подготовките за пријателскиот натпревар против Латвија кои ќе се одигра во среда на Националната арена „Филип Втори“ во 19:00 часот. Селекторот на „рисовите“ Бошко Ѓуровски го одработи првиот тренинг со репрезентативците спроти неговото деби на селекторската функција против Летонија. „Ова е нов почеток за сите нас, прифативме голем предизвик и максимално треба да се посветиме на исполнување на обврските. Подготовките пред натпреварот претставуваат еден вид наше запознавање со играчите, пред се карактерно.  Се надевам дека ќе ги прифатат моите принципи на работа, идеите ќе ги…

повеќе...

Селекторот Ѓуровски го објави списокот на играчи за натпреварот со Латвија

Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски го објави списокот на играчи за контролниот натпревар против Латвија кои ќе се одигра на 5 март 2014 година на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. На повикот на Ѓуровски на 2 март во хотелот „Гранд Плаза“ треба да се јават следните 22 фудбалери. ГОЛМАНИ: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија) ОДБРАНА: Даниел Георгиевски (Стеауа, Романија), Александар Тодоровски (Штурм, Австрија), Бобан Грнчаров (Таврија, Украина), Ванче Шиков (Волин, Украина), Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Горан Попов (ВБА, Англија), Кире Ристевски (Славија,…

повеќе...

Состанок на раководството на ФФМ со клубовите од прва и втора лига

На работниот состанок меѓу Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и претставниците на клубовите од Првата и Втората фудбалска лига се дискутираше на актуелни теми кои значително влијаат и можат да придонесат за развој на натпреварувањето. Едно од важните прашања кои беа дискутирани се однесува на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија за задолжителен настап на најмалку еден фудбалер до 21 година во почетниот состав на екипите во натпреварите од Првата лига. Клубовите позитивно се изјаснија во однос на одлуката на Управниот одбор на федерацијата, јасно нагласувајќи дека…

повеќе...

Македонија ќе ја дочека Новата Година на 83-то место според ФИФА

Репрезентацијата на Македонија забележа скок од едно место на ФИФА рејтинг листата. Според денешната најнова листа, фудбалската репрезентација на Македонија се најде на 83 место. Нема промени на врвот на ФИФА рејтинг листата, каде се наоѓаат Шпанија, Германија и Аргентина. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Сејшелите, со скок од +24 места се најде на 176-то место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Куба од -53 места и се најде на 100-то место. WebOhrid

повеќе...

Предлог за промена на правилото за настап на млади фудбалери

Во Фудбалската Федерација на Македонија се одржа работен состанок помеѓу селекторот, Бошко Ѓуровски и тренерите од Првата Лига. Селекторот Ѓуровски во неговото обраќање ги повика на соработка клубовите. Предлогот беше прифатен едногласно од страна на сите присутни на состанокот. Во продолжение беше доставен и предлогот за промена на правилото за настап на млади фудбалери во натреварувачката сезона 2014/2015. – Во Прва МФЛ, задолжително да има 1 (еден) играч до 21 година во први 11, и задолжително неговата измена да биде со играч до 21 година. – Во Втората МФЛ, задолжително…

повеќе...