Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат големиот верски празник Курбан Бајрам. „Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам од име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име. Празничните денови нека бидат прозорец кон духовен мир, слога, почитување, благосостојба. Тоа ќе внесе радост во вашите срца и вашите семејства, а само со спокојни граѓани е можно успешно општество. Празниците се свети моменти кога свртувајќи се кон вистинските вредности: чесност, правда,…
повеќе...Tag: сдсм
СДСМ: Загрижувачки состојби во македонската дипломатија
Комисијата за надворешна политика на СДСМ, раководена од заменик претседателката Радмила Шекеринска, ја анализираше состојбата во надворешната политика на Република Македонија, во однос на остварувањето на стратешките определби на државата на надворешен план. Констатирано е значајно назадување на позицијата и угледот на Република Македонија на овој план, од година во година, со јасни белези за изолација и доведување во опасност на интегритетот, самостојноста, безбедноста и развојот на земјата, како и бесперспективност на нејзините граѓани. Како суштински елементи за овие состојби се неконзистентната надворешна политика на актуелната Влада на РМ и…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со претставници на Социјалдемократската младина на Финска
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претставници на Социјалдемократската младина на Финска, коишто се во посета на Р.Македонија. Централна тема на средбата беше актуелната политичка состојба во Македонија и содржината на договорот од 2-ри јуни/15 јули а се зборуваше и за проблемите со коишто се соочуваат младите во нашата земја. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека промените коишто ќе следат на изборите 2016 година, по нормализацијата и демократизацијата на Македонија, ќе ги отвори вратите за економски напредок на земјата и подобрување на животот на сите граѓани,…
повеќе...СДСМ Дебрца: На Министерството за финансии му требаа 4 години за да ја подготви одлуката за обештетување на земјоделците од општина Дебрца
ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Во врска со вчерашната изјава на Министерот за финансии, Ставрески за донесената одлука на Владата на РМ за обештетување на земјоделците од општина Дебрца за штетата предизвикана од елементарната непогода -град, во 2010 година, во која потенцираше дека благодарение на градоначалникот на општината Дебрца и пратениците на ДПМНЕ од Охрид и Струга Владата ја донела одлуката, а во името на вистината, сакаме да го корегираме министерот. Имено, Владата на Република Македонија, уште на на триесет и шестата седница,…
повеќе...СДСМ: Најдоцна до почетокот на идниот месец изборното законодавство треба да се затвори
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Социјалдемократскиот сојуз, јас и дел од раководството сме денеска во Битола, заедно со претседателите на 18-те комисии, членовите на Извршниот одбор, надворешни експерти, заедно работиме на досоставувањето на Платформата, нејзино усовршување во моменти кога ја отвараме дебатата што е тоа што опозицијата, којашто ги вадеше “бомбите“ во целиот овој период, ќе го понуди како алтернативно решение за подобар живот на сите граѓани за периодот којшто е исправен пред нас. Секако ги следите процесите, паралелно одат преговорите коишто сами по…
повеќе...Кузески: Населбата Видобишта се уште нема асфалтирана улица
ОО на СДСМ Охрид денес одржа прес-конференција, на која говореше секретарот и портпарол на ОО СДСМ Охрид, Александар Кузески, на која истакна дека населбата Видобишта којашто се наоѓа на само неколку километри од центарот на Охрид, се уште нема асфалтирана улица. „Над 1.000 жители од ова место, над 250 семејства немаат достоен пристап до своите домови. Улиците „Момчилo Јорданоски “ и „ Сирма Војвода“ во лето се полни со прашина, а во есен и зима со кал. Погледнете, во 21 век, во Охрид нема асфалтирани улици, па жителите од оваа населба…
повеќе...Заев на Бит Пазар и во старата чаршија: Почит, верба и силна поддршка
Со голема почит и силно изразена поддршка за промени, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, беше пречекан од граѓаните, занаетчиите, дуќанџиите и пазарџиите од Бит пазар и Старата скопска чаршија. Видливо беше задоволството од посетата на претседателот на СДСМ. Срдечни поздрави и охрабрувачки пораки да продолжи по патот на вистината, правдата и правичноста, на патот што треба да донесе промени, нормализација и економски напредок на државата. Занаетчиите, дуќанџиите и пазарџиите се жалат дека прометот постојано им опаѓа. Сите чувствуваат дека народот нема пари, едвај крпи ден за ден, дека економијата тоне.…
повеќе...Потпретседателот на СДСМ Манчевски се сретна со високи претставници на ОБСЕ
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска се сретнаа со високи претставници на ОБСЕ, Беата Мартин Розумилович, директорка на Департманот за избори и Јан Хаукас, специјалниот претставник на ОБСЕ во Виена. На средбата се разговараше за текот на преговорите за изборното законодавство и можностите преку коишто мисијата на ОБСЕ може да помогне во имплементацијата и мониторингот на договореното во рамки на преговорите. Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски ја истакна важната и клучна улога на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија и рече дека…
повеќе...СДСМ: Бараме власта да дава отчет за потрошените пари и отвораме јавна расправа
Пратеничката група на СДСМ и опозицијата поднесе до Собранието измени на закон со коишто власта ќе се задолжи да дава отчет за што и како ги троши народните пари, рече на денешната прес-конференција пратеникот Марјанчо Николов. „Станува збор за измени и дополнување на Законот за буџетите. Комисијата за финасирање и буџет за ова отвора јавна расправа на 17 септември, на којашто покануваме да учествуваат сите заинтересирани граѓански организации. Милиони евра пари на граѓаните изминативе 9 години се потрошени во нетранспарентни постапки. Тоа овозможува злоупотреби, корупција и криминал со парите на граѓаните.…
повеќе...Делегација на СДСМ на средба со жителите на Горно и Долно Лакочереј и Велгошти
Делегација предводена од претседателката на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ Татјана Прентовиќ, оствари работна средба со жителите на селата Горно Лакочереј, Долно Лакочереј и Велгошти. На средбата беше јасно нагласена пораката дека СДСМ во својата програма предвидува зголемен фонд на субвенциите за земјоделците и нивно навремено исплаќање. СДСМ е активно на терен меѓу граѓаните и на непосреден начин се запознава со нивните проблеми и предлози за истите да ги преточи во најсоодветни програмски решенија со кои ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори.
повеќе...