Во Охрид одбележан Меѓународниот ден на таткото

Женскиот Центар „Бисера“ од Охрид и оваа година свечено го одбележа Меѓународниот ден на таткото, 15ти септември. На манифестацијата која се одржа во ОУ „Христо Узунов“ учествуваа ученици од сите основни училишта, како и дечињата од градинката „Јасна Ристеска“, Охрид кои настапија со свои програми. На приредбата со точки се претставија и петтоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ под менторство на наставничката Фанче Наумоска.  По објавениот конкурс на тема „Татко“ за најдобрите литературни и ликовни детски творби, беа доделени награди и признанија. Меѓу наградените беа следните ученици од ОУ „Григор Прличев“: Наградени литературни творби…

повеќе...

По 29ти пат одржана манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Вечерва во Велгошти, во близина на манастирот „Света Петка“ по 29ти пат се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во организација на МЗ Велгошти и Општина Охрид. Годинешната манифестација беше во знакот на одбележувањето на 30 годишнината од смртта на великанот, големиот македонски прозаист и драмски писател Живко Чинго. На споменикот на „Живко Чинго“ свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев со претставници од Советот на Општина Охрид, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, претставници од семејството на Живко Чинго, претставници од МК ВМРО-ДПМНЕ…

повеќе...

Претставување на сатиричарот Александар Чотриќ во охридската библиотека

Културниот центар „Бран“, Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во рамките на VII-та Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“ организираат претставување на Александар Чотриќ – сатиричар од Белград, Србија. Претставувањето ќе се одржи утре во 19:00 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Промотори ќе бидат Тоде Илиевски и Петко Шипинкаровски. WebOhrid

повеќе...

Во охридската библиотека ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Во Прличевата одаја при НУ библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, утре ќе бидат промовирани изданијата од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Промотор на настанот е Тоде Илиевски, а истиот ќе започне во 11:00 часот. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

повеќе...

Во Охрид одбележан Денот на мајката

ЖЦ „Бисера“ од Охрид традиционално и оваа година го одбележа 12ти мај – Денот на мајката. Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид вечерва се одржа манифестација, на  која учествуваа дечиња од градинката „Јасна Ристеска“, како и ученици од сите основни училишта,  меѓу кои и ОУ „Григор Прличев“ Охрид. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ пред присутните се претставија со две точки, под менторство на наставничката Фанче Наумоска. За најдобрите литературни и ликовни детски творби по објавениот конкурс на тема „Мајка“ беа доделени награди и признанија. Ова се наградените ученици од ОУ„Григор Прличев“ Мартин Ашталкоски IV 2 одделение…

повеќе...

Претставување на македонската литература на саемот во Франкфурт

Над 500 книги на повеќе од сто македонски автори, монографии и публикации на повеќе издавачи и на повеќе институции се изложени на штандот на Република Македонија на Саемот на книга во Франкфурт, кој се одржува од 19-ти до 23 октомври. Комесари на годинашнотото престатвување на најголемиот книжевен саем во Европа се издавачките куќи „Арс Ламина“, „Култура“ и „Три“ од Асоцијацијата на македонски издавачи со поддршка на Министерството за култура. Учесници на организираното претставување на Република Македонија во Франкфурт се академик Влада Урошевиќ и писателите Гоце Смилевски и Ненад Јолдевски –…

повеќе...

Нови 12 дела од македонски автори ќе се преведуваат во странство

Уште 12 дела на македонски автори ќе бидат преведени и објавени од странски издавачи. Ова го одлучи стручната комисија по разгледувањето на 18 апликации пристигнати на Конкурсот на Министерството за култура за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на странските издавачки куќи, една од стимулативните мерки предвидени во Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година. Резултатите од Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на странските издавачки куќи денеска на прес-конференција ги презентираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска,…

повеќе...

Грст награди и дипломи на литературни конкурси за ОУТУ „Ванчо Питошески“

На 23ти април во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино се одржа поетскиот караван „Четири литературни манифестации“: Млади творци поезија, Млади творци проза, Македонска лирска поезија и Прозно перо. На поетскиот настан по претходно распишан конкурс и селекција поради големиот број пријавени литературни творби, право на учество добија 5 ученици заедно со менторот проф. Перчо Божиновски. Во светите простории на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во еден ден, на едно место, сите љубители на убавиот пишан збор и поети и писатели и млади и возрасни ја воздигнаа литературата и духот кој е двигател…

повеќе...

Промовирани 12 книги од проектот за превод на стручна литература

Нови 12 наслови од проектот на Владата за превод на илјада стручни книги од кои се учи на 10-те највисокорангирани универзитети во светот беа промовирани денеска, со што вкупно 957 книги од стручна литература досега се преведени и отпечатени. Новите наслови се од областа на фармацијата, медицината и стоматалогијата, земјоделството и ветерината, туризмот, биотехничките науки, архитектура и градежништво, машинство и електротехника. Заменик-министерот за образовавание и наука Спиро Ристовски на денешната, 59-та промоција од почетокот на проектот во 2009 година, истакна дека Владата и МОН го продолжуваат проектот се додека, како…

повеќе...

Познати добитниците на наградите од литературниот конкурс

Литературните творби „Охрид во чест на Свети Климента“ под шифра „Триконхос“ и „ Ѕвездата кон Бога“ под шифра „АЕИ 321“ се добитници на наградите на Литературниот конкурс, кој по повод 8 Декември- Денот на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, за учениците од охридските основни и средни училишта, го распиша градоначалникот Никола Бакрачески. Добитниците на наградите, авторството треба да го докажат со третиот примерок и потврда дека се редовни ученици во некое од основните и средните училишта во Охрид, кои најдоцна до утре, 4.12.2015 година ( петок) треба да ги…

повеќе...