СДСМ ја најави „Вистината за Македонија“

Централниот одбор на СДСМ едногласно застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев и раководството на партијата и донесе црвста и решителна одлука да почне објавувањето на документите, што докажуваат криминал и корупција во највисокиот врв на власта. Централниот одбор, го овласти раководството на СДСМ да ги обелодени документите што докажуваат системско и незаконско прислушување илјадници граѓани, целосна контрола и злоупотреба на државните институции и правосудните инстанци во партиски и изборни цели, злоупотреби и груби нарушувања во изборниот процес, селектираната и партиски диригирана правда, погазената држава. Во едногласно усвоените заклучоци се…

повеќе...

Нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија

Синоќа, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заседаваше на состанокот на Координативното тело за спречување со кризи во проширен состав, на кој се разгледуваше состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на временските услови. Според информациите од УХМР, нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија. Се очекува врнежите да бидат со поголем интензитет од тие во изминатиот викенд. Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба. На координативниот состанок беа утврдени следниве…

повеќе...

Координативно тело: Градоначалниците да бидат подготвени за новиот бран врнежи

Во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледуваше состојбата во поплавeните подрачја. Според информациите од УХМР, за утре повторно се најавени врнежи од дожд со што се подига нивото на алармантност, посебно во југоисточните делови на земјата. Се очекува врнежите од дожд да бидат со помал интензитет и тоа до 15 L / m2. Од Координативното тело препорачуваат сите градоначалници да бидат подготвени за новиот бран врнежи и да ги преземат потребните мерки. Се апелира до сите градоначалници да ги стават на…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и градежниците заеднички ги разгледуваа можностите за стопанско заживување на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска во општинската зграда, оствари работна средба со 30-ина претставници од градежната фела во Охрид. Целта на работниот состанок беше општината и градежниците заеднички да ги разгледаат сите аспекти од функционирањето на градежништвото во Охрид Од страна на градоначалникот Бакрачески беше истакнато дека општина Охрид настојува согласно своите ингеренции и во склад со законската регулатива да им излезе во пресрет на инвеститорите како и во рамки на своите можности да влијае до ресорните министерства во поглед на забрзување на некои постапки во однос на надминување на потешкотиите…

повеќе...

Јанакиески: Не сум задоволен од работата на „Македонија пат“

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вечерва во Охрид се состана со сите надлежни служби задолжени за зимско одржување на патиштата и за справување со зимските услови. Како што истакна тој, патот до Извор е прооден, но најголем проблем има на превојот Пресека. „Околу 30 села имаат блокирани патишта. Покритично е струшкото село ’Ржаново, но МВР веќе се организира и во текот на утрешниот ден да направи евакуација на три возрасни лица“, најави Јанакиески. Во врска со електричната енергија, министерот Јанакиески рече дека дел од населените места уште вечерва…

повеќе...

Работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на РМ

Во Министерството за надворешни работи денеска почна годишниот работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Со работниот состанок претседаваше министерот за надворешни работи Никола Попоски, а излагање имаше и претседателот на Владата Никола Груевски. Попоски се осврна на актуелната политичка ситуација и релациите на Република Македонија со непосредните соседи, оценувајќи ги како многу важни, додека евроатлантската интеграција е без алтернатива и приоритет на нашата надворешна политика „Економската дипломатија останува клучна компонента на македонската дипломатија во насока на привлекување странски инвестиции и креирање нови работни места“,…

повеќе...

Земјите од ЈИЕ бараат поддршка од ЕУ за коридорите 8 и 10

До 2020 година на Република Македонија и се потребни околу 1,7 милијарда евра за проектите што моментно ги реализира и за оние кои се планирани, а за кои немаме обезбедено финансиски средства. За овој период од Европската унија ни стојат на располагање само шест проценти од потребните средства или околу 108 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во обраќањето на 10. Годишен состанок на транспортната опсерваторија на ЈИЕ – СЕЕТО. Јанакиески потенцира дека сите проекти што ги реализира Македонија се на европските коридори, нагласувајќи дека како…

повеќе...

Премиерот Груевски присуствуваше на завршниот состанок на Централно-европската иницијатива

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски  во Виена присуствуваше на завршниот состанок од австриското претседавање со Централно-европската иницијатива. На истиот овој форум Република Македонија го презема претседавањето со иницијативата од страна на досегашниот претседавач Република Австрија. Притоа премиерот Груевски пред шефовите на влади кои што беа присутни на Централно-европската иницијатива ги истакна политичките и економските приоритети на македонското претседателство и го претстави нацрт календарот на активности врз основа на кој што ќе се врши реализација на целите и приоритетите. „Ги истакнав приоритетите на нашето претседавање во наредната година,…

повеќе...

Темелковски на состанок на членките на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка

На Заедничкиот состанок на членките на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка и Виенската конвенција за заштита на озонската обвивка, кој од 17 до 21 ноември година се одржува во Париз, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски учествуваше во сегментот за високи претставници на земјите-членки на Монтреалскиот протокол. Во таа прилика тој зборуваше за остварувањата и резултатите постигнати на ова поле, истакнувајќи дека Република Македонија, која речиси 17 години ги следи чекорите истрасирани од меѓународната заедница за спроведување на одредбите на Монтреалскиот протокол,…

повеќе...

Одржан координативен состанок за зимско одржување на патиштата

Во пресрет на зимата, денеска се одржа координативен состанок за одржување на патиштата во зимски услови, на кој присуствуваа претставници од општина Охрид, Сектор за комунални дејности, сообраќај и патишта и сообраќајниот инспекторат, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец, СВР – Охрид, полициските станици Струга, Кичево и Дебар, општина Дебрца како и претставници од Агенцијата за патишта и Јавното претпријатие „Македонија пат“. Ваков тип на координативен состанок се одржува секоја година пред почетокот на зимата се со цел надминување на проблемите кои се појавиле во претходната сезона кога е задолжително поседување на…

повеќе...