Кривична пријава за стружанец поради кражба на дрва

Полициската Станица Струга поднесе кривична пријава против М.В. (37) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на дрва“. На 14-ти јуни годинава од страна на полициски службеници од ПО Велешта во с.Поум на м.в.Арабаба затекнати се тројца албански државјани кои вршеле бесправна сеча на дрва, а по преземени мерки е утврдено дека пријавениот ги ангажирал да вршат сеча на дрва. На местото на настанот пронајдени се 10 метри просторни дрва, а при извршен претрес на домот на пријавениот уште 14 метри просторни дрва, нежигосани и…

повеќе...

Охриѓанка узурпирала недвижен имот – сопственост на РМ

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.К.В. (44) од Охрид. Пријавената, од почетокот на годинава, со незаконски дејствија узурпирала 599 метри квадратни недвижен имот-земјиште сопственост на Република Македонија. Тоа го направила со намера за владение на недвижниот државен имот лоциран покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан веднаш до нејзината парцела, а со цел да го употреби за лична корист. В.К.К. на узурпираното државно земјиште најнапред поставила ограда, а потоа со насипување песок овозможила пристап од магистралниот пат до…

повеќе...

Авиодезинсекција за уништување на комарци на подрачјето на општина Охрид, Дебрца и Струга

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид, Дебрца и Струга дека на ден 22.07.2015 год. (среда) во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Авионска адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска…

повеќе...

Концертна вечер за историја – „Телонаука Совршена“ се враќа на сцената со прв концерт во Струга

По пауза од 23 години, култната група „Телонаука Совршена“ ќе настапи во живо во рамки на третото издание на „ДримOn“. Публиката ќе има ретка можност да присуствува на концертот, кој ќе биде во сабота, 25 јули на Летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Гитаристот и вокалист на бендот, Сашо Кленкоски рече дека идејата за повторно враќање на сцена била уште од пред нецела година и имаат намера групата да продолжи таму каде што запре во 1992 година. „Ова ќе биде нашиот прв настап во Струга. Верувале…

повеќе...

Трето издание на фестивалот за процесирање култура во Струга – Инка го носи ДримОн3- „на мускули“

Дебати, работилници, изложби, проекции на филмови, концерти, дружење и поттикнување на размислувањата и делувањата на полето на уметноста и културата ќе бидат дел од третото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримOn“ кој ќе се одржи од 22 до 26 јули во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Креативното јадро на Здружението Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА), на свој грб го носи и третото издание на фестивалот, чие мото е „На мускули“. „Од ова издание на „ДримОn“ очекувам да ги набилдаме уште повеќе мускулите за да можеме да…

повеќе...

Осветен храмот Преполовение во Мислешево, Струга

Денес во Седмата недела по Педесетница и на празникот на преподобниот Сисој Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Митре Попоски, свештеникот Никола Христоски и ѓаконот Сашо Целески, изврши осветување на новоизградениот храм посветен на празникот Преполовение во с. Мислешево, Струга. Храмот се изгради со донациите на локалното население, како и со донациите на сите добронамерни верници од пошироката околија. Откако храмот беше осветен, беше отслужена и првата света архиерејска Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа.

повеќе...

Откриени четири обиди за избегнување на плаќање увозни давачки, од кои два во Струга

Во текот на минатата недела, на царинските испостави Гевгелија, Струга и Струмица се откриени четири обиди за избегнување на плаќање увозни давачки. Два обиди за избегнување плаќање увозни давачки со приложување на лажни фактури при увозно царинење се откриени на царинската испостава Струга. Во првиот случај, фирма од Дебрца, со две царински декларации пријавила за увозно царинење вајт шпирит, при што приложила фактури со вкупна вредност од 21.290 американски долари. Заради сомневање во декларираната вредност на стоката, царинските службеници извршиле детален преглед на двете возила со кои била транспортирана стоката,…

повеќе...

2000 дечиња на бесплатно летување во Струга

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, го посети детското одморалиште „25 мај“ во кое во моментов престојува петтата група на деца кои што се дел од проектот “Бесплатен летен одмор за деца од семејства од социјален ризик”. „Станува збор за проект на Владата на Република Македонија кој што го реализираме од 2012 година. Заклучно со ова лето, овој проект збирно до сега го имаат искористено 11.000 дечиња. Имено петтата група која што денес ја посетуваме е составена од околу 200 деца од повеќе градови и општини ширум Р.Македонија.…

повеќе...

Во Струга ќе се одржи работилница за ready made на културниот центар „Кула“

Културниот центар „Кула“ во соработка со фестивалот „Дримon“, го отвора повикот за работилница за ready-made. Работилницата ќе се одржи во Струга, во рамки на фестивалот Дримon од 22-24 јули. Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе кои веќе имаат познавања или би сакале да се запознаат со ready-made методот на творење. Учесниците на оваа работилница ќе имаат прилика да се запознаат со основите на концептот ready-made и да творат во духот на неговото поимање. Предметите кои ќе се изработуваат во текот на истата ќе бидат накит, скулптури и неконвенционални…

повеќе...

Повредена мечка се појави на плажа во Струга

Вчера околу 13,50 часот пријавено е дека на плажата пред автокампот „Треска“ во Струга дошла мечка која била повредена во пределот на предната лева нога. Од страна на полициски службеници цела вечер беше обезбедено местото на настанот, со цел да нема влегување на граѓани во кампот. Известени се инспектори по лов.

повеќе...