Заев: Обврска на сите е слободната волја на граѓаните да биде гарантирна

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Сите пресметки ќе се направат, како што гледате условена е оставката на премиерот. И самиот е свесен дека не се стигнува со роковите за Избирачкиот список, нешто што секако беше важно уште пред „бомбите“, нешто што е императив. Делот за избирачкиот список, медиумите се лесно мерливи величини. Денеска се разглобуват сите овие детали и имаме обврска сите партиципиенти во овој процес чесно да пристапиме пред граѓаните, гарантирајќи им слободна изразена волја. Опозицијата е најважниот фактор кој треба да обезбеди слободна волја на…

повеќе...

Заев: 2016-та ќе биде година на правдата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите истакна: „Како што знаете 2015 ја потрошивме вистината да излезе на површина и да допре до граѓаните. Оваа 2016-та ќе биде година на правдата, година кога ќе се врати правдата во Република Македонија, но, и година на вистинските вредности. Година во којашто ќе зборуваме за економија, кога ќе има економски натпревар, кадешто граѓаните ќе имаат претстава и слика што е важно за сите нас, за тоа како ќе се димензионираат економските текови во Република Македонија со промената на власта што треба да…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со европратениците Ховит, Кукан и Вајгел

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, се сретна со европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел. На средбата се разговараше за спроведувањето на Договорот од Пржино и потребата од негова суштинската имплементација. Претседателот Зоран Заев рече дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и дека само негово целосно спроведување може да создаде услови за одржување на фер и демократски избори. „Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги исполни сите обврски од Договорот. Продолжуваме со нашата посветеност и очекуваме сите…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ Заев за Бадник и Божик

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, за големите христијански празници Бадник и Рождество Христово, Божик, во свое име и во име на СДСМ, упати честитка до сите граѓани кои ги чествуваат, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до членовите на Синодот, свештенството и монаштвото. „Упатувам најискрени честитки за Бадник и Рождество Христово, Божик, до Вас лично, до членовите на Синодот, на свештенството и монаштвото, до сите граѓани кои ги чествуваат овие големи православни христијански празници, во мое име…

повеќе...

Заев новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот во Банско

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по единаесетти пат новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот за заштита и рeхабилитација во Банско. Во прекрасен новогодишен амбиент, скромно и весело поминаа првите часови од Новата 2016 година потврдувајќи го искреното пријателство кое трае повеќе од една деценија. Градоначалникот Заев од срце на своите пријатели – штитениците им ја честита Новата година и им посака многу здравје и среќа. Тие му возвратија на честитките посакувајќи му исто така многу здравје и среќа и посакаа уште многу нови години да поминуваат заедно.

повеќе...

Новогодишно обраќање на Заев: Доаѓа година на слободата и правдата!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во новогодишното видео обраќање упатува честитки до сите граѓани на Република Македонија. „Почитувани граѓани, Погледнете, Безброј дланки се цврсто стегнати,Тоа се нашите дланки – Заедно сме! Отворете ги срцата и почувствувајте – Нашиот копнеж се остварува! Тоа е нашиот заеднички копнеж. Доаѓа слободата! Незапирлива е нашата волја!Незапирлива е нашата одлучност!  Никој повеќе не може да се испречи на промените што почнаа! Знаете ли зошто почитувани граѓани? Затоа што, ова повеќе не е само желба. Затоа што, ова повеќе не е само надеж. Ова е одлука во душата на секој од нас. И ова е…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Подрачната деветтолетка во Велмеј незаконски укината

Советничката група на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На вчерашната седница на Советот на општината Дебрца од страна на советничката група на СДСМ беше предложена одлука за изменување на одлуката за издавање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основното училиште “Дебрца” – Белчишта за учебната 2015/2016 година, со која се предлага враќање на укинатите паралелки од подрачното училиште во село Велмеј, кое нешто е барање и на жителите на село Велмеј. Предлогот беше поддржан од советничката група на СДСМ и независниот советник,…

повеќе...

Заев: Ги доставивме материјалите до специјалното јавно обвинителство

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Денеска, пред очите на јавноста, преку вас новинарите и камерманите, го завршивме нашиот дел од обврската од договорот од Пржино и материјалите од прислушуваните разговори коишто ги поседувавме како опозиција, се предадени на Специјалното јано обвинителство. Претстои обемна работа за Специјалното јавно обвинителство. Посакувајќи им среќна Нова година и многу успех во работата, оставивме материјал којшто, дефинитивно гарантира многу работа на Специјалното јавно обвинителство. Уште еднаш да повторам дека граѓаните преку Специјалното јавното обвинителство коешто е формирано во договор…

повеќе...

СДСМ: На последната седница ДПМНЕ одби 47 амандмани кои беа поднесени врз основа на потребите и барањата на граѓаните

Советничката група на СДСМ Охрид одржа прес-конференција на која што зборуваа координаторот проф. д-р Јован Стојаноски и советничката Жаклина Лазаревска. На пресот тие истакнаа: „Дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески не водат грижа за потребите на охриѓани, тоа граѓаните одамна го знаат. На последната седница на Советот на општина Охрид, ВМРО-ДПМНЕ одби 47 амандмани коишто СДСМ и коалиционите партнери ги поднесоа врз основа на потребите и барањата на граѓаните. Градоначалникот Бакрачески не беше присутен на оваа седница на којашто се расправаше за Програмите на секторите на општината, Програмите на Јавните претпријатија…

повеќе...

Охридскиот пратеник Тунтев поднесе предлог за измени во Законот за заштита од пушењето

Пратеникот од СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, како овластен предлагач, во Собранието на Република Македонија поднесе предлог Закон за измени во Законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува одредено олабавување на постоечките строги и ригирозни законски одредби. „Со бројните измени и дополнувања на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се’ построги правила кои, особено во однос на угостителските објекти, се премногу ограничувачки, како за пушачите – корисници на угостителските услуги, така и за вршителите на угостителската дејност. Актуелното законско решение ја влоши економската состојба во сферата на…

повеќе...