Се пролонгира либерлизацијата на пазарот на електрична енергија

Владата одлучи да ја одложи целосната либерализација на пазарот за електрична енергија предвидена за 1 јануари 2015 година и либерализацијата да ја спроведе во пет фази, почнувајќи од 1 јули 2016 заклучно со 1 јули 2020 година кога пазарот ќе се либерализира и за домаќинствата. Одлуката, како што информира на денешната прес-конференција во Владата министерот за економија Беким Незири, е донесена по спроведени низа анализи и пресметки кои покажале дека доколку либерализацијата започне на 1 јануари 2015 година струјата за домаќинствата ќе поскапи од 17,7 до 20 отсто. „Поради овие…

повеќе...

Балканот со заедничка стратегија за да биде поатрактивен како пазар

Земјите од Балканот треба да бидат поунифицирани, покоординирани во делот на економијата и да настапат со заедничка стратегија за да бидат поатрактивни како пазар. Ова е пораката од панел дискусијата во Берлин, организрана од германското Министерство за економија во рамки на Самитот Германија – ЕУ – Западен Балкан, на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за економија, Беким Незири, јави известувачот на МИА. Според Пешевски стартегиите се регионални, но сепак секоја држава има свој дел од работите кој што треба да го исполни, а Македонија…

повеќе...

ЈП „Градски Пазар“ издава деловен простор под закуп

ЈП Градски Пазар Охрид издава под закуп деловен простор од 30 м2 во Градски Пазар, за период од 3 (три) години од денот на потпишување на договорот, по почетна цена од 370 ден / м2 + ДДВ. Заинтересираните понудувачи потребно е да достават понуда која ќе го содржи понудениот износ на надоместокот по основ на закупнина. Правните лица се должни да достават Решение од Централен регистар за регистрацијаа на дејност, а физичките лица копија од лична исправа. Понудите да се достават до ЈП Градски Пазар Охрид, на адреса Бул. Туристичка…

повеќе...

Надлежните служби во борба против нелегалната конкуренција на Градскиот пазар

Се решава проблемот со нелегалната конкуренција на Зелениот пазар со кој стопанисува ЈП „Градски пазар“ од Охрид. Денес надлежните служби започнаа акција на подигнување на диво поставените тезги на неколку локации во градов каде веќе се формирани нелегални мини пазари, а храната се продава во услови под сите хигиенски стандарди и со тоа е штетна за здравјето на купувачите. Акцијата е со цел сузбивање на незаконските дејствија како и оневозможување и понатака да се продаваат прехранбени производи во нехигиенски услови.

повеќе...

Започна со работа пазарот на големо

Лоциран до новата автобуска станица, на просторот кој до сега го користеше ЈП „Охридски комуналец“, денеска започна со работа пазарот на големо. Извршено е комплетно уредување на површината, како и обележување на продажните места како и поставување на потребната инфраструктура. На пазарот планирано е да се сместат околу 25 до 30 камиони, кои ќе вршат продажба на големо. Во рамки на пазарот ќе работат и неколку тезги за продажба на мало. Пазарот ќе работи секој ден од 07 до 21 часот.

повеќе...

Одржан координативен состанок во просториите на „Градски пазар“

Денеска, во просториите на ЈП „Градски пазар“ се одржа координативен состанок на кој се разговараше за преземањето активности за спречување на вршење продажба на земјоделски производи на недозволени локации на територијата на општина Охрид. На состанокот покрај претставниците на ЈП „Градски пазар“ присуствуваа и секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, претставници на Управата за јавни приходи и Пазарен инспекторат, претставници на општинскиот инспекторат, претставници на Министерството за внатрешни работи и СВР – Охрид и претставници од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство. За да се реализира оваа основна…

повеќе...

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0.6% на месечно ниво, а се пониски за 0.4% на годишно ниво. Во мај 2014, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.7%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.3%. Во мај 2014, во споредба со мај 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и…

повеќе...

Се подготвува теренот за пазарот на големо

Од ЈП „Градски пазар“ информираат дека  во тек е постапката за скоро започнување со работа на пазар на големо.Пазарот на големо ќе биде организиран до новата автобуска станица, на просторот кој го користеше ЈП „ Охридски комуналец“.  Во моментов се врши чистење и уредување на површината, а потоа ќе се пристапи кон обележување на продажните места и поставување на потребната инфраструктура. Паралелно се води постапка за комплетирање на документација за непречено реализирање на овој проект . Планирано е на пазарот да се сместат од  25 до 30 камиони, од кои…

повеќе...

Охрид конечно доби автопазар

По долго време граѓаните на Охрид и околните места денес и официјално добија автопазар, на паркинг просторот кај Градските гробишта, така што не ќе има потреба да одат  во другите градови низ Македонија. Автопазарот ќе служи за изложување не само на патнички возила, туку и на тешки товарни возила, мотоцикли и автоделови. „Денес присуствуваме на реализација на оваа заложба на граѓаните, на која што Локалната самоуправа наиде на разбирање заедно со јавните претпријатија во изминатиот период успеавме да го уредиме овој простор во површина од 5000 метри квадратни,во еден соодветен…

повеќе...

ЈП „Градски пазар“ издава деловен простор под закуп

                                                                  Оглас                                         За издавање под закуп деловен простор  –  ЈП Градски Пазар Охрид издава под закуп деловен простор од 30 м2 во Градски Пазар, за период од 5(пет) години од денот на потпишување на договорот, по почетна цена од…

повеќе...