Постоечкиот систем за наводнување на потегот од градскиот плоштад до хотел Палас, покрај пешачката патека по „Кеј Македонија“ е заменет со нов. Поставена е подземна инсталација на системот за наводнување и монтирани се 50 прскалки на овој потег.
повеќе...Tag: кеј
Ќе се реконструира охридскиот кеј
Ќе се реконструира кејот во Охрид. Познатото градско шеталиште ќе има автентичен лик и ќе се вклопува во изгледот на Охрид. Откако општинската комисија ги отфрли понудите идејни решенија на надворешни архитекти затоа што тие беа мегаломански со масивни платформи во вода, идејниот проект за реконструкција на кејот го изработуваат општинските стручни служби . „При изработката на проектот посебно се внимава да не се нарушува природниот еко систем на Охридското Езеро. Со охридскиот кеј не смее да се експериментира и истиот мора да ги задоволува стандардите и барањата на експертите.…
повеќе...Се доуредува и разубавува кејот во Пештани
Во рибарската населба Пештани во тек се активностите од втората фаза која се однесува на изградбата на пешачката патека по должината на езерскиот кеј од Рибниот ресторан кон Охрид. Во моментов завршени се 80 % од градежните активности . Во изминатиов период, просторот на патеката беше комплетно тампониран, а на површина од 450 метри квадратни поставени се бехатон елементи. По целата површина на патеката поставени се инсталации за ново улично осветлување како и инсталации за наводнување. Во моментов се уредуваат жардинјери и просторот се подготвува за хортикултурно разубавување. Втората фаза…
повеќе...Продолжува доуредувањето на кејот во Пештани
Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со активности за дооформување на шеталиштето на кејот на Охридското езеро во Пештани. Со овај зафат предвидено е поставување на бехатон плочки во должина од 750 м². По завршувањето на зафатот, ќе следи хортикултурно уредување, како и поставување на соодветно осветлување, клупи и канти за отпадоци на самиот кеј. Инаку, во Пештани општина Охрид во изминатата година комплетно го изгради и уреди едниот дел од кејот, односно од рибниот ресторан до поранешната полициска станица, а со уредувањето на делот од рибниот ресторан кон Охрид пештанци…
повеќе...Се расчистува месноста „Мазија“
Во месноста „Мазија„ во близина на Холандскиот Парк се расчистува обраснатата џбунеста вегетација (диви капини, трње и др.). „Со тоа зелената тревна површина ќе се прошири и полесно ќе се одржува. Ангажирани се 4 парковски работници и специјално возило за транспорт на зелениот отпад.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
повеќе...Пролетно освежување на дрворедот од албиции по градскиот кеј
Денеска екипите на „Паркови и зеленило” започнаа со пролетно освежување на дрворедот од албиции покрај пешачката патека по „Кеј Македонија”. Се врши кастрење на гранки и санирање на дрворедот на потег градски плоштад до поранешен хотел „Палас”. Во близина на музичкото училиште „Методи Патче”, за потребите на изградбата на пешачката патека, екипите на „Паркови и зеленило” ги отстрануваат корењата од дрвјата кои претставуваат опасност по инфраструктурните елементи кои се поставуваат.
повеќе...Екипите на „Јавна хигиена“ на терен го чистат кејот и чаршијата
Обилните врнежи од дожд и снег што го зафатија охридскиот регион изминатите два дена предизвикаа големи количини отпад од околните реки да се влеат во водите од Охридско Езеро. На градскиот кеј, езерскиот бран исфрли отпад: пластична, картонска, најлонска амбалажа и друг вид отпад. Јавна хигиена е ангажирана од раните утрински часови со сите расположиви ресурси и директно од езерските води се собира отпадот, а кејот се мети. Другата оперативна група е задолжена за отстранување на остатоците од снег по градската чаршија.
повеќе...Се чисти кејот во близина на Холандскиот парк
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска извршија чистење на градскиот кеј во близина на Холандскиот Парк. Овие активности се спроведоа по налог на општинскиот инспекторат согласно годишната програма за работа за 2014 година, во делот на вонредни активности за одржување на јавна чистота. „Со намалувањето на водостојот на Охридското Езеро на овој потег натрупани се големи количини тиња кои се расчистени со употреба на специјална механизација, при што се подигнати и транспортирани околу 30 м3 отпад.“– велат од претпријатието.
повеќе...Екипите на „Јавна хигиена“ на терен – го подигнуваат паднатиот лист и се чисти кејот
За вработените од „Јавна Хигиена„ денешниов празничен ден започна работно од раните утрински часови. Синоќешното невреме проследено со силен ветер им донесе полни раце работа и тие се на терен расчистувајќи ги јавните површини од паднатиот лист, како и градскиот кеј од натрупаниот отпад. „Паднатиот лист се подига од сите улици, независно од категоријата на улицата, во централното подрачје и периферните делови од градот. Се расчистуваат тротоарите, коловозите и другите јавни површини.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Силниот бран на кејот исфрли големи количини отпад кои во текот на денот…
повеќе...Малолетник затекнат во незаконит риболов со подводна пушка
Едно малолетник од Охрид е затекнат во незаконит риболов вчера во 18 часот и 35 минути од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Малолетникот роден 1999 година е забележан на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ во момент кога со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка врши незаконит риболов. По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор. На малолетникот одземена му е подводната пушка марка Ccessi-club, горен…
повеќе...