ОО на СДСМ Охрид испрати реакција во која стои: „Ситуацијата во Општата болница во Охрид е крајно драматична, затоа што пациентите се соочени со крајно лоши и нехумaни услови. Тодоров и Груевски се плашат од вистината за хаосот што го создадоа во здравството. Затоа обезбедувањето на болницата не дозволи вчерашната прес конференција на СДСМ Охрид да се одржи во кругот на болницата, на којшто беше укажано како работи болницата и со што се се соочуваат пациентите. Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и…
повеќе...Tag: сдсм
Заев: Победуваме, Ја враќаме еднаквоста!
Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Завршната конференција, „16 денови женски активизам – Сина панделка, борба против родово базирано насилство“ . „Ова е најубавата сала во моментов во Македонија. Мои дами, почитувани социјалдемократки, благодарам на поканата. Овие 16 дена активизам, коишто ја дрмнаа Македонија, проговоривте силно. Многу ретко кој зборува за женскиот активизам, за семејното насилство и за сите отворени прашања коишто се уште во ова ниво на развој Македонија ги има достигнато. Секако, присутни се во нашето општество, а во вака режимски поставено општество со оваа видлива диктатура,…
повеќе...Кузески: Хаосот што Тодоров и Груевски го направија во здравството се случува и во охридската Општа болница
Хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направија во здравството се случува и во Општата болница во Охрид, рече на денешната прес-конференција Секретарот и портпарол на ОО на СДСМ Охрид, м-р Александар Кузески. Тој кажа дека во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското „одделение немало греење. „Во ек на ниски температури, пациентите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки со цел да…
повеќе...Заев:Груевски ја нокаутираше Македонија
Груевски ја нокаутираше Македонија Изјава за медиуми, одговор на новинарски прашања Зоран Заев, претседател на СДСМ Медиуми: Имате ли коментар на изјавите на Никола Груевски дека ова е боксерски меч? Заев: Најверојатно човекот се кае заради тоа што не ја даде оставката, па се претставува како боксер во некој ринг. Во рингот на Никола Груевски од една страна се тој и врхушката на власта, а од другата страна се сите граѓани на Република Македонија. Со сите овие криминални политики во изминатите 10 години, Никола Груевски ја нокаутираше Македонија. Нокаутот на…
повеќе...Честитка од Заев по повод големиот христијански и државен празник Свети Климент Охридски
По повод големиот хрстијански и државен празник Свети Климент Охридски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед. Во честитката се вели: „Во мое име и во името Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија го честитам големиот христијански празник Свети Климент Охридски на сите православни верници. Чествувањето и почитувањето на делото на основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, Свети Климент Охридски, кој целиот свој живот го посветил на просветителство и описменување, е од огромно значење за зачувувањето и унапредувањето на македонската култура и…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со Аникен Хуитфелд
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со претседателката на Комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност на норвешкиот Стортинг, Аникен Хуитфелд, која е во работна посета на Република Македонија. На состанокот се зборуваше за актуелната состојба во земјава и за меѓусебната соработка помеѓу Норвешка и Македонија. Претседателот Заев рече дека само целосно спроведување на Договорот од 2-ри јуни/15 јули, во што побрз временски рок, може да создаде минимум услови за нормализација на државата и спроведување на слободни, фер и демократски избори. „Секој аспект од договорот има свое суштинско…
повеќе...СДСМ: Кривична пријава за злоупотребите во Министерството
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денес во изјава за медиумите истакна: „Врз основа на одржаната прес конференција на 4-ти декември оваа година и врз основа на основаните сомненија за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувања на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ а сегашен раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, Илија Србиновски, денеска до јавното обвинитеслтво за гонење на организиран криминал и корупција, како дополнителен заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поднесов кривична пријава заедно со сите докази коишто беа…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев со честитка по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, упати честитка до сограѓаните коишто го одбележуваат овој ден. Во честитката на претседателот Заев се вели: „Почитувани мои сограѓани, Не само на денешен ден, туку сите денови во текот на година ви припаѓаат Вам како и на сите други граѓани. Сите ние сме еднакви граѓани, еднакви луѓе. Свесни сме дека лицата со инвалидитет, лицата со попреченост се уште се соочуваат со серија проблеми во секојдневниот живот. Но, се може да се надмине, секој проблем може да се ублажи,…
повеќе...СДСМ: Ѓубре на виртуелните индустриски зони на Груевски
ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Никола Груевски во деновите пред неговото заминување ги употребува последните фантазии за инвестиции, зони, вработувања од неговиот виртуелен свет. Виртуелните инвестиции, зони не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре. За тоа сведочат еве овие фотографии во прилог, направени пред два дена, на местото на виртуелната индустриска зона Мауцкер, најавена во февруари лани. На 09 февруари 2014 се испоснимаа владнини и локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Најавуваа исто толку убедливо, како што деновиве мафта со договори…
повеќе...Заев: Груевски призна пораз на сите негови политики
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конфернција на која истакна: „Никола Груевски и официјално призна целосен пораз на сите негови политики во изминатите 10 години. Расипничките и недомаќински политики на Никола Груевски, без економски концепт и визија за развој на земјата, ја доведоа државата во ситуација да мора да се задолжува за да обезбеди пари за плати, пензии, социјална помош, капитални инвестиции… Падна во вода целиот виртуелен свет на лажни економси успеси што Никола Груевски со години го креира преку медиумите под негова контрола, скапо платени со народни пари.…
повеќе...