Со поддршка на Министерството за култура, целосно е реконструирана големата сала во објектот кој го користи Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Станува збор за прво сеопфатно обновување на големата сала по 35 години од изградбата на објектот. Во рамките на реконструкцијата со која беа опфатени околу 1000 метри квадратни, се изврши претапацирање на 600 седишта, промена на подот, бојадисување на ѕидовите, комплетно уредување на сцената, поставување нова завеса, како и реконструкција на гримиорните, а се постави и нов систем за затоплување. Со извршената реконструкција на големата сала како…
повеќе...Tag: прилеп
Бројни награди на учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на државниот натпревар во Прилеп
Учениците на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се вратија со бројни награди од Државниот натпревар на средните електротехнички, машински и сообраќајни училишта во Република Македонија кој се одржа на 9-ти мај во средното училиште „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп. Ученичката Стефани Божиновска, техничар за патен сообраќај III година, го освои првото место за научен труд, под менторство на професорот Милески Ѓоко. Во истиот образовен профил ученичката Тамара Шикалоска го освои второто место. Ученикот Димитар Плеушкоски, електротехничар енергетичар III година, го освои второто место, под менторство на професорот Владо Јанкулоски. Ученикот Орхан Демироски, електротехничар за…
повеќе...Голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп
Утре во Прилеп со почеток од 13 часот во Универзалната сала – Арена „Сонце“ ВМРО-ДПМНЕ ќе оддржи голем народен собир. Со ова продолжува караванот на големи народни собири. На собирот свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а ќе бидат изнесени позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици и ќе бидат испратени јасни пораки за она што се залага и за она што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.
повеќе...СДСМ: Со леснотија делеле огромни казни, рушеле и затворале фирми во Прилеп
Претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Сашо Велески, денес одржа прес конференција, на која истакна: „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Проектот Вистината за Македонија продолжува од Прилеп. Градот херој, како што му доликува, се вклучува во враќањето на слободата, демократијата и правдата во нашата држава. Јавноста слушна за изборниот криминал на Никола Груевски. Денеска ќе слушне нови, скандалозни докази за најдиректна злоупотреба на власта. Јавноста ќе слушне што значел упадот во Прилеп. Како ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Марјан Ристески затворале приватни фирми, угостителски објекти и кафетерии во Прилеп, по список. Со која…
повеќе...Германската „Акомпласт“ со нова инвестиција во Прилеп
Министерот за странски инвестиции Бил Павлески и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ја најавија новата инвестиција на германската автомобилска компанија „Акомпласт“ вредна неколку милиони евра, која ќе отвори 250 нови вработувања. Според Павлески, станува збор за фирма која се занимава со висока технологија. „Германската автомобилска компанија „Акомпласт“ е специјализирана за пластично моделирање на автомобилски делови и користи напредна врвна технологија. Oсвен во Германија, има фабрики и во Англија и во Чешка. По нивните консултации, решија да инвестираат во Македонија зашто земјата нуди поволни можности за инвестирање, но и високостручен технички…
повеќе...Основци од „Григор Прличев“ учествуваа на карневалот во Прилеп
Учениците од германската паралелка од V одделение при ОУ „Григор Прличев“ заедно со професорките по германски јазик Моника Сасанска и Ивана Маховска учествуваа на карневалот во Прилеп. „Нивните креативни идеи беа реализирани благодарение на Гете-Институт и помошта и соработката на родителите. Учесниците на карневалот среќни што се дел од целата манифестација, уживаа во секој момент и достојно го претставија нашето училиште.“- велат од училиштето.
повеќе...Ставрески во Прилепско, состојбата сериозна, но под контрола
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и со Кризниот штаб од Општината денеска е на терен за да се информираат за состојбата по обилните врнежи и невремето викендов. Тој ги посети населените места Тополчани и Чефигово каде во близината каналот Блацо се влева во Црна Река. Според Ставрески, состојбата е навистина сериозна, но во овие околности е под контрола. „Обилните врнежи во пелагонискиот регион оставија сериозни последици и состојбата е навистина сериозна во сите општини и населени места во регионот. Состојбата бара…
повеќе...СДСМ Прилеп со традиционално пуштање гулаби по повод Богојавление-Водици
Општинската Организација на СДСМ од Прилеп традиционално го одбележува празникот Богојавление-Водици со симболичен чин на пуштање гулаби во црквата Св.Параклис во Прилеп. Истовремено, секоја година претставници на СДСМ на овој голем христијански празник одат во посета на црквата Св.Богородица во село Ростуше и присуствуваат на традиционалното фрлање на крстот во реката Радика од страна на монасите од манастирот Св.Јован Бигорски. Овој пат на чинот, покрај членот на ИО на СДСМ ,Хари Локвенец и Претседателот на ОО СДСМ од Прилеп, Сашо Велески, присуствуваа и гости од сестринската социјадемократска партија СДП од…
повеќе...„Традиционална жетва во Куратица“ го освои третото место на Карневалот во Прилеп
Здружението на граѓани „Св.Василиј“ од Куратица и оваа година учествуваше на меѓународниот Карневал „Прочка 2014“ во Прилеп, и ја докажа својата успешност. Групната маска од 40 учесници „Традиционална Жетва во Куратица“, имаше цел пред многубројната публика да претстави традиционално жнеење на житото со срп, како рачно се пренесувало до гумењето, даревањето на стежерот, вршење на житото, како стигнува крајниот производ пченицата, со рачна машина. „Веднаш после изведбата веќе ги добивме првите честитки за прекрасен настап, што и наговестуваше за можна награда. Од приближно 2000 маски учесници од земјава и странство,…
повеќе...Груевски: Годинава се очекува стабилен откуп на тутунот и просечна цена 180 денари
Премиерот Никола Груевски оваа година очекува откупот на тутунот да биде стабилен, со соодветна динамика и без сериозни проблеми. „Остануваат субвенциите кои ние ги гарантираме и ги исполнуваме во изминатите години. Пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада само во фантазиите можеше да се замисли само едно евро да се дава за килограм тутун. Некои луѓе мислеа дека тоа е недостижно, но тоа го постигнавме само во еден ден. Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ги смени работите и тоа години наназад се спроведува“, рече Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по…
повеќе...