Министерката Јанкулоска утре во работна посета на Охрид

Утре, 14-ти октомври, во Охрид, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска ќе има обраќање на меѓународната конференција на тема „Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“. Дводневната конференција се одржува во организација на Министерството за внатрешни работи и е од затворен тип.

повеќе...

Шекеринска: Европската порака е пратена, Македонија е тргната по опасен пат

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес одржа прес-конфернција, на која истакна: „Власта ја доведе Македонија во ќорсокак. Тоа денес го потврди и Европската комисија. Извештајот е драматично покритичен во однос на истиот минатата година. Оценките се драстично полоши во однос на сите од соседството. Ова не е извештај за напредок, туку извештај на назадување и растечка загриженост. Ќорсокак, владин неуспех, назадување, чекори назад – тоа се зборовите кои доминираат во само една страна на резимето за Македонија. Владините неуспеси во клучни области ги загрозуваат реформите, со видливо НАЗАДУВАЊЕ во…

повеќе...

Конференција на високо ниво за вештини за иднината – Западен Балкан и Турција– настан за проверка на проектот “FRAME“

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денес се обрати на регионалната конференција „Вештини за иднината – Југоисточна Европа и Турција“, во организација на Европската Фондација за обука, во Тирана, Република Албанија. Министерот Адеми истакна дека човечките ресурси со што поседуваат вештини потребни на среднорочен и долгорочен план се во основата на петте приоритети на Владата на Република Македонија за развој на општество базирано на знаење, кои вклучуваат: зголемување на економскиот раст и на вработеноста, поквалитетен живот, интеграција во Европската Унија, одржување добри меѓуетнички односи, како и инвестирање во…

повеќе...

Охрид следната недела ќе биде домаќин на „Информатијада 2014“

Следната недела во Охрид ќе биде домаќин на   најголемиот ИТ настан на Балканот „Информатијада 2014“, како интернационално ИТ дружење. Повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на работилници и предавања на познати ИТ експерти од регионот, а истовремено и да се забавуваат и натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. На отворањето ќе се обратат Министерот за информатичко општество и администрација , Иво Ивановски, директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и главниот организатор на Информатијада 2014, Давор Поповски. Петдневното IT дружење ќе започне на 9-ти октомври…

повеќе...

Охрид домаќин на 5-от конгрес на анестезиолозите на Македонија

Професори, познати лекари, анестезиолози од неколку Европски земји учествуваат на Петтиот меѓународен конгрес на анестезиолозите на Македонија што од вчера до недела се одржува во Охрид. На синоќешното свечено отворање на Конгресот, присутните ги поздрави и топло добредојде им посака градоначалникот Никола Бакрачески. „Како градоначалник на Охрид, имам привилегија да се обратам на многу настани кои се одржуваат во нашиов убав град, и морам да признавам дека сум особено воодушевен кога настанот е од областа на медицината. Како доктор по медицина, јас сум убеден дека вакви конгреси се едни од…

повеќе...

Форумот на жени на СДСМ на европска конференција во Корчула

Претставнички на СДСМ, координаторката на Форумот на жени, Цветанка Ласкова и Снежана Калеска Ванчева, претседавач на Советот на Форумот на жени на СДСМ, беа меѓу жените учеснички од Балканот и Европа, на овогодинешната Корчуланска школа. Во формумот на тема: Форми на насилство врз жените учествуваа жени, лидерки, од лево ориентираните партии од целиот балкански регион, Австрија, Италија, Унгарија, како и од Европскиот форум за демократија и солидарност, ПЕС, ЦЕЕ.

повеќе...

Стојаноски: Веќе година и половина се импровизира со образованието во Охрид

Неодговорното однесување на градоначалникот Никола Бакрачевски и ВМРО-ДПМНЕ е на штета на учениците во Охрид. Веќе година и половина се импровизира со образованието во Охрид, обвини на денешната прес конференција координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид, Јован Стојаноски. „Воспитно – образовниот процес не функционира нормално и во соодветни услови. Помина цел месец од почетокот на учебната година а новоформираното средно економско училиште Св. Кирил и Методиј се уште нема стручна педагошко -психолошка служба. Во училиштето нема ниту помошник директор, ниту секретар. Дополнителна причина зошто училиштето на може да функционира…

повеќе...

Спасески: Бакрачески за година и половина направи повеќе од колку СДСМ Охрид за цели 8 години

Жестока реакција на Општина Охрид уследи по прес конференцијата на СДСМ. Секретарот Димитар Спасески посочи дека СДСМ повторно ги испревртува фактите и вистината, и седмици по седницата за советнички прашања излегува во јавнсота со прес конференции преку кои безуспешно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и зимислици. Спасески кажа дека од како е дојден на власт градоначалникот Никола Бакрачески за прв пат во историајта на Охрид долгот се намалил за 4 милиони евра, изградени се илјадници метри квадратни асфалт на улиците, нови тротоари, нова водоводна мрежа вредна над…

повеќе...

СДСМ: Откако ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се на власт во Охрид, градот година ипол тапка во место

Откако ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се на власт во Охрид, градот година ипол тапка во место, обвинија на денешната прес- коференција од ОО на СДСМ Охрид. „Ништо од изградбата на дом за стари лица! Ништо од изградбата на автобуската станица! Ништо од Затворениот пазар! Ништо од развојната зона Мауцкер! Ништо од градењето на затворениот базен! И едно големо ништо од ревитализацијата на Студенчишкото блато! За ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески Студенчишкото блато не е природен феномен и нема особено значење, бидејќи на тоа токму на тоа место тие ќе градат градска марина!…

повеќе...

Делегација на СДСМ на годишна конференција на Лабуристичката партија во Манчестер

На покана на Лабуристичката партија, делегација на СДСМ предводена од претседателката на Градската организација на СДСМ, Софија Куновска, учествува на нивната партиска годишна Конференција во Манчестер. Куновска оствари средба со Гарет Томас, член на Парламентот и министер за Европа на Владата во сенка на Лабуристичката партија, на којашто стана збор за актуелната политичка ситуација во Македонија и за новата Стратегија на СДСМ. Претседателката на Градската организација, Куновска оствари и кратка средба со Ричард Ховит, на којашто досегашниот известувач за Македонија во ЕП ја изрази својата грижа за Македонија со надеж…

повеќе...