ВМРО – Народна партија испрати соопштение во кое стои: „ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето вистинско лице пред граѓаните. Лицемерието што го покажува партијата и нејзиното општинско раководство заедно со градоначалникот Никола Бакрачески ги надмина сите граници. Како вчера да беше, кога партијата жестоко реагираше за паркинзите во Охрид, кога организираше протести и кога тврдеше како граѓаните на Охрид трпеле поради криминални дејности и давањето на приватници на јавниот паркинг простор. Со барање приватен партнер преку јавно – приватно партнерство, власа на ДПМНЕ се поби самата себе си во тврдењата…
повеќе...Tag: партија
ОО на СДСМ Охрид со реакција за дадената согласност за имплементација на електронски систем за наплата на паркинзите
ОО на СДСМ Охрид денес испрати реакција по повод вчерашното продолжение на 23 седница на Советот на Општина Охрид, на која се донесе одлука за усвојување на Физибилити студијата за јавно приватно партнерство и се даде согласност за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата на паркирање на јавните паркинг простори кои на ЈП „Билјанини извори“- Охрид му се отстапени на користење. Оттаму потенцираат: „Пред нецела една година оваа градска власт многу помпезно, но очигледно во…
повеќе...ВМРО-НП Охрид со честитка по повод Националниот ден на Власите
ВМРО – Народна партија на сите граѓаните од влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите. „23 – ти мај е денот кога Власите се признаени за посебен народ од тогашната Отоманска империја од страна на султан Хамид II. Досегашното заемно почитување, негување на традицијата и разбирање се само еден мал дел од патот кој ќе го продолжиме сите заедно во градењето на современата македонска држава. Вашиот придонес е голем во она што го имаме денес. Ви ги пренесуваме желбите за добро здравје, среќа и успех.“– стои во честитката.
повеќе...Тунтев: Верификацијата на мојот мандат за пратеник во Собранието на Р.Македонија е насилна, противуставна и противзаконска
Власта на ДПМНЕ покажа дека нема никакви граници во непочитувањето и прекршувањето на Уставот и законите во Република Македонија, вели претседателот на ОО СДСМ Охрид, Томислав Тунтев. Верификацијата на неговиот мандат за пратеник во Собранието на Република Македонија, тој дека смета дека е насилна, противуставна и противзаконска. „Моите права, како граѓанин и државјанин на Република Македонија, што ми се загарантирани со Уставот и со законите, од страна на власта на ДПМНЕ ми се загрозени и оневоможени, поради следните причини: 1. Не е прифатена мојата Изјава, заверена на нотар и испратена…
повеќе...ВМРО-НП: Паркинзите да останат целосно во рацете на ЈП „Билјанини Извори“
ОК на ВМРО-НП Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: Како што најавивме и предупредивме, власта на ДПМНЕ одма по завршувањето на изборите ги стави паркинзите на точка на дневен ред во Советот на Општина Охрид. Сето тоа само заради стравот од губење гласови на изборите и манипулирање со гласачите. Сакаме уште еднаш да ги потсетиме дека токму на темата паркинзи тие освоија најголем дел од гласовите на последните локални избори во 2013 година. Пред изборите, заради некоординираност, но и заради стравот од рејтингот Локалната самоуправа ги повлече…
повеќе...Конгресот на СДСМ едногласно го усвои извештајот за изборите
Конгресот на СДСМ едногласно го усвои Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2014 година. Со одлуката, највисокото тело на СДСМ едногласно ги потврди одлуките на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ за непризнавање на изборниот процес и неприфаќање на мандатите за пратеници. Конгресот на СДСМ, застана зад оценката за нерегуларни избори и системски грабеж на изборите од страна на режимската власт Никола Груевски. Со вечерашната одлука Конгресот поддржа продолжување на активностите на СДСМ кон создавање услови за спроведување фер и демократски избори и функционални институции коишто неселективно ќе се справуваат…
повеќе...Средба на раководството на СДСМ со амбасадорката на Германија Штајнакер
Изборниот процес и моменталната политичка ситуација во Македонија, беа главните теми на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски, со амбасадорката на Сојузна Република Германија Гудрун Штајнакер. „Запознаена целосно со извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, којшто е клучен и за Европската Унија, како и со нотираните неправилности од страна на домашните набљудувачи МОСТ и ЦИВИЛ, амбасадорката Штајнакер подетално се интересираше за сите нерегуларности во изборниот процес, евидентирани и од СДСМ. СДСМ како најголема опозициска партија, има обврска кон граѓаните да не ги легитимира недемократските процеси и државата да…
повеќе...СДСМ не го признава Ѓорге Иванов за Претседател на Република Македонија
СДСМ со соопштение до јавноста дека не го признава Ѓорге Иванов за Претседател на Република Македонија. Во него се вели: „Ѓорге Иванов е избран на функцијата претседател на Република Македонија, на криминални, нефер и недемократски избори. Од тие причини, СДСМ не го признава Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија. Уверението што денеска го доби Иванов од член на ДИК, во отсуство на дел од членовите во највисокото изборно тело и на претседателот на ДИК, е парче хартија, коешто притоа не ја одразува на волјата на сите граѓани на Република…
повеќе...ВМРО-НП: Благодариме на најхрабрите и најиздржливите гласачи
ОК на ВМРО-НП испрати соопштение во кое изразува благодарност до најхрабрите и најиздржливите гласачи. „Откако поминаа неколку дена од недемократските и нефер парламентарни избори и откако следеа внатрепартиските анализи, Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија од Охрид упатува огромна благодарност до најхрабрите и најиздржливите гласачи. Благодарност до 17.000 храбри гласачи во Македонија и 1.500 во Охрид кои издржаа до крај и не подлегнаа на притисоците, заканите, уцените и поткупот од страна на режимот на Груевски. Сакаме да укажеме дека ВМРО – Народна партија продолжува до крај за уривање на…
повеќе...Раководството на СДСМ се сретна со амбасадорот на САД Пол Волерс
Американскиот амбасадор Пол Волерс на попладневната средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски сакаше изворно да се информира за изборниот процес, за констатираните неправилности од страна на СДСМ, како и за натамошните чекори на опозицијата, по ставот на СДСМ и на здружената опозиција за непризнавање на изборниот процес. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, укажа на конкретни примери за системски притисоци врз граѓаните на Република Македанија: поткупи, уцени и закани со дирекна инструментализација на полицијата, непостоечки гласачи во непостоечки влезови на згради…
повеќе...