СДСМ: Владеењето на Трајкоски со Дебрца заврши, доаѓа живот за сите

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Деновиве, поточно на 17.04.2017 година се навршија четири години откако Игор Трајкоски ја презеде градоначалничката функција во општина Дебрца, со што формално правно неговиот мандат е завршен. Ако треба да дадеме оценка за неговото четиригодишно владеење тогаш слободно може да се констатира дека тоа во ништо не се разликува од десетгодишното владеење на неговата партија, ВМРО ДПМНЕ, на централно ниво. Затворена и заробена општина во која граѓаните имаа отежнат пристап до општинските услуги, крајно расипничко и нетранспарентно трошење на…

повеќе...

Велигденска честитка на ОО СДСМ Охрид

ОО на СДСМ Охрид упатува искрена честитка до сите граѓани на Охрид кои го чествуваат големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден. „Светлината на Христовото Воскрение е симбол на откровението на вистината – спасителка на светот и на човекот. Ова е период кога можеби повеќе од било кога сме исправени пред најголемите предизвици како граѓани на овој наш старозамански град – да покажеме здрав разум, храброст и зрелост и цврсто и непоколебливо да застанеме на страната на животот, вистината, правдата, почитта кон различностите, на страната на човековото достоинство што ја…

повеќе...

СДСМ: Општина Дебрца со најнетранспарентен буџетски процес

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Центарот за економски анализи (http://cea.org.mk) деновиве ги објави наодите од проектното истражување на степенот на транспарентност на буџетскиот процес и отчетноста при трошењето на јавните средства кај општините во Република Македонија. Во истражувањето се опфатени сите општини во Република Македонија, распоредени во осумте плански региони. Резултатите од истражувањето покажуваат дека во рамките на Југозападниот плански регион, за фискалната 2016 година општина Дебрца, заедно со општина Центар Жупа се најнетранспарентните општини во поглед на буџетскиот процес и отчетноста при…

повеќе...

СДСМ: Охрид ќе добие одговорна локална власт која нема да ги малтретира и понижува граѓаните

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Додека општинската администрација секојдневно трпи закани и уцени и е присилена да излегува на протести во одбрана на криминалите на ракводството на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески и нивните блиски соработници од општинските сектори на општински трошок прават екскурзии низ Европа. Поведени од примерот на нивниот лидер Груевски, првите луѓе на Општина Охрид заминуваат од државата, а ги присилуваат вработените секојдневно да излегуваат на протести, лажејќи ги за некакви платформи и федерализации. Ваквото дрско и самоволно однесување…

повеќе...

СДСМ: Завршната сметка на општина Дебрца го покажа расипничкото трошење на општинските пари

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На последната седница на советот на општина Дебрца, одржана на ден 15.03.2017 година советот на општината, со гласовите на советниците на ДПМНЕ и независниот советник ја усвоија Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2016 година. Завршната сметка уште еднаш го покажа она што е константа во раководењето на општината во изминативе години, а тоа е крајно расипничкото и нетранспарентно трошење на општинските пари. Во оваа прилика тоа ќе го илустрираме со неколку буџетски расходи. За прехранбени продукти…

повеќе...

СДСМ: Бараме итно стопирање на незаконските градежни активности во Лагадин

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Бараме локалната власт во Охрид предводена од неодговорни политичари, веднаш да престане да го уништува и загрозува природно наследство. На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, советниците од СДСМ предложија да се расправа за незаконската изградба на хотелот во Лагадин и да се стопира неговата нелегална изградба. Укажуваме дека и институции се огласија против ваквата намера на советниците од ВМРО-ДПМНЕ на штета на Охрид. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам достави барање до градоначалникот на Охрид за поништување…

повеќе...

Заев: Еве ја Програмата за сите граѓани, на новата реформска Влада на унитарна и европска Македонија!

Преседателот на СДСМ, Зоран Заев денес имаше обраќање, на кое истакна: „Почитувани граѓани, Македонија мора да оди напред! Денеска сум пред вас да ја објавам Програмата на новата Влада на Република Македонија. Суштината на Програмата се основните потреби на граѓаните на Република Македонија. Парламентарното мнозинство силно посветено на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на Република Македонија, ја декларира својата силна политичка волја за формирање на реформска Влада која ќе се фокусира на заедничките стратешки приоритети на Република Македонија, членство во НАТО и Европската унија и ќе обезбеди брзо и…

повеќе...

СДСМ: Недозволиво е да се повикуваат ученици да напуштаат настава за да бидат дел од протести

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Укажуваме дека директорот и надлежните во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ имаат должност да ги заштитат учениците од партиски злоупотреби. Недозволиво е ученици преку истакнати летоци да се повикуваат да напуштаат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза. Во прилог е летокот кој е објавен и се дели меѓу учениците од втората смена. Никој нема право да ги манипулира и злоупотребува ученици за остварување партиски цели. Учениците, но и…

повеќе...

Заев: Иванов направи државен удар, веднаш да ја повлече одлуката и да го додели мандатот за формирање нова Влада!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна: „Ѓорге Иванов, со одлуката да не го додели мандатот за состав на новата Влада, за што е обврзан според Уставот на Р.Македонија, изврши државен удар! Иванов ја внесува Македонија во длабока криза со несогледливи последици по граѓаните и по државата. Тој прави уставно – државна криза со тоа што ја негира мнозинската волја на граѓаните и поднесените 67 потписи на избрани пратеници во Собранието на Р.Македонија и спречува легален и легитимен трансфер на власта. Со ваквото однесување, Иванов уште…

повеќе...

Средба на Заев со кинеската амбасадорка: Македонија ќе добие нова реформска Влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев претпладнето се сретна со новата амбасадорка на НР Кина во Р.Македонија, Лин Лисјен. На средбата е поздравена традиционално добрата соработка помеѓу Р.Македонија и НР Кина и се потврдени определбите и од страна на амбасадорката на Кина и од страна на претседателот Заев за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Претседателот на СДСМ ја информираше кинеската амбасадорка за актуелните политички настани во Македонија и очекувањето Ѓорге Иванов во најскоро време да му го додели мандатот за состав на новата Влада на Р.Македонија. „Идната Влада на Македонија…

повеќе...