Се интензивира реконструкцијата на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Во поодмината фаза се градежните активности за реконструкција на централниот објект од ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ во Охрид. Деновиве паралелно се работи на реконструкција на кровот, се поставува нова фасада со енергетска ефикаснист и се реновираат детските санитарни јазли во објектот.Предвидена е и промена на старата дограма која ќе започне по завршување на кровот. Цeлта на активностите е подобрување на условите за престој на децата, подобрување на условите за работа на вработените лица и постигнување на подобра енергетска ефикасност , односно намалување на трошоците за тековно одржување и истовремено намалување на емисијата…

повеќе...

Презентирани условите за запишување на првоодделенчињата во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денес во детската градинка „Росица“ се изврши презентација на политиката за запишување на децата од најголемата група (идните првооделенчиња) во градинките во ОУ „Св. Климент Охридски“. Презентацијата ја извршија директорот  на училиштето, Јордан Пуроски и наставниците. „Родителите се запознаа со единствените услови кои ги нуди училиштето и имаа можност да поставуваат прашања на кои им беше одговарано, со цел да добијат што подобра слика за установата. Секое дете си доби мал подарок од училиштето.“– велат од училиштето.

повеќе...

Промовиран проектот „Детски бонтон“

Во рамките на проектот „За сите деца“, што се реализира во општини во кои има група во предучилишните установи каде наставата се реализира на турски јазик, во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, денеска со пригодна приредба, беше промовиран проектот „ БОНТОН“- однесувај се убаво и пристојно. Носители на проектот се ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ , Секторот за образование при Локалната самоуправа и СВР Охрид, а дел од него е издавањето на прирачникот „Ѕвони ѕвон за бонтон“, преведен на турски јазик. Прирачникот го промовираа децата од турската група во детската градинка „Росица“ . Заменик…

повеќе...

Дечињата од „Јасна Ристеска“ во посета на ОУ „Григор Прличев“

Денес дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ во придружба на нивните воспитувачки го посетија училиштето „Григор Прличев“. Во тек е уписот на првачиња за учебната 2016/17 година и дечињата имаа можност да го разгледаат училиштето и да се запознаат со вработените. „Посетата се одвиваше во периодот кога дел од нашите ученици имаа часови, така што симболично беа запознаени со нивните идни ученички активности. Покрај наставниците кои предаваат во нашето училиште учениците се запознаа со психологот на училиштето, како и наставничката по германски јазик која предава во паралелките по германски јазик во…

повеќе...

ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во вторник домаќин на кампањата „За сите деца“

ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид на 10ти мај (вторник) во 10:00 часот во објектот „Росица“ – Лескајца ќе биде домаќин на кампања „За сите деца“. Кампањата се состои во промоција на прирачникот „Ѕвони ѕвон за бонтон“ преведен на турски јазик. Дечињата од турската група ќе презентираат дел од содржините на прирачникот. ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ заедно со Секторот за образование е носител на проектот БОНТОН – однесувај се убаво и пристојно во чии рамки е изработен и прирачникот.

повеќе...

Најмладите од градинката „Росица“ ја посетија езерската полиција

Педесетина деца од детската градинка „Росица“ денеска ја посетија полициската станица за граничен надзор-Охридско езеро. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и со заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро како и за другите мерки и корисни информации поврзани со работата, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостоен инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција. Најмладите, на денешниот едукативен…

повеќе...

Најмладите од градинката во Велгошти ја посетија библиотеката во ОУ „Живко Чинго“

Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска” од објектот во Велгошти, денес ја посетија училишната библиотека при ОУ „Живко Чинго” во с.Велгошти. Посетата се реализира со цел, дечињата од мали нозе да развијат љубов кон книгата. Тие имаа можност да се запознаат со начинот на работење на училишната библиотека, ги разгледуваа многубројните книги, лектири и сликовници со кои што располага библиотеката. За време на посетата библиотекарката Снежана Стојановска им ја прочита сликовницата „Грдото пајче“, која децата ја следеа со големо внимание. На крај на посетата следуваа и прашања кои ги поставуваа љубопитните…

повеќе...

Зголемен бројот на згрижени деца во градинките

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година (состојба на 30 септември), вкупниот број на деца во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки/центри за ран детски развој, изнесува 32660 што претставува зголемување за 8.5% во однос на 2014 година. Со годишните извештаи во 2015 се опфатени 82 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 12.3% повеќе во однос на 2014.  Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните  развојни потреби на возраст до 6…

повеќе...

Отворена детска градинка во Пештани

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , Заменик министерот за труд и социјална политика , Диме Спасов и Генералниот конзул на Р. Бугарија во Р. Македонија Теодор Русинов, денеска ја ставија во употреба детската градинка во посебни просторни услови во село Пештани. Станува збор за четвртата по ред детска градинка од ваков тип во охридскиот регион. Таа е сместена во ОУ „Св. Наум Охридски“ и во нејзини рамки функционираат занимална , кујна, пред простор , санитарни јазли и трпезарија. Вкупната вредност на проектот кој заедно го реализираа Локалната самоуправа, Министерството за…

повеќе...

Проектот „За децата појасно да го гледаат светот“ во охридската централна градинка

Проектот „За децата појасно да го гледаат светот“ ќе се реализира во  ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ за сите деца од 3-6 годишна возраст. Во проектот опфатени се осум градинки од Република Македонија, чија цел е превенција и рано откривање на оштетувањата на видот кај децата од предучилишна возраст. „Прегледите ќе се реализираат со соодветен план и распоред. Во нашата установа ова е втора фаза од реализирањето на проектот „За децата појасно да го гледаат светот.  Во првата фаза на 19.05.2015 година, беше реализирано предавање за родителите, децата и вработените од страна на…

повеќе...