СВР Охрид со безбедносни мерки за Водици

Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник Богојавление-Водици, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план. Мерките на СВР Охрид ќе бидат насочени за зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот. Денес, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во Охрид врши известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на улиците…

повеќе...

Со Божиќна песна низ охридските улици младите охриѓанчиња го најавија Христовото раѓање

По четврти пат, денес, децата пеејќи ја песната Вечниот бог низ охридските улици го најавија Христовото раѓање. Во годинешната Бадникова литија, учествуваа повеќе од 300 деца кои со ѕвезди, фенерчиња и ѕвончиња, рано утринава тргнаа од црквата „Св. Ѓорги“, па преку улиците „Јане Сандански“ и „Кеј Македонија“ стигнаа до Градскиот плоштад каде беа пречекани од претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, по што децата коледарчиња беа дарувани со пакетчиња. „На наше големо задоволство, и оваа година по четврти пат сме дел од старо – новата традиција, Христовото раѓање…

повеќе...

Утре ќе се одржи Бадниковата литија низ улиците на Охрид

Во пресрет на Христовото раѓање – Божиќ, утре по 4–ти пат ќе се одржи Бадниковата литија во нашиот град. Поворката со над 300 деца во 10:30 часот ќе тргне од црквата Св.Ѓорѓи, преку улиците „Јане Сандански“ и „Кеј Македонија“ ќе заврши на плоштадот „Св.Климент Охридски“, каде ќе бидат дарувани децата коледарчиња. Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Богородица – Каменско. Во чест на Христовото раѓање Божиќ, на градскиот плоштад е поставена макета на пештерата која го наговестува денот на христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец од…

повеќе...

Се чистеа улиците „Кленоец“ и „Радојца Новичиќ“

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” во изминативе 10тина дена работеа на расчистување на улиците „Кленоец” и „Радојца Новичиќ”. „Ангажирани беа 3ца комунални работници, при што се отстрануваше трева, песок и земја на тротоарите и покрај коловозот. Целиот отпад беше уредно подигнат и депониран во вчерашниот ден од страна на службите на претпријатието.“– информираат оттаму.

повеќе...

Рено Рудолф низ охридските улици

Охрид се украсува, празничната атмосфера од ден на ден се чувствува се повеќе и повеќе. Покрај вообичаените новогодишни украси, по охридските улици можеме да забележиме и еден невообичаено украсен автомобил. Еден наш сограѓанин се решил да го украси својот автомобил, па со тоа од Рено 4 направил Рено Рудолф. WebOhrid

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на ул.„Славеј Планина“ и дел од „Партизанска“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија на ул.„Партизанска“, ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Славеј Планина“ и дел од ул.„Патизанска“ во период од 09.30ч.до 13.00ч.

повеќе...

Се реконструираат улиците во стариот дел на Охрид

Согласно програмата на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта, деновиве започна реконструкција на улицата „ Коста Абраш“. Поради изведувањето на градежните работи улицата времено е затворена за сообраќај. Претходно беа реконструирани улиците „ Кузман Капидан“, „ Ангел Маринчев“ и „ Кочо Рацин“ .Градежните работи ги изведува фирмата „Бокоп“ , која по завршувањето на реконструкцијата на „ Коста Абраш“ ќе продолжи со работа на другите планирани улици.

повеќе...

Културните луѓе не паркираат пред туѓи домови

Немањето соодветен паркинг простор претставува секојдневен проблем за многу наши сограѓани. Соочени со такви проблеми жителите кои живеат на потегот помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“ се одлучија за поставување на рампа со табла на која пишува: „Културните луѓе не паркираат пред туѓи домови.“ WebOhrid

повеќе...

Шахтите во Пештани – нагазни мини за автомобилите

Пештани „ја испрати“ и оваа летна туристичка сезона. Но, за жал, многумина ќе понесат и непријатни спомени од нивното патешествие низ Пештани, конкретно од неизнивелираните шахти. „Има едно критично место, еден теснец, каде што не се гледа дали доаѓа возило од спротивниот правец. Од едната страна возачите ги одбегнуваат шахтите, додека пак другите ги заобиколуваат паркираните возила. Во таква ситуација е критично и за самите возачи, но и за пешаците кои поминуваат тука.“ – вели загрижен жител од Пештани. Пештанци апелираат до надлежните служби што побрзо да излезат на терен, да извршат увид,…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на ул. „Партизански одреди“

Од МЈП„Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид, информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Партизански одреди“ (бараки) во период од 08:30 до 13:00 ч.

повеќе...