Основците од ОУ „Христо Узунов“ денеска, во рамките на активностите за одбележување на празникот Свети Климент, ги посетија културните институции, НУ „Охридско Лето“, библиотеката „Григор Прличев“ и Центарот за култура „Григор Прличев“. Учениците се запознаа со активностите на трите установи при што ги збогатија своите знаења од посетата која пред се имаше едукативен карактер. Ваквите активности, кои пред се имаат за цел да ја подигнат свеста кај учениците за културните вредности, ќе продолжат и во иднина најавија од „Охридско Лето“. На предлог на директорката на оваа национална установа, Елизабета Јанкуловска,…
повеќе...Tag: охридско лето
„Охридско Лето“ во нови простории
Со цел обезбедување на соодветни услови за работа, нови функционални сценски простори и конечно решение на просторниот проблем кој го има охридската библиотеката за сместување на книжниот фонт, НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и НУ „Охридско Лето“ – Охрид – направија размена на простории. Со одлука на Министерството за култура на Р Македонија, НУ „Охридско Лето“ ќе се префрли во просториите кај Путник кои неодамна беа доделени на Библиотеката, а сегашната зграда на Дирекција на „Охридско Лето“ ќе се преадаптира за книжниот фонд на Библиотеката. Со ваквата размена на…
повеќе...Директорката на „Охридско Лето“ Елизабета Јанкуловска на средба со хрватските новинари
„Охридско Лето“ и врвните хрватски Фестивали треба да ја продлабочат и онака успешната соработка преку заеднички проекти. Ова беше потенцирано на денешната средба на директорката на „Охридско Лето“, Елизабета Јанкуловска со истакнатите хрватски новинари – уредници од влијателни медиуми, кои престојуваат во Македонија. Тие се запознаа со програмата и настапите на врвните уметници и пројавија желба медиумски да помогнат за остварување на уште поголема соработка во областа на културата преку презентирањето на Фестивалот во Хрватска и доближивање на хрватската култура во Македонија и македонската во Хрватска. На средбата беше истакнато…
повеќе...„Охридско Лето“ – најуспешен туристички настан за 2013
Фестивалот „Охридско Лето“ е најуспешен туристички настан за 2013 година според Министерството за економија. На денешната свеченот по повод светскиот ден на туризмот- 27 септември, признанитето за најкултурен настан и беше врачено на директорката на најреномираната културна манифестација, Елизабета Јанкуловска. Според неа заслугата е на целиот тим кој посветено работи во насока на продолжување на успешната традиција од 53 години на врвот на светската уметничка сцена. „Навистина сме благодарни но и почестени што го добивме ова признание кое ги потврдува нашите заложби, културата да биде еден од главните чинители во…
повеќе...Жител од Поградец извршил кражби во „Охридско Лето“
Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(20) од Поградец Република Албанија. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Пријавениот на 24-ти Јули оваа година, од просториите на „Охридско Лето“ бесправно одзел еден фотоапарат „Никон“. Тој, на 10-ти Август годинава извршил уште една кражба од „Охридско Лето“ при што одзел еден лап-топ компјутер со дополнителна компјутерска опрема како и неколку стикови. Двете кражби пријавениот Д.Р. ги извршил од канцеларијата на програмскиот сектор на фестивалот „Охридско лето“…
повеќе...Со „Браќа Карамазови“ вечерва се спушта завесата на уште едно успешно „Охридско Лето“
Со претставата „Браќа Карамазови“, од македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во изведба на театарот „Марин Држиќ“ од Дубровник, вечерва во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот се спушта завесата на годинешното 53-то издание на „Охридско Лето“. Интересот кај публиката е голем, а картите се распродадени од пред неколку дена. Токму затоа љубителите на театарот ќе можат да ја погледаат исклучително брилјантната претстава и ден по свеченото затворање. Според оценките на стручната јавност ансамблот на театарот „Марин Држиќ“ токму со „Браќа Карамазови“ која премиерно беше претставена…
повеќе...Виолинистот Немања Радуловиќ од Србија и пијанистката Сузан Маноф од САД вечерва на „Охридско Лето“
Вечерва во Црквата „Св.Софија“ со почеток во 21 часот на програмата на „Охридско Лето“ ќе настапат Виолинистот Немања Радуловиќ од Србија и пијанистката Сузан Маноф од САД, со изведба на дела од Чајковски, Моцарт, Бах, Франк, Равел. Немања Радуловиќ се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена, со своите атрактивни настапи одушевувајќи го аудиториумот. Радуловиќ е добитник на престижните награди „Јоахим“ во Хановер, „Џорџе Енеску“, „Антонио Страдивари“ „Јехуди Мењухин“, „Вијенјавски-Липински“ во Полска. Тој беше прогласен за International Revelation of the Year” од Victoires de la Musique…
повеќе...Покрај затворањето на „Охридско Лето“, „Браќа Карамазови“ репризно и на 21 август
Поради голем интерес за театарската претстава БРАЌА КАРАМАЗОВИ, со која на 20 август ќе се спушти завесата на годинешното 53-то издание на фестивалот „Охридско Лето“, истата надвор од фестивалската програмата, ќе се репризира на 21 август. За последното дело на големиот руски писател, Фјодор Михајлович Достоевски, претставата режирана од нашиот најдобар режисер Дејан Пројковски а во изведба на дубровачкиот театар „Марин Држиќ“, на неколку дена пред прикажувањето картите се веќе распродатени. Токму затоа љубителите на театарот ќе можат да ја погледаат претставата ден по свеченото затворање. Најграндиозно дело на Достоевски…
повеќе...„Пијанисти лауреати на меѓународни натпревари во 2012“ на „Охридско Лето“
Вечерва во црквата „Св.Софија“ со почеток во 21 часот на програмата на „Охридско Лето“ се пијанистите Варвара Непомнјашчаја и Арсениј Тарасевич-Николаев, лауреати на меѓународни натпревари во 2012 година. Варвара Непомнјашчаја во 2012 г. одржа сјајна победа на престижниот пијанистички натпревар „Геза Анда“ во Цирих, одушевувајќи ја публиката и добивајќи суперлативни оѕиви од стручното жири: брилијантната техника, нијансирање, емотивност, интелигенција… На овој триуфм му претходеа години студирање на Руската Музичка академија „Гњесини“, Конзерваториумот „Чајковски“, усовршување во Германија кадешто сега и предава на Хамбуршкиот Универзитет на музика и театар, а, исто така,…
повеќе...Виолинистот Андреј Баранов и пијанистката Марија Баранова од Русија вечерва на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21 часот во Црквата Св.Софија на програмата на Охридско лето ќе настапат виолинистот Андреј Баранов и пијанистката Марија Баранова од Русија,со изведба на дела од Месијан, Бетовен, Изаи, Бритн, Равел, Сен-Санс. Андреј Баранов се вбројува меѓу највпечатливите руски уметници од младата генерација. По сјајната победа на престижниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2012, како и натпреварите „Benjamin Britten“ и „Henri Marteau“ тој гради исклучително успешна меѓународна кариера како солист, камерен музичар, и педагог. Студираше на Санкт-Петербуршкиот конзерваториум „Римски-Корсаков“ и конзерваториумот во Лозана кај легендарниот француски виолинист Пјер…
повеќе...