Кривична пријава за кичевчанец кој ограбил продавница

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.Н. (26) од Кичево. Пријавениот, казненото дело го сторил на ден 26-ти јуни оваа година во продавница за прехрамбени производи лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Тој, во периодот од 15 до 16 часот, преку отворен прозор над излогот од продавницата, успеал да влезе во внатрешноста и одзел цигари, други производи и 3.000 денари оставени во касата. Со извршување на казненото дело, пријавениот Е.Н. се стекнал со противправна имотна корист…

повеќе...

Не е лесно да си продавач/ка

Во денешно време ниту една работа не е лесна, а камоли работа како продавач, и тоа во бутик. Луѓе влегуваат-излегуваат, гледаат, прашуваат, растуриваат, па заминуваат. Сето тоа мора да го средат продавач/ките кои најчесто се осигурани на скратено работно време, а работаат скоро и по цел ден. Во таква ситуација не помага, ниту кафето, водата, весникот, дури ни цигарите кои дополнително „убиваат“. За среќа, тука е аналгинот! WebOhrid

повеќе...

Зрно џиновска пченка пронајдено во маркет во Охрид

Во пакетче печена пченка, купено во еден од охридските маркети, помеѓу нормалните зрна пченка се појави и едно џиновско. На амбалажата е истакнато дека потеклото на производот е од Шпанија, но токму ова зрно пченка можеби има потекло од Перу, односно познатата џиновска пченка од Инките. WebOhrid

повеќе...

Потрошувачите недоволно информирани за ризиците во е-трговијата

Организацијата на потрошувачите на Македонија денес во Охрид одржа трибина, на која ги информираше потрошувачите од општина Охрид за ризиците кои што постојат во е-трговијата, односно купување на производи преку интернет, на што треба да внимаваат, каде да се обратат доколку се оштетени од одредени услуги и сл. „Ова е сфера која што и кај нас доживува подем во последните години, достапни се се повеќе производи и услуги што се нудат преку интернет достапни се и се повеќе домашни електронски продавници и со тоа нормално расте и бројот на проблемите со…

повеќе...

Железарија „Мајсторче“

Железаријата „Мајсторче“ се наоѓа на улица „Питу Гули“ бр.194 во Охрид. Железаријата нуди најквалитетна опрема, професионални машини и алати, опрема за санитарија, водовод, ХТЗ опрема, електрика, бои и лакови, мебел за бањи, туш кабини, вентили, батерии, градинарски славини… Ве очекуваме! За повеќе информации можете да се обратите на: телефон 046/ 611 223 email: sibmile@yahoo.com www.facebook.com/Железарија-Мајсторче

повеќе...

Јонгис – софтверски и хардверски решенија

Јонгис е компанија во приватна сопственост, формирана во 1991 во Охрид, Македонија. Од своето основање компанијата нуди софтверски и хардверски решенија и услуги за здравствени установи, институции за високо образование, мали и средни претпријатија и корпорации на пазарот во Македонија и регионот. Низ годините Јонгис има развиено софтверски решенија кои ги користат голем број компании во различни индустриски сектори, вклучувајќи: производство, здравство, угостителство, образование, малопродажба, големопродажба и дистрибуција итн. Портфолиото на Јонгис го сочинуваат апликации и софтвер меѓу кои спаѓаат и следниве: финансии, хотел менаџмент, човечки ресурси и плати, Point…

повеќе...

Почнаа со примена новите правила за означување на храната во ЕУ

Стапија на сила новите правила за прецизно означување на храната во Европската унија кои од денес, ги обврзуваат македонските компании кои извезуваат на европскиот пазар, на декларациите јасно да го наведат потеклото, нутритивните табели, отстапките во нето тежината, особено алергените, и тоа со болдирани или букви означени во друга боја. Најновите измени на Европската унија во делот на означувањето на производите содржани се во регулативата 1169 од 2011 година, која претставува сублимат на досегашните засебни директиви со кои се регулираше оваа област. Новите правила за означување на храната се обврска…

повеќе...

Владата ќе кофинансира отворање продавници за вино

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција истакна дека, со цел дополнителна поддршка на винскиот стопански сектор, зголемување на промоцијата на македонското вино произведено од 81 регистрирана винарија во нашата земја, зголемување на внатрешната потрошувачка на македонски вина, збогатување на туристичката понуда, но и поддршката на економскиот развој, условите за водење на бизнис и отворањето на нови работни места, Владата на Република Македонија започна со спроведување на проектот за отворање и работа на унифицирани и специјализирани продавници за вино. „Идејата за овој проект потекна од бизнис…

повеќе...

Од денес алкохол во продавниците ќе се продава до 19 часот

Алкохолните пијалоци од денес во трговските објекти низ земјава, повторно ќе се продаваат од 06 до 19 часот, наместо до 21 часот. Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21 часот важи од мај до крајот на септември. За оние кои нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.

повеќе...