Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта веќе петти ден се без електрично напојување. Тие, поради револт кон ЕВН, утре во 12:00 часот организираат протест. „Ги повикуваме сите да го подржат протестот, да се изврши притисок кон неодговорното однесување на ЕВН. Поаѓањето од Куратица е утре во 11:00 часот, оттаму тргнува Бале Турс и останатите возила, кој ќе доаѓа од Охрид да биде во 11:45 наспроти Охридска банка (поранешен први мај).“– велат од Месната заедница од Куратица.
повеќе...Tag: куратица
Градоначалникот Бакрачески во Куратица по повод празникот „Голема Богородица“
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески синоќа присуствуваше на општонародната прослава на големиот христијански празник Голема Богородица во селото Куратица. Градоначалникот покрај вечерата и прославата, ја посети и црквата во Куратица. На одбележувањето беше приредена и културно уметничка програма со настап на естрадни имиња.
повеќе...Денес по 11-ти пат ќе се одржат „Курајчки средби“
По 11-ти пат Куратица ќе биде центар на зближување на своите иселеници, манифестација која традиционално се одржува во летниот период од годината, кога голем број нашинци доаѓаат од странство во родното огниште, кај своите најблиски. Месната заедница од селото Куратица како организатор на оваа манифестација и оваа година на сите курајчани кои живеат во самото село, на иселениците низ целата Република како и на нашите гости и иселеници по Европа, Америка, Австралија и светот, кои годишните одмори ги поминуваат во својот роден крај на овој единствен начин скоро една деценија…
повеќе...„Традиционална жетва во Куратица“ го освои третото место на Карневалот во Прилеп
Здружението на граѓани „Св.Василиј“ од Куратица и оваа година учествуваше на меѓународниот Карневал „Прочка 2014“ во Прилеп, и ја докажа својата успешност. Групната маска од 40 учесници „Традиционална Жетва во Куратица“, имаше цел пред многубројната публика да претстави традиционално жнеење на житото со срп, како рачно се пренесувало до гумењето, даревањето на стежерот, вршење на житото, како стигнува крајниот производ пченицата, со рачна машина. „Веднаш после изведбата веќе ги добивме првите честитки за прекрасен настап, што и наговестуваше за можна награда. Од приближно 2000 маски учесници од земјава и странство,…
повеќе...Древниот Египет и Прилепски свадбари победници на овогодинешниот Курајчки Карневал
Заврши шеснаесетото издание на Курајчкиот Карневал на кое зедоа учество голем број на маски. Од детските маски третото место им припадна на маската со тема „Панкерот не е мртов“, второто за „Раѓањето на Исус“, а првото место за „Древниот Египет“. Додека кај возрасните маски трето место им припадна на „Василичарите од Бардовци“, второто место за „Ноќниот клуб Куратица“, а првото место им припадна на гостите од Прилеп со „Прилепски Свадбари“. Временските услови дополнително придонесоа за максимална посетеност и оваа година. Како покровител на манифестацијата оваа година е Општина Охрид. извор:…
повеќе...По 16-ти пат Василичарски карневал во Куратица
Курајчкиот карневал традиционално по 16-ти пат се одржува оваа година. Оваа година манифестацијата ќе трае 3 дена. „Традицијата што ја наследивме ја продолжуваме. Шеснаесеттото издание на Курајчкиот карневал во Куратица, веќе е подготвено. Оваа година манифестацијата ќе трае 3 дена. Почетокот беше синоќа со настап на „DJ Nasty Deluxe“ кој траеше до 2 часот после полноќ. Традиционалниот дел на карневалот започнува вечерва во 18:00 часот со збирање на групата околу василичарскиот оган. Таа секогаш брои околу 200 – 300 луѓе кои во 19:00 часот тргнуваат во посета на секоја куќа…
повеќе...Традиционално учениците од Куратица добија новогодишни пакетчиња
Учениците од Основното училиште „Ванчо Николески“, традиционално, ја испратија 2013-та со новогодишна забава. Како прва точка беше Македонско оро во изведба на учениците од 1-во до 8-мо одделение, по што следуваше претставата „Убавините на зимата“ со пријатните звуци на флејта и песната „Дедо Снешко“. За да биде забавата уште поинтересна се потрудија учениците од одделенска настава со драмата „Снежана и седумте џуџиња“. На крајот од новогодишната програма со песната „Божиќ за секој од нас“, учениците се заблагодарија за присуството на гостите и им посакаа Среќна Нова 2014-та година, со многу…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески ги посети реконструираните каптажи во Куратица
Денеска градоначалникот Никола Бакрачески и Амбасадорката од Сојузна Република Германија во Скопје, Гудре Штајнакер во атарот на село Куратица ги посетија каптажите на водоводниот систем на селото кои Локалната ги реконструира со финансиска помош на Германската амбасада. „Би ја искористил оваа прилика да се заблагодарам на амбасадорката и германската амбасада за целокупната поддршка на овој проект којшто беше аплициран веднаш после новиот состав на локалната самоуправа , во месец април 2013 година. Договорот за реконструкција беше потпишан во месец јули а целокупните работи околу каптажите завршија во…
повеќе...Марш по повод 110 години од битката кај Рашанец
Советот на месната заедница од с.Куртаица и Општина Охрид по повод 110 годишнината од битката кај Рашанец на 13 септември организира посета-марш до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче и неговите востаници. „Ја користиме оваа можност воедно да ги поканиме сите заинтересирани да се вклучат во маршот за обележување на најголемиот настан во Охридско – или во народот најпознат како втор „Мечкин Камен“, каде 117-те оружани востаници (со примитивно оружје и недоволно муниција) воделе нерамна борба со околу 3000 турски аскер“, – информираат од Советот на Месната заедница Куратица. Почеток…
повеќе...Седмиот натпревар во планински велосипедизам одржан во Куратица
Вчера (недела) во организација на Велосипедскиот Клуб Екодром, месна заедница на село Куратица и ВФМ, по втор пат на падините од планината Мазатар во чии долови е сместено селото Куратица се одржа седмиот натпревар во планински велосипедизам за бодовната листа од сезона 2013. Временските услови, повеќе од одлични по вчерашното невреме. Велосипедистите изненадени од чистиот планински воздух на 1.100 м.н.в. а патеката идеална за трка, набиената влажна земја без прашина наговестуваше брзи времиња на натпреварувачите. Џагорот и вревата сред село, дополнително ја зголемија странските туристи…
повеќе...