Пронајдена дрога во Охрид кај жител од Жировница

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б. (30) од с.Жировница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суостанции и прекурсорси”. На 14.08.2016 година во 23.35 часот, во кругот на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот и пронашле четири рачно изработени цигари со 2,48 грама марихуана.

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи обука за следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата

Утре во Охрид ќе биде одржана обука за следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата со примена на индикатори. Обуката, наменета за претставници на Министерството за внатрешни работи и претставници од единиците на Локалната самоуправа, доаѓа по неодамнешната препорака на Владата на Република Македонија до сите единици на локалната самоуправа, да формираат работни групи на локално ниво што ќе бидат задолжени за следење, мерење, обработка и доставување на податоците во врска со индикаторите за следење на безбедноста на сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, дефинира…

повеќе...

Вработен во Агенција за обезбедување во Кичево пронајден мртов

Синоќа околу 23:00 часот во с.Добреноец, кичевско, во близина на м.в.„Рибарница“ во барака пронајден е починат Л.Г. (57) од Кичево, вработен во Агенција за обезбедување. Смртта е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Кичево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е прадено за обдукција.

повеќе...

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум

Вчера околу 15:40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, случена е сообраќајна незгода помеѓу ТМВ „Фиат Фиорино“ со охридски регистерски ознаки управувано од М.Н. (42) од с.Шипокно-охридско и велосипед управуван од Б.И. (52) од нас. Св.Стефан. Во незгодата Б.И се здобил со тешки телесни повреди (внатрешно крварење во главата), каде по укажаната лекарска помош во ОБ-Охрид, поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во Клинички Центар – Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Кривична пријава за жител од Лабуништа кај кого било пронајдено нелегално оружје

ПС Струга поднесе кривична пријава против А.Ш. (25) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.12.2016 година извршен е претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени 17 парчиња муниција различен калибар: два куршуми со калибар 9 мм од чешко производство, еден куршум со калибар 9 мм од германско производство и 14 куршуми со калибар 7,62 мм од кинеско производство. Пронајдената муниција е наменета за испалување од огнено оружје –…

повеќе...

Сопругот осомничен за убиство на жена во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против лицето И.Д (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ убиство“ по чл.123 ст.1 и ст.2 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот делото го направил на крајно свиреп начин и тоа со повеќе удари со тап тврд предмет, најверојатно сукало, кое го имал дома, и на жртвата и нанел смртоносни повреди во пределот на главата. Пријавениот, на 13.03.2017 околу 09.52 часот во СВР Битола, пријави дека во нивниот семеен дом околу 09.50 часот ја пронашол…

повеќе...

Жителка на охридско пуштила во оптек фалсификувана банкнота во продавница во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Р. (27) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 17.01.2017 година во продавница во Битола пријавената платила со фалсификувана банкнота во апоен од 1.000 денари. Од извршената анализа од страна на НБРМ со акт од 22.02.2017 година е потврдено дека предметната банкнота е фалсификат.

повеќе...

Уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје

Преостанува уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје. Рокот истекува на 12 април, a дотогаш граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена. Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице. WebOhrid

повеќе...

Кривична пријава за лице од Радолишта поради одземање моторно возило

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ќ.Р. (38) од струшкото село Радолишта. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 22/23 минатиот месец на улицата „Туристичка“ во Струга, каде забележал незаклучено паркирано патничко моторно возило марка „Ауди“ со американски регистарски ознаки. Веднаш, влегол во возилото, ја отворил хаубата, поставил кабли (клеми), го стартувал автомобилот и одземајќи го избегал од местото на настанот. Одземањето на патничкото моторно возило, во полициската станица во Струга е пријавено на 23-ти…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради поседување дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ж. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 04.06.2016 година во 19.50 часот од страна на полициски службеници било забележано како пријавениот од предниот дел од неговата маица фрлил сина полиетиленска кеса со опојна дрога марихуана со нето маса од 28,3 грама, по што се дал во бегство. Откако пријавениот бил сопрен од полициските службеници во истиот момент од задниот десен џеб фрлил една кутија…

повеќе...