Шекеринска во Рим на конгресот на европските социјалисти

Делегација на СДСМ предводена од Заменик Претседателката, Радмила Шекеринска, учествува на Конгресот на Партијата на европските социјалисти што денеска и утре се одржува во Рим. Конгресот ќе го усвои Манифестот на ПЕС во пресрет на европските избори оваа пролет, како и заедничкиот кандидат на европската левица за претседател на Европската комисија. Радмила Шекеринска денес ќе земе учество во работата на претседателството на ПЕС. Партијата на европските социјалисти е организација што ги обединува лево-ориентираните европски партии како германските и скандинавски социјалдемократи, француските и австриски социјалисти, британските лабуристи и други. Членките на…

повеќе...

СДСМ и ВМРО-НП донесоа одлука на евентуалните предвремени парламентарни избори да настапат самостојно

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и ВМРО-Народна партија донесоа одлука на евентуалните следни предвремени парламентарни избори да настапат самостојно. „Станува збор за партии со различни програмски платформи, коишто се обраќаат на граѓани со различна идеолошка определба. Од тие причини заклучено е дека секоја од партиите, со поединечниот настап, ќе може подобро да се доближи до граѓаните на кои им се обраќаат, а исто така на тој начин и да ја добие вистинската доверба од своето гласачко тело. И понатаму останува заедничката цел на сите политички партии од опозицијата, а тоа е победа на…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема вистина, нема успех и нема иднина без отчетност

Отчетот како форма на транспарентност и блискост до граѓаните, ВМРО ДПМНЕ како партија го практикува и ќе го практикува кај сите свои функционери. Нема вистина без отчетност, нема успех без отчетност и нема иднина без отчетност. Вака ја започна денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ.  „Токму недостигот на отчетност на поранешната локална власт на СДСМ покажа дека од граѓаните на Охрид беше криена вистината за работата т.е неработата на раководителите на СДСМ. Токму немањето на чувство за одговорност кај СДСМ придонесе Охрид да настрада под налетот…

повеќе...

СДСМ: Правото за материјално обезбедување на невработени лица по основ на стечај им е ускратено на поголем број работници во А.Д. ЕМО Охрид

Општинската организација на СДСМ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое стои:  „Минатиот петок од медиумите дознаваме дека започна да се применува Законот за материјално обезбедување на невработените лица по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок. Од Министерството за труд и социјална политика очекуваат со овој Закон да се опфатат околу 3.000 невработени граѓани, односно стечајци или пак невработени по основ на технолошки вишок и ликвидација. Тоа значи дека сите оние кои останале без работа во периодот од 2000 година до крајот на 2013 година, а имаат работен стаж…

повеќе...

ОО Гром Охрид им подари компјутер на членовите на Здружението за телесно инвалидизирани лица

Општинската организација на ГРОМ од Охрид продолжува со хуманитарните активности и токму денеска претставници на партијата ги изненадија членовите на Здружението за телесно инвалидизирани лица со ненадејна посета и им подарија компјутер.  „Со овој гест ГРОМ покажа дека има поинаков став кон ранливите категории на лица од другите политички партии“ – истакна претседателот на Здружението, Венко Голабоски при примањето на компјутерот. Оваа хуманитарна акција се реализираше на иницијатива на член на собранието на Здружението, Иљче Јоноски, а организатори беа претседателот на ОО ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски и секретарот, Сашо Робески,…

повеќе...

ВМРО-НП: Го прашуваме градоначалникот дали брошурата „Отчет“ влегува во предизборните активности на ДПМНЕ?

ВМРО-НП Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои : „Градоначалникот Бакрачески пред Советот на општина Охрид, но и на прес – конференција го објави “отчетот“ за сработеното до сега. Тој нагласи дека таа брошура ќе стигне до рацете на секој граѓанин во Охрид. Го прашуваме градоначалникот Бакрачески кој ќе ја дели таа брошура – општинската администрација или партиските активисти на ДПМНЕ?! Дали таа брошура влегува во предизборните активности на ДПМНЕ?! За жал, во отчетот на Бакрачески најчесто споменуван збор е зборот „ќе“. Отчет не се пишува за тоа што…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Да потенцираме дека владеењето на правото и законските норми се основни темели кон кои се потпира една држава

Во врска со соопштението од ВМРО-НП Охрид,  реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во којa стои: „Најмалку очекувавме преставниците на Народна да бидат повикани и  да укажуваат на верските и државните норми со оглед дека во нивното спојување со СДСМ очигледно преовладувал и преовладува само личниот интерес а никако интересот на граѓаните и државата. Бидејќи имаат проблем со законските и правни норми што се докажа со растурањето на еден град каков што е Охрид кое го направија заедно со СДСМ , сакаме да потенцираме дека владеењето на правото и законските…

повеќе...

ВМРО-НП: Власта не смее ни да помисли да руши објекти во манастирскиот комплекс Св. Наум

ВМРО – Народна партија во случајот со градбите кај манастирот Св. Наум целосно застанува зад страната на црквата. Според ВМРО-НП, градбите што се изградени во тој комплекс после многу години му го дале вистинскиот лик на тој простор. „Како демохристијанска партија, ја повикуваме владеачката ДПМНЕ, Локалната самоуправа и централната власт која исто така се декларира како демохристијанска партија да не ни помислува за некакво рушење на објекти во манастирскиот комплекс. Иако многу џамии низ државата кои се изградени во последниов период се диво градби никој не се осмелил ни да…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Свесно или не, СДСМ признава дека ДПМНЕ посветено работи за разлика од нивниот период и манипулаторски стил на владеење

„Се додека пресовите на СДСМ се пресови кои ги објаснуваат активностите и заложбите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, се дотогаш ќе ни биде и нам и на граѓаните сосема јасно кој работи, а кој само бесцелно ја заморува јавноста. Ако СДСМ сака реално да разговара во интерес на граѓаните на Охрид , конечно нека се изјасни за економските потези на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ. „СДСМ нека се изјасни дали зголемувањето на  платите на вработените е за нив добар економски потег и…

повеќе...

СДСМ: Наместо извештај за реализација на конкретни проекти, ние добивме предизборен флаер со препишани нереализирани проекти

„На 16-тата седница, кон средината на декември, опозицијата побара од градоначалникот да достави извештај до Советот на општината за реализираните проекти во 2013 год. Од негова страна беше ветено дека тоа ќе го направи на наредната седница. Но, тоа не се случи ниту на наредната седница, ниту на таа по неа. Конечно, по цели два месеци, под притисок на опозицијата, градоначалникот на 19-тата седница го подготви и извештајот и го изнесе пред Советот“. – вака истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески. „По толку чекање,…

повеќе...