Театарски ансамбли од Македонија, Косово, Албанија, Турција и од Швајцарија настапија на годинешниот 5-ти, јубилеен, Фестивал на национална драма во Тетово. Публиката имаше можност да проследи одлични настапи на ансамблите од земјава, но и да ужива во перформансите на театрите од странство. Фестивалот беше отворен со претставата насловена „Графити“, по текст на Мехмед Краја, а во режија на Фадиљ Хусај, во изведба на гостите од Народниот театар од Косово. На свеченото отворање на Фестивалот, покрај директорот на театарот Валмир Азири, свое обраќање, а воедно и чест да го прогласи Фестивалот…
повеќе...Tag: тетово
Конзервација, реставрација и конструктивна консолидација на архитектурата на Алимбеговата куќа во Тетово
Во Тетово во тек се активностите за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, значаен споменик на културата од османлискиот период изграден во необарок стил кој до 1993 година беше во функција на Медицински центар или Стара болница. Имајќи го предвид значењето на објектот и согласно иницијативата за адаптација на куќата во современ музеј на Мехмет Паша Дерала, со поддршка на Министерството за култура, беа обезбедени средства за изработката на проект за конзервација, реставрација и конструктивно зајакнување на архитектурата. Претходно се извршени конзерваторско реставраторски работи на тремот и…
повеќе...Интерактивна мапа на сите локации каде може да се донира или побара помош за поплавите
На специјализирана мапа на „Гугл“ означени се пункотвите на кои може да се донира помош за погодените подрачја од поплавите и од невремето. Мапата ги прикажува и прифатните центри и центрите за укажување помош на граѓаните на кои им е потребна. Апели за донации на храна, вода, волонтери и секакви информации околу поплавените подрачја граѓаните можат да најдат и на социјалната мрежа „Фејсбук“ во групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје. “ Администраторите на групата се организирани со дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за итно интервенирање…
повеќе...Вонредна седница на Владата, ќе се прогласи кризна состојба во Скопско и Тетовско
Владата за попладнево во 16.30 часот закажала вонредна седница на која, како што пренесува порталот „Прес 24“ треба да биде донесена одлука за прогласување на кризна состојба во Скопско и Тетовско, кои се најмногу погодени од вчерашното невреме. По денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи, министерот за здравство, Никола Тодоров соопшти дека ќе продложат до Владата да биде прогласена кризна состојба во овие два региони, која ќе трае наредните 15 дена. На состанокот било одлучено да се формираат комисии кои веднаш ќе почнат со проценка на штетите…
повеќе...Ќе се санираат речните корита во Тетовско
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Тетово Теута Арифи, денеска, во Тетово, потпишаа договор за финансирање на проектотза Изведување на градежни работи согласно главен проект за регулација на коритото на река Речица. „За зафатот за регулирање на коритото од реката во Голема Речица од буџетот на министерството се обезбедни 5,5 милиони денари“ – изјави министерот Изаири нагласувајќи дека оваа активност е дел од Акциониот план за справување со поплавите во Тетовско кој е во фаза на завршување и со кој меѓу другото се…
повеќе...Министерот Адеми се сретна со министерот за национално образование на Турција, Наби Авци
Во рамките на Самитот во Истанбул обезбедени се два проекти предвидени за Универзитет на Југоисточна Европа и за училиштата во Тетово. Во рамките на Глобалниот образовен самит кој се одржа во Истанбул, министерот за образование и наука, м-р Абдилаќим Адеми оствари средба со министерот за национално образование на Република Турција, Наби Авци. Министерот Адеми му се заблагодари за соработката и поддршката на турската Влада во областа на образованието, особено во подобрување на образовната инфраструктура во некои училишта. Инвестициите кои се реализираат преку ТИКА се инвестиции кои се во согласност со…
повеќе...Охриѓанец загина во сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје
Вчера околу 07.30 часот на автопатот Тетово-Скопје, кај Смилковско езеро, се случила сообраќајна незгода во која А.М. (56) од Охрид, управувајќи ПМВ „БМВ Х6“ со охридски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат с.Смиљковци-н.Бутел. По незгодата сопатниците Н.М. (22) и дванесетгодишно дете, двајцата од Охрид, биле пренесени во Ургентен центар – Скопје каде им е укажана лекарска помош и им се константирани тешки телесни повреди. Истите се задржани за понатамошно лекување. Додека кај возачот А.М. на местото…
повеќе...Претседателот Иванов на одбележување на христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики во Тетово
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики, што се одржа во црквата „Св. Атанасиј” во Тетово. Во истоимената црква претседателот Иванов присуствуваше на света божествена литургија во сослужение на свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ-ОА, и на церемонијата на осветување на празничниот колач. Македонскиот претседател на верниците им го честише празникот Св. Атанасиј Велики, посакувајќи им здравје, радост и благосостојба. Во црквата во манастирскиот комплекс на тетовското кале, традиционално се прославува христијански празник Св. Атанасиј Велики. Старешината на…
повеќе...Владата донесе заклучоци и препораки во врска со аерозагадувањето
Владата на Република Македонија денес на вонредна седница расправаше во врска со зголеменото ниво на загаденост на воздухот, при што донесе повеќе заклучоци и препораки. Владата усвои заклучок со кој се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) во Градот Скопје и Општината Тетово (каде беше констатирано дека во десет последователни дена ПМ-10 честичките се над дозволените граници), да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест…
повеќе...Доделени 35 конзерваторски лиценци
Нови 35 лиценци за конзервација на движно и недвижно културно наследство им беа врачени денеска на стручни лица кои со тоа стекнаа право за непосредна заштита на предмети и објекти. Со нив, вкупниот број на лиценцирани козерватори достигна 47. Лиценците им ги врачи министерката Елизабета Канческа-Милевска која истакна дека во изминатите години меѓу приоритетите на Владата и на Министерството за култура е ревитализација на културното наследство, истражување на голем број археолошки локалитети на кои беа пронајдени многубројни артефакти од различни епохи кои беа соодветно заштитени и презентирани пред јавноста. Таа…
повеќе...