Во моментот нема појава на заразни заболувања во сите поплавени региони во државата. Во моментов, водата за пиење не е безбедна во Штип, Пробиштип, Неготино, како и во селските подрачја каде поради заматување и физичко-хемиска неисправност, по препорака на центрите за јавно здравје е забранета од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Граѓаните во поплавените подрачја се снабдени со спакувана вода, а има и донации. Во местата каде е забранета водата за пиење има цистерни за вода за пиење. Исто така, флаери со препораки за населението во поплавените подрачја…
повеќе...Tag: поплава
Градоначалникот Бакрачески будно ја следи состојбата со поплавените подрачја
Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески од рано утрово е на терен со цел да утврди со какви последици се соочуваат охриѓани и мештаните од приградските населби по дводневното невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег што го зафатија охридскиот регион. По дојава од Кризниот штаб, градоначалникот заедно со својот тим на лице место ги констатираше последиците од поплавените предели во населбата Даљан на улица „Сатеска“ на пресекот на улиците „Дејан Војвода“ и „Стив Наумов“ и на ул. „Аџи Мустафа“ во населбата Воска. По извршениот увид, по налог…
повеќе...Координативното тело ја разгледа состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на времето
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заседаваше на состанокот на Координативното тело за спречување со кризи во проширен состав, на кој се разгледуваше состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на временските услови. Според информациите од УХМР, нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија. Се очекува врнежите да бидат со поголем интензитет од тие во изминатиот викенд. Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба. На координативниот состанок беа утврдени следниве…
повеќе...Кризен штаб: Критично во долното течение на реката Вардар
Денеска во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледуваше состјбата во поплавнеите подрачја. Според информациите, критична останува состојбата во долното течение на река Вардар каде се заканува опасност од изливање на реката околу Демир Капија, пред клисурата како и низводно во правец на Гевгелија. Исто така и помалите притоки на р.Вардар на потегот од Демир Капија до Гевгелија (р.Бошава, р.Дошница, р.Стара, р.Кованска, р.Серменинска, р.Коњска и р.Анска) поради високиот водостој на р.Вардар и неможноста да се влијат во него би можеле да се…
повеќе...Потопена антикварница среде Охрид
Временските неприлики беа тешки за охриѓани и за посетителите на Охрид за време на божикните празници, но сепак најтешко му беше на сопственикот на антикварницата и книжарница „Аз бук мулти медија“ која буквално беше потопена во вода. Имено, во време на бадниковата вечер кога сегде се палеа огнови, сред Охрид, во познатата зграда „Печијаре“ во една од адвокатските канцеларии на првиот спрат пукнала водоводна цевка и водата навлегла во долните спратови каде е сместена антикварницата и книжарница „Азбук мултимедија“ и клубот „Интеракција“. Според Владо Тренески, претседател на клубот „Интеракција“ кој…
повеќе...Состојба со поплавите од синоќешното невреме во Скопје
Од дежурните екипи во Ј.П. „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека во текот на ноќта од сите критични места во градот (подвозници и сообраќајници), водата се повлекла и дека истите на споменатите места интервенирале со пумпи за црпење и вакум цистерни. Во моментов работат на црпење на вода и отпушување на канализации од приватни и деловни објекти претежно на територија на општина Центар. До 09:00 часот примени се околу 40-тина дојави и на истите интервенираат редоследно. Од одговорното лице за заштита и спасување при локалната самоуправа на Град Скопје…
повеќе...Нема опасност од поплави, состојбата се следи
Водостојот на најголем дел од реките и акумулациите во Македонија е под просечното ниво, а некаде и двојно пониско, освен реката Пчиња каде што нивото е поголемо за 1,5 пати од просечното. Нема никаква опасност од поголемо излевање на реки или акумулации. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по седницата на Координативното тело за превенција од природни непогоди, кое ја разгледуваше состојбата со водите во Македонија и во регионот. Јанакиески информира дека Координативното тело заклучило Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со општините да преземат…
повеќе...Центарот за управување со кризи испрати препораки до надлежните институции
Поради драстично зголемениот водостој на Охридското езеро, во изминатите денови, (Водостојот на Охридското езеро ја надмина за 24 см. максималната кота „693,75“) Центарот за управување со кризи на Р.Македонија, во изминатите денови испрати препорака до надлежните институции, од аспект на превенција да преземат мерки за регулирање на водостојот. Во тој контекст, во просториите на РЦУК – Струга во изминатиот период беа одржани два состаноци на регионалниот штаб за управување со кризи и донесени се заклучоци врз основа на кои се дадени препораки до МЗШВ, Управата за водостопанство, надлежниот Сектор за…
повеќе...Трајкоски во посета на село Средоречие
Kандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Игор Трајкоски за Општина Дебрца, го посети с.Средоречие, каде што по вчерашните обилни врнежи од дожд беа предизвикани поплави и излевање на Голема Река. При посетата кандидатот за градоначалник на присутните им вети дека со добивање на мандатот веднаш ќе се спроведе чистење на одводните канали и уредување на речните корита, со цел да нема вакви последици во иднина. WebOhrid
повеќе...Состојбата на браните без промена, водата од поплавените делови се повлекува
Состојбата со браната на Слатинско Езеро е непроменета, а нивото на водата опаѓа. Водата во браната Пишица е околу 10 метри под предвиденото ниво. Испустот е поголем од дотокот на вода во браната. Во тек се постапки за санирање на настанатата ситуација од страна на надлежните служби. Исто така се расчистува и теренот низводно под браната. Во битолскиот регион водата од поплавените површини кај селата Логоварди, Трн, Карамани, Кравари, Жабени, Оптичари, Егри, Добромири, Гнеотино и Дедебалци се повлекува и нема нови излевања. Во кумановскиот регион од страна на Центарот за…
повеќе...