Одржана прва јавна дискусија за Националната стратегија за млади 2016-2025

На 22 септември 2015 во Салата на советот на општина Велес се одржа првата јавна дискусија за Националната стратегија за млади 2016-2025 година. На настанот присуствуваа претставници на граѓанскиот сектор, локалниот младински совет на општина Велес и млади луѓе кои дискутираа за нацрт текстот на овој документ. Процесот на креирање на Националната стратегија за млади е воден од Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP), а започна во февруари оваа година кога беше најавен процесот, неговата динамика, како и планираните активности. Во…

повеќе...

Започна со работа локалното координативно тело за развој на туризмот

Врз основа на Меморандумот за разбирање и соработка, потпишан меѓу Општина Охрид и „ИМЕ“ програмата на Швајцарската агенција „СВИСКОНКТАКТ“ , денеска се одржа првиот состанок на Локалното координативно тело за развој на туризмот. На состанокот на кој присуствуваше и Елена Иванова од Секторот за туризам и угостителство при Швајцарската фондација за техничка соработка, се разговараше за улогата на координативното тело, стратешките промени и методологијата за развој на туристичката дестинација и изготвувањето на стратегија за развој на туризмот во Општина Охрид. „Целта на формирањето на Локалното координативно тело за развој на…

повеќе...

Туроператори од Турција и членки на ТУРСАБ во посета на Охрид

Делегација од Турција предводена од претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ- Асоцијација на тур оператори од Турција, Мехмет Акус, заедно со уште осумнаесет туроператори и нивни членки, од денеска се во официјална постета на Македонија, со цел проширување на туристичкиот пазар, зголемување на турстичката размена меѓу Турција и Македонија, зацврстување на веќе постоечките и создавање на нови партнерства со Македонија. Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ, Мехмет Акус со Аркан Керим, претседател на Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори потпишаа Меморандум за соработка со цел поголема конторола, зацврстување…

повеќе...

Груевски: Новата програма за рурален развој со двојно повеќе средства од претходната

Новата Програма за рурален развој ќе овозможи реализација на 221 проекти во 81 општина во вредност од 39 милиони евра, средства обезбедени од Владата. Целта на Програмата е унапредување на животните услови на руралните и други мали населени места, изјави денеска во Берово премиерот Никола Груевски. Програмата за рурален развој, како што посочи, е една од поважните во рамки на Програмата на Владата. „Во минатото имавме многу инвестиции во овој дел, а сега со новата Програма очекуваме уште повеќе инвестиции во многу општини. Во 81 општина доделени се решенија чија…

повеќе...

ФФМ ги следи трендовите за развој на младинскиот фудбал

Во дводневна работна посета на Фудбалската федерација на Македонија се високите гости од ФИФА – Ева Пасквер, менаџер за развој задолжена за асоцијациите членки на ФИФА и Рудолф Ханс Хеслер, технички асистент во одделот за развој на ФИФА. Техничка анализа на целокупниот процес за развој на младинскиот фудбал е главна тема на состаноците со раководството на ФФМ, директорот на едукативниот центар, Небојша Марковски, координаторот на младите национални тимови и фудбалската академија, Зоран Стратев, селекторите и тренерите на младинските национални селекции и одговорните во Фудбалската федерација во одделот за развој. Во…

повеќе...

Стартуваше процесот за изработка на новата Национална стратегија за млади 2016-2025

Агенцијата за млади и спорт во соработка со младинските организации и сите релевантни државни институции и организации, а со поддршка на Програмата за развој при ОН, денеска со првата работна конференција го започнапроцесот на изготвувањето на Националната стратегија за млади за периодот 2016-2025. „Во нашите излагања често велиме дека младите се нашата иднина, но всушност тие се сегашноста на оваа држава и овој документ се однесува токму на нив, на нивните потреби и ставови. Токму затоа, денес ве повикувам да се вклучите во целиот процес на креирање на овој документ…

повеќе...

Општина Охрид, бизнис секторот и банкарите со заедничка политика за стопански раст и развој на Охрид

Општина Охрид, заедно со бизнис заедницата и банкарскиот сектор од градов ќе креираат заедничка политика за побрз економски раст и развој на Охрид. Ова беше заклучено на седмиот по ред Локален економски совет што денес се одржа во зградата на локалната самоуправа а на кој покрај постојаните членови на ова локално тело присуствуваа и банкари, туристички работници и градежници од Охрид. Според градоначалникот Никола Бакрачески неопходно е да се воспостави систем на постојана комуникација и соработка помеѓу бизнис субјектите во градот со цел да се креираат адекватни решенија за унапредување…

повеќе...

Развојните програми на увид пред граѓаните

На последната, 33 седница на Советот на општина Охрид, беа донесени нацрт-развојните програми за 2015 година. Водејќи се од принципот на транспарентност и учество на граѓаните во креирањето на развојот на градот, локалната самоуправа ги објавува донесените развојни програми и ги повикува граѓаните, граѓанските здруженија и фирми со свои предлози и идеи да учествуваат во конечното формирање на истите. По завршувањето на увидот ќе биде организирана и јавна расправа. Програмите можете да ги преземете тука… РАЗВОЈНИ ПРОГРАМИ 2015

повеќе...

Рамномерниот регионален развој важен за економскиот развој на државата

Рамномерниот регионален развој е важна компонента во развојот на секоја држава, а реализацијата на проекти од страна на планските региони претставува одлична можност за обезбедување поголем економски раст, креирање нови вработувања и подобар животен стандард. Ова беше истакнато на денешната конференција за регионален економски развој организиран од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) со чија помош се реализираат проекти во планските региони во државата. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој присуствуваше на конференцијата, истакна дека Владата во изминатиот период има направено низа активности како што се стратегија за рамномерен…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со делегација од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска прими делегација од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој. На средбата стана збор за соработката помеѓу Република Македонија и Европската банка за обнова и развој, која датира од 1993 година и се оценува за исклучително успешна. Претседателот Иванов, искажа благодарност за улогата и ангажманот на ЕБОР како еден од најголемите поддржувачи на развојот на Република Македонија, преку реализација на повеќе проекти, а како посебно значајни ги нагласи проектите од областа на патната инфраструктура, транспортот и енергетиката. Соговорниците разменија…

повеќе...