Бројни охриѓанчиња со коледарската песна „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање

Повеќе од триста млади охриѓанчиња кои беа дел од свечената Бадникова поворка утрово низ охридските улици со свеќи во раце, кандила и ѕвезди го наговестија Христовото раѓање. Дечињата пеејќи ја коледарска песна „Вечниот бог“, ги симболизираа анѓелите, што ја носат радосната вест, а на градскиот плоштад беа дарувани со бадникови пакетчиња кои за нив ги обезбеди Општина Охрид и Здружението за грижи и воспитување на деца. „Ова е прекрасна глетка на млади дечиња кои на ваков начин учат за својата традиција, вера и култура. Локалната самоуправа ги поддржува ваквите манифестации…

повеќе...

Протест на вработените од охридски ЕМО

Вработени во АД ЕМО-производство Охрид денес одржаа мирен протест по охридските улици. Дел од паролите гласеа: „ЕМО-вци робови на 21ви век“, „Ние сме гладни“, „40 маченички плати и придонеси“, „Борба за здравје и достоинство“ со кои вработените по којзнае кој пат потсетија за состојбата во ЕМО. Како што истакнаа штрајкувачите, иако календарски зимата започна денес – за нив зимата трае цели 365 денови. WebOhrid

повеќе...

„Опери ме“ – но, не сфаќајте го тоа буквално!

Деновиве по охридските улици можевме да забележиме комбе со двосмислена порака – „Опери ме“. Ова комбе кое имаше тетовски таблички сигурно претходно било кај некој од нашите северни соседи, а тешко возачот доколку кај нас оваа порака некој ја сфати буквално. WebOhrid

повеќе...

Се поставуваат нови улични светилки во централното градско подрачје

Согласно годишната програма за работа во делот на јавното улично осветлување екипи од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид во текот на денешниот ден поставија столбови за улично осветлување на улицата “Македонски просветители“. Едниот столб за јавното улично осветлување е поставен пред зградата на Основниот суд а другиот пред маркетот “Тинекс“ во непосредна близина ка кружниот тек кај градскиот плоштад. Со новите улични светла ќе се подобри јавното осветлување по што се очекува да се зголеми нивото на безбедност како за сите учесници во сообраќајот така и…

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ со активности на повеќе локации во Охрид

ЈП „Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид деновиве активно работи на повеќе локации низ градот. Една од оперативните екипи на ЈП „Нискоградба“ денес работеше на санирање на металните столпчиња на улицата „7-ми Ноември“. Со цел поголема безбедност на пешаците и правилно сообраќање на возилата на оваа улица ќе бидат поставени и бетонски топки. Во текот на вчерашниот ден, ЈП „Нискоградба“ заврши со поставување на бехатон плочките на дел од тротоарот на пресекот на улиците „Мите Богоески“ и „Даме Груев“, со што се заокружи…

повеќе...

Се поставуваат нови светлосни знаци на Булевар „Туристичка“

Општина Охрид, од вчера започна со промена на сообраќајните знаци на булевар „Туристичка“, што се наоѓаат кај пешачките премини. На местото на старите знаци, кои обележуваа пешачки премин се поставуваат нови светлосни знаци. Ваквите знаци ќе се постават по целата „Туристичка“ на сите места каде има пешачки премини. Целта на поставувањето на светлосните знаци е зголемување на видливоста на истите, а со тоа и зголемување на безбедноста на пешаците. Претходно светлосни сообраќајни знаци, беа поставени на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“ кај Комерцијална Банка и на пресекот на…

повеќе...

Одрон на патот – внимавајте на знакот!

Сообраќајните знаци се поставени за да ги предупредат возачите за нивна безбедност во сообраќајот. Но, често се случува некои возачи „да ги видат“ овие знаци одблизу. Таков е случајот на патот над Хидробиолошкиот Завод, на влезот од Охрид од кај Рача. Знакот „одрон на камења од десна страна“ е пред паѓање, а неговото столпче е искривено. WebOhrid

повеќе...

Мостот од кај ОУ „Христо Узунов“ ќе се дислоцира на нова локација

Веќе подолго време безбедносниот мост над улицата „Питу Гули“ е затворен. Иако мостот им служеше на децата од ОУ„Христо Узунов“, но и на жителите од Горна Влашка маала за безбедно преминување преку оваа улица, сега ќе мора да се дислоцира. Виновници за тоа се вандалите, кои немилосрдно удрија по него: кршеа, корнеа, руинираа кај ќе стигнат и што ќе стигнат. Токму за тоа, овој мост беше затворен и не е во функција на училиштето, односно учениците, па и останатите граѓани. „Мостот беше во права смисла направен за безбедност на поминување…

повеќе...

Секторот за комунален развој, улици и патишта со нови термини за прием на граѓани

Се известуваат граѓаните на општина Охрид, дека Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта од денес започна со прием на граѓани. Сите граѓани кои имаат потреба од средба со претставниците на секторот, можат да ја остварат во период од 14 до 16 часот во простории на секторот кои сега се лоцирани во општинската зграда. Од секторот се надеваат дека со оваа нова форма на комуницирање со граѓаните, побрзо и поефикасно ќе се лоцираат и решаваат проблемите од комуналната сфера.  

повеќе...