Археолошкото злато од Македонија претставено пред светската публика

Во престижниот национален Келтско-римски музеј во Манхинг, Република Германија синоќа во присуство на бројни гости од археолошката фела, градоначалници, конзули, дипломати и љубители на уметноста беше отворена меѓународната изложба со наслов „Златното лице на непознатиот македонски крал – Македонците и Келтите од брегот на Охридското Езеро”, проект кој се реализира со поддршка на Kомисијата за образование, аудиовизуелност и култура при Европската Унија во рамките на проектот „Clash of Cultures“. Германската, но и пошироката европска јавност во текот на наредните месеци ќе има можност да се запознае со извонредното културно богатство…

повеќе...

Македонски артефакти на изложба во Германија

Меѓународната изложба „Златните лица на македонските кралеви-Македонците и Келтите од Охридскиот регион“, дел од проектот на Европската унија „Судир на културите“, координиран од универзитетот од Приморска, в среда ќе биде отворена во Келтско-римскиот музеј во Манхинг, Германија. Ова на денешната прес-конференција го најавија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорите на Управата за заштита на културното наследство и на Археолошкиот музеј Виктор Лилчиќ и Весела Честоева. Во изложбата, која ќе биде отворена до 16 ноември, партиципираат Археолошкиот музеј на Македонија, Заводот за заштита на спомениците на  културата и музеј Охрид,…

повеќе...

Претседателот Иванов оствари проштална средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. Гудрун Штајнакер

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во проштална средба го прими амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. Гудрун Штајнакер. Претседателот Иванов, изрази благодарност за досегашниот личен ангажман и придонес на амбасадорката г-ѓа Штајнакер, во унапредување на билатералните односи и интензивирање на соработката меѓу двете земји. На средбата беше изразено взаемно задоволство од севкупниот досегашен развој на билатерален план, кој континуирано бележи позитивен тренд, како на економско поле така и во општествено политичките сфери. „Германија, како водечка европска држава и како еден од најзначајните економски партнери на Република…

повеќе...

Гастрономски и гурмански тури низ Македонија

Холандскиот водич за гурмански тури “Gosto travel”, е компанија која организира гастрономски патувања, а во својата понуда ја има и Македонија. Иницијативата за организирање на гурмански тури низ Македонија за холандските туристи започна со издавањето на готвачот на холандски јазик на Жаклина Темелковска насловен “Сеќавањата на македонската кујна”. На следниов веб сајт сите заинтересирани гурмани можат да прочитаат голем број рецепти од традиционалната македонска кујна: http://www.macedonischekeuken.nl На интернет страната на холандскиот водич за гурмански тури “Gоsto travel”, http://www.gostotravel.nl може да се погледне целокупната програма која вклучува посета на културните знаменитости…

повеќе...

„Охридски разговори“ меѓу полициски експерти на МВР и на германската покраина Бранденбург

„На патот кон нашето евроатланско интегрирање, Сојузна Република Германија е традиционален и докажан пријател на Република Македонија, а државата Бранденбург – сигурен партнер во изградбата на модерна и професионална македонска полиција“. Ова денеска на свеченото отворање на 12 – от циклус „Охридски разговори” го истакна помошникот министер за внатрешни работи Сали Рамадани. Тој  нагласи дека како резултат на редовните билатерални средби во досегашниот тек на соработката утврдена  е одредена правна рамка за развивање на таа соработка која ја вклучува Заедничката декларација за соработка, продолжување и интензивирање на размената на искуства…

повеќе...

Италија, Германија и Франција со најуспешни кајакари се враќаат од Европското во Македонија

Четиристотини кајакари и кајакарки, стручни штабови и навивачи кои ги бодреа своите миленици, тоа беше сликата на Матка изминативе четири дена, за време на одржувањето на Европското првенство во кајак на диви води за јуниори и сениори до 23 години. Организацијата, според очекувањата помина во најдобар ред, а натпреварувачите задоволни од она што им го понуди една од најнепредвидливите кајак патеки во Европа, со позитивни импресии се вратија во своите матични држави. „Слободно можам да кажам дека ова е едно од најдобро организираните првенства во кајак за јуниори и морам…

повеќе...

Германска компанија ќе инвестира во Македонија, нови 500 вработувања

Германската компанија „Техникал текстил“ ќе инвестира во Македонија. Со оваа нова инвестиција што вечерва ја најави сопственикот на компанијата, во првата фаза ќе се отворат од 500 до 600 работни места. Станува збор за компанија која се занимава со производство на изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија. Во првата фаза планирано е да бидат инвестирани 12 милиони евра, а фабриката во Македонија ќе биде лоцирана во технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Согласно планот, се очекува изградбата на фабриката да започне од август годинава. Планираниот извоз во првата година…

повеќе...

Средба на раководството на СДСМ со амбасадорката на Германија Штајнакер

Изборниот процес и моменталната политичка ситуација во Македонија, беа главните теми на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски, со амбасадорката на Сојузна Република Германија Гудрун Штајнакер. „Запознаена целосно со извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, којшто е клучен и за Европската Унија, како и со нотираните неправилности од страна на домашните набљудувачи МОСТ и ЦИВИЛ, амбасадорката Штајнакер подетално се интересираше за сите нерегуларности во изборниот процес, евидентирани и од СДСМ. СДСМ како најголема опозициска партија, има обврска кон граѓаните да не ги легитимира недемократските процеси и државата да…

повеќе...

Градоначалникот оствари работна средба со германски инвеститори од автомобилската индустрија

Во насока на подигање на локалниот економски раст и  развој во Охрид  не стивнуваат интензивните напори на локалната самоуправа да создаде услови за привлекување на домашни и странски инвеститори. Во тие рамки денес градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо и надлежните  од Секторот  за  туризам и локален економски развој оствари работна  средба со претставници од  германски гигант во делот на автомобилската  индустрија. Тема на разговор на состанокот беа  можностите кои локалната самоуправа може да им ги даде на инвеститорите од Германија…

повеќе...

Американски и германски компании доаѓаат во Македонија со проекти за инвестирање

Германски и американски компании чии седишта се во Германија, во наредниот месец ќе ја посетат Македонија, со цел да ги финализираат нивните потенцијални проекти од аспект на соодветна локација, работна сила и други детали поврзани со инвестициите. Станува збор за компании од автомобилската, машинската, електро индустријата и банкарскиот сектор во околината на Дизелдорф, Штутгарт и Франкфурт. Средба со претставници на компаниите остварија министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, кои ја завршија четиридневната посета на Германија, како дел од редовните…

повеќе...