Отслужена литургија во манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ во горно Лакочереј

Денес, на денот кога го празнуваме великиот празник на Вознесението Христово, во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Г. Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа се изврши и свечена литија околу храмот. Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

повеќе...

Едукативно предавање „Реонскиот полицаец Ве советува“ во ОУ „Кочо Рацин“

„Реонскиот полицаец Ве советува“ е насловот на едукативните предавања што СВР Охрид денес во 11 и 12 часот ќе ги реализира во основното училиште „Кочо Рацин“ во Охрид и во Долно Лакочереј. Типизираните предавања содржат низа корисни информации за учениците поврзани со работата на полицијата, совети за безбедност на патот до училиштата и средби со непознати, совети за безбедно возење велосипед, безбедност од дрога и пиротехника, безбедност на интернет и други теми. Предавањата, што ќе се реализираат низ сите основни училишта во општинава, пред учениците ќе ги одржи инспектор од…

повеќе...

ОО на СДСМ Охрид бара од надлежните општински служби веднаш да го отстранат шутот од природната околина во Лакочереј

Во село Долно Лакочереј (кај мостот) денес секретарот и портпарол на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески одржа прес конференција на која истакна: „Погледнете го овој градежен шут во убавата природа среде Лакочереј. Секако не го создаде природата. Поставен е како неветен, а реализиран проект на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Со денови се носеа овде бетонот и каменот, на само метар од коритото на реката и на самите извори на вода за пиење. На повидок е еколошка катастрофа, а градоначалникот Бакрачески молчи. Зошто молчи Бакрачески? Дали можеби затоа што овие купишта…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Горно Лакочереј поради недозволено поседување оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава  против Б.М.(67) од Охрид. На втори април годинава околу 21 часот, во селото Горно Лакочереј при извршен преглед врз пријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Валтер“ со калибар девет милиметри и еден куршум кратко зрно од истиот калибар. Рачното огнено оружје е забележано во џеб од горната облека при преземање мерки за утврдување на идентитетот на сега пријавениот, а по претходно пријавена сообраќајна…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средби со жителите на Долно и Горно Лакочереј

Во рамки на агендата за посета на месните и урбаните заедници, градоначалникот Бакрачески синоќа оствари средби со жителите на Горно и Долно Лакочереј. На средбите покрај соработниците на градоначалникот беа присутни и претставници од јавните претпријатија. Ваквите средби се организираат со цел, запознавање на градоначалникот со секојдневните проблеми кои ги имаат жителите и заеднички изнаоѓање на решенија за истите. За голем дел од проблемите кои ги имаат жителите се пронајдени решенија токму преку ваквите средби. Покрај решавањето на проблемите од ваквите средби произлегуваат и голем број на идеи кои понатака како…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески утре во посета на Долно и Горно Лакочереј

Во рамки на посетите на месните заедници кои ги реализира градоначалникот Никола Бакрачески, утре со почеток во 18 часот ќе биде во посета во Горно Лакочереј, а во 19 часот ќе оствари средба со жителите на Долно Лакочереј. На средбите покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на јавните претпријатија. Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

Се расчистува патот Орман – Лакочереј

По налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамки на акцијата за расчистување на локалните и регионалните патишта на територијата на општина Охрид, денес екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ започнаа со расчистување на локалниот пат што води од селото Орман до селата Горно и Долно Лакочереј. Патот е во должина од 1 200 метри и за неговото чистење покрај оперативните екипи на ЈП „Охридски комуналец“ ќе се користи и полесна механизација. Акцијата се очекува да трае неколку дена и е продолжение на акцијата…

повеќе...

Пуштен во употреба патот од Долно до Горно Лакочереј

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски заедно со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, денеска го ставија во употреба реконструираниот локален пат од Горно до Долно Лакочереј. Реконструираниот пат е во должина од околу 3,5 километри и е реализиран со владина инвестиција од околу 18 милиони денари или приближно околу 300.000евра. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека ново асфалтираниот пат што ги поврзува селата Долно и Горно Лакочереј е многу битен за мештаните. „Поставени се уште дополнителни банкини на…

повеќе...

Кражба во куќа во Горно Лакочереј

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А(24) и Г.С(35) од Охрид, за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 28.05.2014 година, околу 22,30 часот, во куќа во с.Горно Лакочереј, охридско, С.А. со употреба на сила извршил тешка кражба, при што одзел метален сеф во кој имало златен накит, пари и лични документи, со што се стекнал со противправна имотна корист од 525.000 денари, додека Г.С. чувал стража пред куќата. Првопријавениот С.А. е пријавен и за уште пет кривични дела „тешка кражба“, од кои три во обид извршени во периодот од 23.05.…

повеќе...

Ново асфалтирана улица до Долно Лакочереј

Поставен е нов асфалт на улицата која од населбата „Радојца Новичиќ“ води до селото Долно Лакочереј со должина од 1 400 метри. Проектот е на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид, а се изведува во соработка со Агенцијата за државни патишта. На асфалтирањето му претходеше подготовка на теренот и поставување на нова канализациона мрежа во должина од 1 200 метри. Во наредниов период се  подготвува за асфалтирање  вториот дел од патот што ги поврзува  селата Долно и Горно Лакочереј.

повеќе...