Охрид домаќин на „Балкан Рели Маратон“ 2014

Релито кое се вози по планински патеки, а според прописи и стил е како најпознатото светско рели „Дакар“ оваа година финишот ќе му биде во Охрид. Стартот на релито е денес, од Бугарија, а во Македонија доаѓа на 8 Септември на граничниот премин Делчево. Стартот ќе го означи еден од најпознатите возачи од ваков тип на рели Жан Луис Шпезер кој се очекува да пристигне и во Охрид. Предвидено е да се вози низ повеќе населени места и планински патеки низ Македонија. На меѓународниот рели натпревар ќе се возат околу…

повеќе...

Брајан Рикеман од Белгија – победник на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон

Брајан Рикеман од Белгија е победник на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Рикеман успеа во драматичен финиш да триумфира пред останатите пет пливачи кои во група речиси истовремено ја минаа последната контролна точка кај Канео. Втор на целта беше Евгениј Поп Ацев, додека пак третопласиран е Јоанес Едел од Франција. Во женска конкуренција победи Силвие Рибарова од Чешка. Претседателот Ѓорге Иванов кој е и покровител на оваа манифестација, им врачи ловоров венец на победниците на пливачкиот маратон.

повеќе...

Охридскиот пливачки маратон – дел од туристичката понуда на Охрид

Дваесет и двајца натпреварувачи од 14 земји ќе учествуваат на 28 -иот Пливачки маратон што утре ќе се одржи на патеката „Климе Савин“ од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид. На 30-километарската патека во водите на Охридското Езеро точно напладне ќе запливаат 16 мажи и 6 жени од Казахстан, Бразил, Аргентина, Италија, Белгија, Франција, Македонија, Германија, Чешка, Хрватска, Русија, Шпанија, … „Го најавувам почетокот на 60-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Ова е јубилејно издание со оглед на тоа што пред 60 години за прв пат во водите на Охридското Езеро…

повеќе...

Стефаноски и Поп Ацев – македонските фаворити на Пливачкиот маратон

Томи Стефаноски и Евгениј поп Ацев се македонските фаворити кои во сабота во рамки на 28-от Охридски пливачки маратон заедно со уште 14 мажи и шест жени од 14 земји ќе запливаат на 30 километарската патека “Килиме Савин“ од манастирскиот комплекс Св. Наум до градското пристаниште во Охрид. Томи Стефаноски на светската ранг листа за пливачки маратони на долги патеки во моментов котира највисоко и тоа би значело дека доколку победи ќе стане светски шампион во пливање за 2014 година што секако ќе значи промоција на Охрид и Македонија во…

повеќе...

Дваесет и осми пливачки маратон маратон и 60 години од првата пливачка трка во Охридското Езеро

Дваесет и двајца натпреварувачи од 14 земји ќе учествуваат на 28-от Пливачки маратон што во сабота ќе се одржи на патеката „Климе Савин“ од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид. На 30-километарската патека во водите на Охридското Езеро точно напладне ќе запливаат 16 мажи и шест жени од Македонија, Чешка, Казахстан, Бразил, Аргентина, Италија, Белгија, Франција, Германија, Хрватска, Русија, Шпанија, Традиционално по пристигнување на сите учесници на Градското пристаниште, покровителот на манифестацијата, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на тројцата најдобро пласирани во машка и женска конкуренција ќе…

повеќе...

Подготовките за охридскиот маратон се во полн ек

Денес, во просториите на општина Охрид, се одржа координативен состанок за претстојниот „Охридскиот Маратон“. На состанокот присуствуваа секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија, претставници на пливачката федерација на Македонија, претставници на капетанија, сојуз на спортови, Соња Думбалова – судија за жени, Јане Карајованов – делегат на овогодинешниот маратон. На средбата се разговараше за текот на подготовките и за некои од новите правила и прописи кои оваа година е потребно да се применат. Во наредните денови продолжуваат ваквите состаноци за да се додефинираат сите сегменти како непречено…

повеќе...

Утре по 35-ти пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, традиционално по 35 пат, утре, 2-ри август (сабота), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 40 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата Голден Бич (поранешен х.Парк). Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во Охрид се…

повеќе...

Започнаа подготовките за охридскиот пливачки маратон

Локалната испланира три буџети за Охрискиот пливачки маратон – мора се да биде беспрекорно организирано. Започнаа подготовките за Охридскиот пливачки маратон. Годинава, маратонот ќе се одржи на 23 август во рамки на светската серија ФИНА. Деновиве во општина Охрид се одржа првиот состанок помеѓу спортските работници од Пливачката федерација на Македонија и градоначалникот Никола Бакрачески, како и останати одговорни лица во општината и јавните претпријатија кои ќе се вклучат во организацијата. Во моментов се испланирани три буџети, најмал, среден и најголем, а кој ќе се примени зависи од тоа кочлакви средства…

повеќе...

Прогласени победниците на Codefest 2014 – програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше непрекинати 32 часа. Codefestсе одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“,  со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“.   130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи. На маратонскиот натпревар  беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација, најдобра бизнис идеја, најдобра веб апликација, најдобра мобилна апликација, најдобар дизајн…

повеќе...

Маратонците ќе програмираат 32 непрекинати часа на „Codefest 2014“ програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“. Овој настан, уникатен по својата природа, претставува маратон во програмирање на кој непрекинати 32 часа млади програмери од цела Македонија ќе развиваат креативни и иновативни идеи со добар бизнис потенцијал. „Codefest“ ќе започне во сабота на 5 април, во 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април до 17:00 часот. Настанот е организиран како идеја и иницијатива на тимот од студенти на Универзитетот за информатички…

повеќе...